Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Еден у маркет доаѓа со 700 денари х 2 денари . Ме замоли да купел цигари. Вади од ќеса дека немал пари крупно. Ја го гледам ,касиерката ме гледа . Ми вика извини дечко .


Ајде од Бога ти е опростено,ама од мене не . Кој деген беше со железни пари шо собира и дошол да купува цигари :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO:

Оди у трафика и окрупни ги или до Кам кај менаџерката ...


Толку ми е да си пукам ситуација .
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.648
Dear K,

Моето убедување дека сум добар човек е разнишано секој пат кога некој лик пред мене оди и се влече како полжав а не ми дава да поминам. Имам анимозитет кон спори луѓе кои изгледа никогаш не се во брзање и се влечат од точка А до точка Б цел ден. Правите ли вие нешто во животот или од кафе на кафе?

Касиерката во локалната продавница 5 години по ред секој божји ден ме прашува: Are you a member? И секој пат во главата ми доаѓа истата мисла: не, now piss off! - со гласот на John Cleese од Монти Пајтон. Знам дека ве тренираат да прашувате ама 5 години ме прашуваш сестро, take a hint already!

Пред некој ден ми се пријаде сладолед од McDonalds, што е единствено што го сакам во тој ланец на ресторани за скапано месо. И одам така на каса да нарачам и ми вика дека нарачката сега е само електронски. И седам така во ред позади десеттина луѓе кои еден по еден скролаат сендвичи на некој огромен екран. Исто гомно се сите сендвичи, нарачај еден и одјеби! Сладоледот се разбира е на крајот на менито, додека го завртам ми отишла желбата за живеење, а не за сладолед. Бидејќи е тешко веќе да ѕирнеш во хартиено мени, да одбереш и да извадиш кеш од џебот. The future is here, ама не онаа што ни ја ветија кога бевме деца, со роботи и летечки возила, туку оваа во која морам да скролам 20 страни и да кликнам 10 копчиња за мочан сладолед на точење. Матер им.

Не сум јас толку намќор. Ова е верзијата од мене кога сум сам. Се навикнав на либето и секогаш кога не сме заедно малку вријам во себе. Им викам thank you со блага насмевка а во главава ги гаѓам со пикадо стрелки додека се вртат на wheel of fortune.

Англицизмиве не ги пишувам за да звучам паметно (@Filip Telford знам дека во моментов те тера на јадење бурек, смири се и отстапи) туку затоа што англо-македонски ми стана начин на размислување, посебно кога се нервирам.

И така, утре е ден кога ние атеистите од православна вероисповед го викаме католички божиќ. Ден кога си разменуваме подароци и кога сме заедно. Денес сум напнат, но утре, утре ќе биде се во ред.


Среќни празници!
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.843
Поени од реакции
9.863
Драга, во сабота сум на една, а во недела на друга предновогодишна од работа, па каже:



Пиес, еден период можев да си го видам од стомакот, сега пак не можам, а тоа значи диета! Ама после нг драга.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.443
Поени од реакции
5.935
Кога прв пат ги здогледав убаво тие плави очи, ми останаа врежани во сите делови од умот, свеста, потсвеста и несвесниот дел...сите мои напори да ги заборавам, да не мислам, да не ги поврзувам со твоите, завршуваат неуспешно.

А денеска повторно ги сретнав и гледајќи во нив, сфатив дека ќе ме гонат засекогаш.

Се она што сакам е, откако заврши нашиот разговор е да бидеш замислена како што останав јас...но се мислам дека моите желби се едни, а реалноста за жал или не е секогаш друга.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
390
Поени од реакции
918
МаЌедоња - земја каде што со бедна плата нит можеш да живееш под ќирија, а да купиш стан е мисловна именка.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.505
Поени од реакции
11.454
Последната недела ми беше една од најтешките недели во 2022 година. Се соочувам со огромен предизвик и неколку пати бев на раб на лудило размислувајќи дали да се откажам. Ептен ми беше тешко, пред се заради огромната одговорност која треба да ја сносам не само за моите постапки, туку и за постапките на други луѓе.
Ама сепак решив да избројам до десет, да не избрзувам со донесување било какви одлуки и тоа највеќе заради периодот кој следува и времето кое во случајов е на моја страна. Доволно време, да одморам, да размислам до кај ми се границите, и дали вреди да ја прифатам можноста што ми се нуди. Огромно искуство, и простор за напредување, но огромен стрес, нервоза и хм надворешен фактор. Се надевам дека ќе ја донесам вистинската одлука, зошто once you get in, you cant go out.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.714
Поени од реакции
37.693
Кајг,
ти знаеш дека има активни членови кои фалат затоа што здравствено не се добри, а знаеш исто така дека една млада членка на форумов ненајдено почина, така да ниту не сме на број сите, ниту се сите здрави, ова онака дека животот иде понатаму, све се тоа судбини, ама да бидеме прецизни не тече мед и млеко.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
@Acid ни касни снегот годинава!

Него.

Најдраг @grande-juve,
да имаш најсреќен роденден денес и сите желби на светот и сите желби во сите Универзуми да ти се исполнат!

Да ти биде и оваа година среќна, весела, полна со љубов и прекрасни луѓе (i.e. нормално, јас), успеси би можела и да ти посакам, но секако сами ти доаѓаат.

Биди ми најсреќен засекогаш! :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom