Драга Кајгана (виртуелен дневник)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.371
Поени од реакции
85.287
Додека трае хајпов за светското првенство, сакам да го искористам овој пост да рејзнам авернес за 'Светското првенство на непостоечки држави" кое се одржува од 2006 година.

Не, ова не е нешто што го имам измислено и не е нешто што треба да има комичен ефект.

Ова е буквално првенство што се одржува од 2006, а на него настапуваат држави што баш и не се држави.

Чисто за пример, последниот шампион е Карпатија, пред тоа шампион беше Абхазија.

До сега дури 8 "земји" ја имаа честа да се закитат со честа да бидат домаќини на "Светско првенство на непостоечки држави и региони", а тоа се:

Окитанија
Сапми
Паданија (ја освоија титулата на свој терен и ја одбранија титулата од претходното светско)
Гозо (Паданија повторно шампон, три пати по ред, се уште е еднинствена екипа со повеќе од 1 трофеј)
Курдистан (ја освоија титулата на свој терен, во финалето беа подобри од Северен Кипар)
Сапми (прв пат една 'непостоечка земја'/регион да е домаќин по втор пат на ова првенство)
Абхазија
Барава

Сите овие земји на сосема квалитетен и професионален начин го одржуваа ова натпреварување, а некои може да кажат дека на овие првенства жените и хомосексуалците можеа да уживаат повеќе од светското првенство во Катар.

Сепак, како и многу други мали проекти така и овој за жал се соочи со проблем, па веќе неколку години не се одржува ова светско фудбалско натпреварување.

По Окитанија, Сапми, Паданија, Гозо, Курдистан, Абхазија и Барава, проблемот со одржување и организирање ова натпреварување настана кога домаќин на истото стана Северна Македонија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.413
Поени од реакции
37.226
Кајг,
отиде светов у к_урац, се изгубија сите човечки вредности, не’ водат дебилни, сенилни, неписмени, невоспитани егезмплари, нема да има веќе мама и тато туку бр1 и бр2, ќе славиме празници на ѓаволи и демони, вештерки и зомби, ќе се сексаме сами со себе или со истиот пол, а со пари ќе се купува све, па дури и човечки живот, кој од ден во ден станува безвреден поради светскиот дебилизам, дали може некој да направи ресет само на човечкиот коров и паразити за да може нормалниот човек да егзитира и живее или мора да бидеме сите жртвувани?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.413
Поени од реакции
37.226
Кајг,
двојно државјанство е опасна работа делува на психата, посебно кога не е обична работа, туку напротив со фанфари фалби во пишување, иако во тој момент мозокот смрзнува збунет не знае ал е Бугарин, ал е Македонец или на 15 минути се менува по потреба!
...искрено Кајг сеуште имам траума кога го читав тука на форумов во подтемата за бугарско државјанство дека бил пресреќен во Софија, оти го зел пасошот и станал „бугарин“ и им посакува на сите да успеат да го сторат тоа, никогаш не можам да го заборавам денот кога го читав и сега кога толку успешен преобразен во ЕУ, БугаРИН, врти тесто и прави салати посакува да бидат затворени во подрум „двете“ што пишуваат тука на форумот, оти тој млад и перспективен го посакува тоа како најуспешна цел во животот, ај сега што се криви двете за тешката судбина со негова трансформација?! :toe:
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.151
Поени од реакции
1.027
Драга Кајгана
Поголем патриот од мене немаше ,и уште нема. Ами за какво и за што?
Ма дај ти се молам. Татковината е направена само политички. Секаде во светот каде ти е убаво ќе почувствувате татковина, ако не и дом.
Ма даааај ,што ни дала татковината нам?
Не избрка сите ,не задолжува и не прави улави.
Камо да работев тугина па да си постигнев се што сакав. Туку ајде никогаш не е доцна и не се предавам.
Just saying.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.122
Поени од реакции
13.205
Ух не го замислував вака денот кога Врчак ќе извади нова песна, не бев спремен на вакво нешто, 12 години поминаа од последната негова песна (Снегулка ако добро памтам со Дарко И). 1:55:45 на видеото е песната, колку ни е мртва сценава и отруена со 2Бона, Луни, Тасковци, Пајаци, на вакво рендом нешто се израдував ко мало дете.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom