Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
28 септември 2012
Мислења
7.200
Поени од реакции
15.109
Се вика Миланка, има 48 години и 103 кг, од Пожаревац Србија. Ме додава на фб и за 10 секунди одкако ја прифатив ми пиша "хеј младичу".

Најверојатно во минатиот живот сум бил некое швалериште и сум ја изневерувал сопругата. Не гледам друга причина зошто кармата вака би ми враќала сега.




:unsure:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
4.835
Поени од реакции
6.033
Кајг,
многу ми е смешен членов што се експонира тука позади непознат ник, против сегашнава Влада, а во реалити е главен на истата и то онака на високо место како главен двигател, мислам ејјј вистински егземплар за студентите за психолошко патолошко однесување! кого лаже, нас ли? изгледа си ја пере тука совеста! :toe:
 
Член од
25 јуни 2017
Мислења
21
Поени од реакции
22
Поголем рак од луѓево што собираат следбеници на инстаграм во стилот на "од срце за ..." и "колку повеќе следбеници ќе добие профилов, толку поскапо ќе се продаде" нема и нема ни да има.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
14.165
Поени од реакции
10.873
Драга К,

Нуклеарна катастрофа, природна било каква, емиграција нешто било шо спаси ме!! Со кој делам воздух

Screenshot_20191020_171513_com.facebook.katana.jpg Screenshot_20191020_171507_com.facebook.katana.jpg


..
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.783
Поени од реакции
9.142
Одамна немам пишано тука, нема да заглавам со реферати овојпат, ветувам.

Пред некој ден во едно ресторантче ми се одеше во вц, гледам таму женското вц слободно, а машкото зафатено. Јас се стискам ко кифла више од што ми се оди во вц, чекам едно 5-10 минути, десет пати ми дојде помисла да си одам во женското вц, ама си викам ај поштен да сум, да не испадне после некој манијак сум или некоја типка да ми соли памет дека е женско вц и така си чекам. Конечно се пушта вода и од машкото вц излага некоја рендом типка...Поентата на приказната, во Македонија најмака ќе види тој што оди според правилата, па дури и за најбанални работи ко ебано вц.

Друга работа, не знам што мода ќе беше со ова генерацииве после мене, на фб што си ги тагнувале на своја слика сите пријатели. И ние бевме гревови таму пред 10 години подароци на фарма што баравме, ама ова е поретардирано бе... Отварам нечиј профил, секоја слика е различен човек со 10 души тагнати, сите слики пролистуваш, не сфаќаш како изгледа типот/типката со името оставено на профилот. Сфаќам повеќе лајкови треба да се добијат, па да се тагнат сите, ама па полнолетни се веќе, студенти стануваат, ќе треба некој да ги најде да ги исконтактира за нешто, ќе не може да им го најде профилот, освен што ќе се изнагледа типки со фаца покриена со смајлиња/телефон, и типци со шушкавци и дескрипшн ко од Ране филмот да искочиле, нема ни да сфати чиј е профилот од луѓето на сликите.

Им се заблагодарувам на рап артисти како Лд и Страјк, што семплуваат македонски антологиски песни и на тој начин враќаат во живот некои песни што се одамна неблагодарно згаснати. Пример: Верица Ристевска - Низ мојот живот или Бис Без - Било и поминало. На македонски телевизии или радиа, одамна не се пуштаат вакви песни, па да не беа момциве јас никогаш немаше да ги дознаам песниве, благодарен сум им до небо. Да немавме па да сфатев, ама толку убави и квалитетни песни сме имале во минатото, греота е да се игнорираат и да се пушта упорно српско/америчко, а нашево никој да не го знае.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
3.900
Поени од реакции
5.638
Баш сакав пред некој ден да напишам нешто повеќе за последниот дел од текстот на Филип.

Можно ли е да не се знаат некои работи од нашата култура,уметност,филм,историја и останатите работи кои се секојдневие во животот од типот на природните богатсва на Македониија или барем нешто за одреден град на Македонија

Не велам дека баш треба се да се знае или па мора но барем малку да имаш престава каде живееш и што има околу тебе.

Не знам за вас ама еве мене ме чуди како може луѓе да не знаат кој е Милчо Манчевски,како не знаат кој е Влатко Стефановски или пак Никола Мартиновски.

Ајде ок можеби не секого го интересираат овие работи но како може да не знаеш на пример од прилика колку жители има Велес и нешто за него како град ако веќе не те интересираат селата или малите градчиња.Како може да не знаеш какво население живее во Тетово,Гостивар,Чаир и дека и таму има Македонци кои живеаат.

Тотално се живее само со главата напред и со замижани очи па затоа најглупите песни кои се во трендинг имаат по милиони прегледи само затоа што се на трендинг.

Уште повеќе штета е што ова го има во голем број кај постарите генерации а за кај младите пак нема што ни да коментираме.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
90
Поени од реакции
159
Прегледај го приврзокот 219896
Автоматски споено мислење:

Лол,нема по креативен народ од нас
Ах да сум на место на Јана, леле коа ќе им стегнам на сите по една тужба... Јана е најпаметното човечко суштество од дете што го познавам! Јана не би паднала на ова ниво па до таму да дојде! Од политика ни п не ме интересира, али дека ова лани што ги растргнаа луѓево, ме извади од такт.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.107
Поени од реакции
3.515
ДК

Почнав да водам дневник на продуктивноста и после еден месец оваа недела имам четири празни дена и не ми текнува кај ми отиде времето :pos: :pos: :pos:
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
1.809
Поени од реакции
1.332
Кајги,да ти кажам за некој граѓанин...
Ги плука Бугарите за приграбување на Гоце Делчев,а има Бугарски пасош.
Ги плука Грците затоа што ни го сменија името,а оди на Грчките плажи и пазарува во Солун.
И после прашува зошто му пцуеш сè по список.
Ах,бре,Македонче...
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::pos::pos::pos:
 
На врв Bottom