Драга Кајгана (виртуелен дневник)

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Драга, денес бев на предновогодишна забава од фирмата. Се беше супер, но целта на постов ми е да ја доловам една случка. Неколку колеги излеговме на "цигара" (инаку јас сум строго против пушење, ама често знам да излезам и да му направам друштво на пушачите) правевме муабет за новите канцеларии, ова-она и еден другар ме прашува "кога ќе си одиш". А по природа (кој ме знае лично ќе е свесен за ова), често "касно палам" на некои прашања и не му одговорив. На што еден другар му одговара: "Не го сфаќај погрешно, на жетони работи!! " :D. И замисли, додека го зборува ова ме поттупнува по грбот како во ситуациите кога жетонот ќе ни заглавеше во флиперот го удиравме за да влези внатре. :lolzz:
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.975
Поени од реакции
8.225
Растот на свадби експоненцијално се зголемува со секој изминат ден. Само се прашувам, ако сакал да ја жени, шо е чекање до последниот ден као демек другата година нема да можам да те побарам ради пустата традиција. Подобро да почекаш уште една година отколку да носиш избрзани одлуки


Wao кој сунгер боб пост сум напишал
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Остај ме на раат мори кучко една, полагам на 30ти. Не биди толку интересна баш сеа. Можеш за промена некад сила и свежина да ми дадеш и да ми го олесниш патот до академски граѓанин.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.570
Поени од реакции
2.789
Драга Кајгана......Вообичаено немам навика да пишувам овде али да си кажам дека вчера веќе чим помина полноќ станав за првпат ТАТКО на синче (нека е живо и здраво) со се мајка му.Имам премногу измешани емоции во мене и не знам како се осеќам али дефинитивно се осеќам благословен.И да ми покажа сопругата на вибер.....Не личи многу на мене :( .....Има црти на мајка му и на сестра ми измешано.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
К,

Луѓето што ме познаваат знаат дека сум доста толерантна особа. Оние што многу добро ме познаваат знаат и дека најмногу од се ценам искреност и дека не поднесувам лажење, дури ни оние ситни бели лаги. Затоа, кога знам дека некој ме гледа во очи и ме лаже мојата толерантност оди во втор план и се претворам во змеј што блуе оган. Или едноставно и вртам грб на дотичната особа и престанувам да ја сметам за блиска. Моментално не сум сигурна кое од двете ми се случува.
Ама ако.
Карма ис а бич. Се ќе им се врати.

Бар конечно се наспав убаво. Сега сум како нова.

Хагс енд кисес.
С.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Драга кајги,

Денес ми беше последниот колоквиум годинава и зш бев многу среќна се наградив со последните 6 епизоди тру детектив (ептен претходниов период се воздржвев да не ги изгледам) и многу гумени бомбони. Еб*те прејаката серија! Уште не можам да излезам од приказната, шо значит дека уште неам зборој за да опишам шо ми се дешаваше во глава.
Многу сум среќна и тажна шо ја изгледав.

Добра ноќ сега :*
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
ДК

Некои работи никогаш нема да ми се разјаснат. Една дешавка од пред некој месец поготово...

Имав работа во УЈП кај кјуби, паркирав кај Даре Џамбаз (спроти ујп нели), и на тротоарот застанав да пишам смс за паркинг. Пишав, и таман да преминам на пешачкиот, ми се доближи еден старец... искинати и прљави панталони, забраден, со несредена коса (би рекол и бездомник можеби) и ме замоли ако може да телефонира од мојот моб. Сврте и почна да прави муабет со соговорникот за некои згради, па за становите во зградата на таа локација, па во тој стан тој човек, толку пари му дал кеш, толку на сметка, па не вака-така се работи... јас го гледам и си викам ти ако градиш згради шефе, јас сум бил гејтс. :D Едно 5 минути правеше муабет, а ја си се чудам, само прашалници низ глава. :D
И заврши муабет, фала момче да си жив и здрав, фала многу... замина тој, јас тргнав да преминам на пешачкиот, да се префрлам на другата страна на улицата. Е сеа, тука е дешавката, заплетот... поминувам... поминувам и налетувам на личност што порано со полиција ја барав и не можев да ја најдам ! Личност што ја немав видено година дена, занемев...Не можам да разберам значи, не ми е јасно која е веројатноста да се деси такво нешто, таков сплет на околности, се да се собере на куп и да се склопат така работите... 0.00000000000000000000001% па и помалку. Немогуче.

Мислам, размислувам, точен одговор најдувам и пак се прашувам... како беше тоа можно ?

Судбина, карма ??? втф...

позз дк
 

Kajgana Shop

На врв Bottom