- Член од
- 26 август 2019
- Мислења
- 351
- Поени од реакции
- 763
Кајги!
Му благодарам на 21 век за удобностите на мојата кујна кои ми дадоа прилика со пола рака да припремам храна за моето семејство, да си направам кафенце и да уживам во денот. Не сакам што сум легната на перниче од облачиња, што дремам на тераса со поглед кон бетон место да уживам во мирисите на моите цвеќиња, нивната убавина и секојдневието исполнето со многу разговори и смеа со моите клиенти, не сакам да сум „болна“ ама ете, прв пат во мојот 3ипол децениски живот користам боледување.
Постов 2 дена го пишувам, изгледа сепак е оправдано боледувањето. Прибрав на крај таблет, од телефон тешко иде. Чајче пијам, грицкам бадеми и читам на киндле нешто, ама паметот ми е во пеперутчето. Сабајлево ја собра баба и насилно, божем ја имав киднапирано. Ми направи сцена пред луѓево што монтираа аларм, сва среќа дечкото од фирмава го познава супруг, иначе ќе го кркав. Одлучив да не премолчам па сега дремам сама во кујна додека во дневна се води жестока расправија на телефон. Ќе помине, ама ќе се невира некое време и ќе биде тажен без неа дома. А што ми беше убаво наутро да се шетаме на кеј со куцле, да јадеме гевреци и да пиеме чајче, да планираме ручек и да спремаме десерт за тато кога ќе си дојде од работа... Можеби да преќутев... Ама така само ќе се одложеше муабетот за некој друг пат. Утрово се договоривме да направиме мрзлива палачинка, јер со пола рака толку може. Ах бре детенце, зошто мора да растеш вака насилно без да си виновно за ништо?! Не знам зошто возрасните упорно лечат фрустрации преку децата за нивните неуспеси и немоќ. Се надевам дека копјата нема да се искршат врз неа и дека ќе успеат да се договорат пред да дојде роденденот, имавме толку многу планови... Мило дете!
Епа да смучкам јас мрзлива, можеби ќе успеам да измамам насмевка