Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Пази ваму,

Пред година дена грујо вика „високото образование ни е корумпирано и лошо, јавна тајна е дека се плаќаат дипломи“ и знаеш шо испадна дека е решението на овој проблем ?
Па нормално бе, нов универзитет „Мајка Тереза“ :):):)

Нов Универзитет ќе се отвора во Скопје | Kurir.mk
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Пошто они се Мајки Терези и на тој факултет нема да има купување дипломи. Жими асан да ти баам се вика тоа, хоштаплери.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.210
Драга,
Не знам колку пати го изгледав видеово од сабајле. Цел интернет го пребарав, секој можна слика ја видов, секое интервју го изгледав иако не знам руски..
Ма какви препички стегнати, девојкава е сето она што некому е потребно. Ај што е преубава, па и како само пее...:angel:
За овакви девојки, војни се воделе. Само што заљубен човек не може да победи.
Јас веќе изгубив. :love:

 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.210
^

Полека дечки, полека. Јас ја најдов, моја си е. :D
Шала на страна, ако сте спремни да кренете во поход кон Русија и да ја освоите, девојката се вика Јулија Матјукина. Од градот Разањ е, има 20 години и студира на
Federal Penitentiary Service и во врска е (кујзне од каде го нашла тој таков шмљокан 11:30 :facepalm:)

Фала, фала! Едно скопско доволно е. :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Драга,
Им завидувам на вкусот на овие што се заљубија во Русинкава. Ги чекаат многу поубави девојки во иднина.
Наталија Поклонскаја е 15 години постара и 3 пати поубава.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
После неколку месечен период на обврски и посветување на исполнување на еден од соништата конечно заврши се како што треба. Се дише полесно, се спие побезгрижно. Уште еден круг се затвори и се победив. Единствено ми е криво што обврските ми се поклопија и ги испуштив Едиторс, а беа толку блиску и на дофат. Одам на друг сон и поместување на уште некоја граница. :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Драга,

Китев две елки годинава. Сама. Само јас изгледа имам време и некој божиќен дух во мене ваљда.
Овие дома признаа дека ме чекале мене и дека само ќе се сопкале од елката па затоа и не ни сакале да ја китат, а малиот такво го боли за било какво китење, иако се запна лани бела елка, па бела елка и ете, единствената одлука што ја направи е што иам вештачка бела елка, која не е така лоша, али не ни ја сакам нешто посебно.
Вчера направивме голема чоколадна торта, која рака на срце ми е во топ 3 најдобри благи работи што сум ги пробала, па се надевам на качување бар кило додека да ја изедеме. Среќата е во малите нешта. :D
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Свети Никола помина сега има јадење колку сакаш уживање до бесвест напуни си стомао и седи си на форум кроти си. ;)
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.390
Поени од реакции
3.418
Драга Кајги тукушто завршија моите најнапорни 3 дена во изминатиов период.Толку многу работи научив што мислам нема да ги стекнам во следниве неколку години.Нервози,разочарувања,победи,смеа,губитници,победници се на едно место искусуваш и кога и да помислиш дека неможе да биде полошо сфаќаш дека сепак има во секое лошо надеж и барем една добра работа од која може да се научи нешто.Покрај тоа што постојано учиш нешто гледаш до каде можеш да одиш,имаш можност да се себеусовршуваш и себепотврдуваш....Мило ми е многу што успеав да постигнам дел од моите цели всушност да се изборам со тремата до оној степен да можам да дадам максимум од себе и да добијам највисоки говорнички поени тоа се надоврзува на јавното говорење за кое отсекогаш имав желба да го направам исто тоа и дека сум еден вид на кавгаџика што ми овозможи да бидам дел од јавна организирана расправија и да победам јеееј.Океј можеше да биде подобро да но неможам да го негирам и тоа дека сум дел од 50 говорници од 150 абе кејф ми е баш онака.Оддамна го изгубив чуството за успех ама сега си го повратив назад а ова е и почетокот има уште една голема работа која ќе треба да се заврши накај мај..ама да сме здрави и живи до тогаш.
И ќе си речам на себе Never give up girl 'cause you are worth. :kruna:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom