- Член од
- 28 јуни 2013
- Мислења
- 316
- Поени од реакции
- 1.940
Драга,
Трет пат неделава доаѓам овде со намера да напишам нешто, било што од сите мисли што ми се вртат низ глава.
Нешто, со кое ќе го одбележам ова што ми се случува сега.
Трет пат, ништо не ми доаѓа.
Би сакала да кажам дека веројатно има нешто во тоа ако имаш сон и си работиш на сонот, ниту еден не е недостижен.
Проблемот е да го најдиш сонот.
Би сакала да кажам дека годинава, а со тоа и деценијава едвај чекам да ги испратам. Можеби ќе се исти срања во другата ама барем не ќе е овој кецот напред.
Од 2010 наваму е апсолутен емоционален, физички и ментален хаос од кој навидум, почнав да излегувам од пред некоја година.
Би сакала да кажам дека многу читам периодов. Последица на бидувањето невработена веќе месец и пол. Надокнадувам за тоа што не читав скоро пола година, и повеќе.
Би сакала да кажам дека сфатив дека некои другарства кои ги завршив низ годините можеа да завршат на поинаков, потопол начин, но секако мораше да завршат. Имам една најбитна жена во мојот живот и уште една втора на списокот и десетина другари кои ми вредат злато и тие ми се сосема доволни. Ставањето во калап поради други луѓе е нешто што одамна не го правам.
Би сакала да кажам дека научив многу работи за љубовта годинава и сфатив дека сум сменет човек. Секако, понекогаш ќе има епизоди од мене од некоја верзија на себеси со која не сум горда, ама знам дека можам и неа да ја искоренам.
Љубовта, уште е единствена работа што може да ме здоболи на места за кои мислам дека веќе се целосно оздравени. Но, човекот со кој ги делам своите мисли, креветот, местото помеѓу прстите на рацете, е многу поголем отколку што сум го замислувала, поголем во бидувањето човек и партнер, нели.
Би сакала да кажам дека иако уште учам да го оставам минатото да почива таму, се гордеам со тоа колку напредувам во последните месеци.
Види го овоа, излезе дека сепак нешто ми дојде да кажам..
До следно Кајги.