Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
На слава:

-Тето, подај ми бело вино (ми подава црвено во кутија од 3 литри). Тето ова е црвено....
-Не бе бело е.
-Тето, црвено е ај види убаво.
-Не бе, бело вино е, за бело го пијат сите.
-Тето, заозбили се и дај од белото, ова е црвено.
-Абе како, бело вино е ова, види бели облаци има на кутијава.

На масата имаше 2 различни кутии црвено, а пустото бело под маса било, па тетка ми си заклучила дека чим од едната кутија видела како се налева црвено вино, другата кутија мора да е полна со бело....:cuc:
:pijanco:
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Драга,

коа ќе се женам, а ќе се женам, ја најдов веќе, Џамбо Агушев ќе ми свири на свадба, пошто е ебен бог на свемирот.

Ти оставам линк подоле, подружете се.

 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.859
Поени од реакции
10.702
Хербалајф не биле лажговци уствари. Вчера во теретаната гледам човек висок 170 и нешто со отприлика 90 ина кила, носи маица Хербалајф со натпис "80% исхрана + 20% тренинг". Поочигледно не можеше да биде.
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Денoв ми е oгрoмнo "сееднo". А гo мрaзaм Сееднo. Нaјлoшo е.
Првo ќе пoчне сo лутинa, пa рaзoчaрувaње и нa крaј дoaѓa тoa никaквoтo. Секaкo рaзвлеченo вo пoдoлг временски интервaл.
Сaкaм сaмo дa лежaм и слушaм некoјa итaлијaнскa музикa.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Потешко е да разбереш што сакаат жените отколку да претпоставиш дека Лестер ќе биде на чело на премиер лигата во Крисмс периодот.

Обично не зборам за вакви теми и не сакам, пример не сфаќам луѓе шо експертираат на тема љубов, а тоа шо го експертираат не го праткикуваат.

Но blame the slava and vino. Eдна другарка се имаше фатено со wananbe локален багабонт, нормално после го батали оти виде шо е работата. Почна да се гледа со друг, сеа тој бил многу срамежлив па, а пекаше дека сака некој таков помирен. Ај најди им го крајот. Затоа се откажав веќе од муабети со нив за вакви теми, ко на ѕид да збориш. :yid:

Коа ќе видиш, жениве си играат кладилница со нас уствари. Онака на условен тикет, со една фиксна у стуб и 3/5 условни. Пример:

фикс: Паметен (еве да речеме)
па после имаш 3/5 условни:
Убав
Мачо
Богат
Смешен
random

па сеа ти види дали ги исполнуваш и дополнителните.

Ок, не викам дека и обратно не е така (ние кон нив), исто е. :X3:

Али не е исто глеањето во поглед на која со колку идела и кој со колку идел.

Ако некоја се ребра со многумина и е мераклика, тоа тебе ти е минус и глеаш да не завршиш со таква. Секогаш повеќе почит има за девојки кои не се даваат толку лесно отколку обратно. Не дека ќе одбиеш радодајка некад, али нема да ја глеаш со почит.
Кај жените е обратно ебате. Ако некој поминал повеќе девојки, овој е одма алфа мажјак, тоа дополнително ги пали и гледаат и они да бидат една од стадото кои овој рандом момак го поминал. И тоа најчесто истите кои пекаат по тоа како сакаат добри дечки и џентлмени (не ме јеби) ќе завршат со ваков во кола... или некаде.
Зашто на жените им стануваш попривлечен тогаш кога си покрај друга/и жена/и, никад не сфатив.

Друго, не знам од каде е тоа модерно верување на жениве дека ако не се понашаш ко арогантно копиле си неспособен. Значи у реду е, не сум импотентен ако не сакам да ти го начукам одма. Сфаќаат дека баш тоа што се прикочуваш малку го правиш од симпатии, а не од некаква неспосбност?

Најчесто (не секогаш) е вака:
Ако ми се допаѓа во секој поглед (физички, карактерно, марактерно...) нема да отидам all in од првпат. Баш ради внимателност да не ја повредиш. Едноставно не сакаш да биде тоа нешто штогодер туку нешто поубаво, а не дека не си способен да и овозможиш уживање.
Ако ме привлекуваш само сексуално или ако ти сакаш само да си го нарпавиме меракот, топ, ќе го направиме нема да можеш да одиш стабилно утредента како последица и тоа е тоа.

