Ми доаѓаа милион мисли да земам да ги изнапишувам и на фејсбук и сегде и едно време си викам и што? Да имаше некаков ефект немаше ваква да ни биде ситуацијата... Не ни знам од кај да почнам.. 24 години пробуваме да си играме држава и секоја година се полошо и полошо... бар јас така мислам. Сите морални вредности се испогазени. За 200 евра се дават во гомна и робуваат на некој што им „помогнал„ да „живеат„. Станавме кичерајски град држава каде што мегаломански се восхитуваме на фасади, а внатре шупливи и мизерни, исто како и луѓето денес.
Два шугави милиони сме бе пичка му материна... кој ни дал нас држава бе... Ваква земја со ваква локација и можности, место да бидеме како Монте Карло, ние само пропаѓаме, а зошто? Затоа што никој не гледа за утре. Сите гледаат денес да земат да добијат што повеќе и да бидат задоволни моментално.. Какво проклетие сме, каков менталитет мизерен, од ден во ден се повеќе ми се гади тука.
Страв ми е само да не почнам да си ја мразам земјата каде што пораснав, каде што ми се сите роднини, другари, пријатели. Страв ми е дека станувам странец во сопствената земја..
Ова си беше само дел онака што ми лежи на душа. Има една светла ситуација што ми дава верба дека ете не е се така црно, а тоа се младите, тоа се студентите на кои никој не може да им наметне нешто ако они не сакаат да го примат. Доволно се паметни, доволно се школувани и имаат доволно разум да знаат што е добро, што е морално, а што не.