ДК,
Уште една година речиси да измина, ние сме здрави, малку остарени, но најважно сите на број. Дел се решија среќата да си ја побараат надвор од границите на оваа мала земја, но стигнаа убави вести, повторно сите заедно ќе бидеме за празниците. Старите се заедно 55 години, врска и брак, сеуште функционираат како едно, имаат огромно срце кое помага на сите страни, сега целосно опремија куќа на едно многудетно семејство, децата живи среќни. И оваа година иницираа семеен ручек, во нивно покровителство, спомени кои ќе си ги мотам во текот на целата наредна година се до наредното семејно собирање.
Првите 7-8 месеци ми беа кошмар, натрупани со обврски, пренапорни, преуморни. Не знам како функционирав со 4-5 часа сон. Последниве месеци сум нешто порастеретен, имам нешто повеќе слободно време, плус си ги постигнав целите кои ги зацртав минатата година. Сакав повеќе да се дружам со мојата прва љубов, со книгата, но и да изгледам нешто повеќе филмови во однос на претходните години. Наредната година покрај тоа, планирам од рана пролет да почнам да трчам. Тоа што се однесува на краткорочните цели и планови, за долгорочните во некоја наредна прилика.
Се надевам дека и наредната година ќе продолжиме, виртуелно, во најмалку ист, но зошто да не и во проширен состав, да се дружиме на форумов. Виртуелниот дневник, чија намена често се злоупотребува, да биде осипан само со убави спомени, настани и дешавки. И не заборавајте, тука сме за забава.