Секако кон патот до женското срце водат два патишта. Од горе и од долу (океееј и кај мажите е исто). Само бираш дали ќе одиш по двата напоредно или по тој побрзиот долу.

Е сеа лошата реалност е што ако го примениш првото, некој во меѓувреме ќе го примени второто и ќе го собере медот дур ти кочиш. Како иде, се повеќе треба да го применуваш второто. Жениве се повеќе и повеќе сакаат да бидат понижувани јеботе. :jajce:

Трето, тие шо сакаат доста постари од нив оти биле позрели. :pos: Kaква врска имаат годините (ок не сметам тука на 19 години, него 23+) со созреаноста? Па некои на 30 се понашаат ко тинејџери. :вонзем:

*Пред да ме нападне некоја, не генерализирам значи, ако не се препознавате - супер!

А не дека нема и мажи слепци кои не гледаат шо им се дешава пред нос, ги има доста. Тие се за ќотек дури. Не можам да сфатам мажи кои претеруваат во пасивноста и стопроцентно веруваат на жени дека имаат нешто „платонско“ меѓу нив. Да брат, пошто сигурно плишаните мечиња ќе ја задоволат! Обично кога ти расте брада треба да ти пораснат и тестисите, али кај некои изглеа ни двете ги нема.

На крај џабе се филозифира толку за оваа тематика, кога на крај идеалната врска можеш да ја опишеш со една реченица. И тоа не реченица цитат од некој познат писател, со литературна вредност, туку проста реченица. Ко оваа пример:

Untitled.jpg

#Длабоко. Ама нели е точно? :anco:

Толку за љубовта и врските шо би рекол цигото од спотот, да се навратам на славите. Дај нека помине викендов веќе. Претходно си е топ коа си имаш по едно место за идење на секоја слава, али оваа последнава не се издржва. На 150 места треба да идеш, слава, роденден, именден... Немога појќе, сарма, грав и риба нема да јадам еден месец после ова. :pov:

И едно наравоучение за крај: Домашна ракија и домашно вино не се пие кај секого. Пошто не сите ги прават добри. Не се фалам али моите се стварно добри. Особено во споредба со некои кои ептен ги утнале во изработката, па сеа ми гори душава од киселина...
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се осеќам како све досега што сум правел во животот, како да треба да го направам од ново. Треба секое, буквално секое знаење кое го имам да си го преиспитам. За се.

Белгиец бил еј...
Почни со вкусот за музика...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
втор пат во животов фаќам стомачен вирус. Втор пат. Мењам температура и омалаксаност за срањево во секое време.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Седев до 8 саат само за да изгубам финале ЛШ од 3тиот во француска лига на Фудбал Менаџер.... *смајли што си пука во глава*

....а и ми беше за back to back титули утакмицата башка....:mad:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.514
Драга,

и портарењето било поедноставно и поефтино на времето, еден камен до куќа, ќе си излезиш на сред село...сега мора да купиш лаптоп, па да ставиш интернет, па да купиш паметен телефон, па да ставиш и на него интернет, барем да се заработува од тоа упм.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ау како се пиело нокеска, направо шампионски! Сега да можам да си ја одвртам главата и да ја ставам на маса... само да не ми теже...
А и многу е јако кога некој многу сака да знае зашто не го бројам за човек, е зашо си путка гомно лајнар предавник куче проклето. И многу е јако кога ќе му ги кажеш ваквите зборови у фаца, суратот му е како да се усрал, а главата е толку надоле со носот си ги допира стапалата.
Ин вино веритас, на крај краева.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Една третина од светската храна скапува и се фрла, и луѓе умираат од глад не затоа што нема храна, туку затоа што немаат пари да ја купат. Во САД на секој бездомник има по пет празни куќи вселиви во добра состојба, а никој не живее во нив. Осумддесетина луѓе поседуваат пари и богатство колку пола свет, осумдесет еднакво на три и пол милијарди луѓе. И како им е на тие луѓе што тврдат дека парите се заработуваат и има работа за сите во Македонија, и веруваат во тоа што го тврдат. Сиромаштијата, бездомништвото и неухранетоста се вештачки создадени состојби, и некој работи на тоа да се оддружува вакво статус кво, работи и тоа посветено напорно, затоа што не е природна состојба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom