Го добивме визата.
Искрено мило ми е што ќе може да прошетам, што ќе видам нов свет, што ќе заработам паричка која сигурно добро ќе ми се најде.
Ќе работам како спасувач и 4 месеци денот ќе ми поминува во аквапарк, опкружен со тобогани и базени, на плажа, со поглед на океан.
Мора да признаам дека мака ми е само што нема да гледам како расте Боно, кучето на Тереза, кое ептен многу го засакав.
(таа ќе дојде со мене
) И нормално за спортските настани што ќе ги испуштам. Претходното лето така дремев дома, без ништо интересно да се гледа на телевизија, а ова ми текна да аплицирам и најверојатно нема да бидам сведок на следново:
- шансата на Јунајтед да дојде до титула после 3 години ако се пласира во финалето од ФА купот
- Европското во фудбал
- Олимпијадата
- Копа Америка
- прво финале на ЛШ од 2001ва наваму
- Ролан Гарос (комплетирњето на сите 4 Грен Слема на Ноле ) и Вимблдон
Ако има некоја шанса да најдам карт за US Open одам обавезно, бидејќи нема да сум многу далеку од Њу Јорк. Најгоре ако сака нека е, само да си го направам ќејфот.
Исто мора да ти признаам дека ќе ми фалиш и ти, ама ваљда ќе иам време по пола саат во денот да проверам што се дешава тука.
Да, да знам дека ќе ти фалам и јас, ќе нема кој да отвара теми за ЕП 2016, ама шо го ебам, Пеџа нека си ја врши работата малце.