Пред некое време требаше да се видам со другарка, а она веќе искочена на кафе со некој лик од Мавританија што бил тука и вика дојди придружи ни се и викам ајде.
Мавританецов фин лик, студент по медицина, подобар англиски акцент од мене држеше, француски одличен (пошто Мавританија мислам била француска колонија), муабетевме едно-друго и паднавме на тема Мавританија.
Појма немам што има у таа земја и ми кажува типот што имало, што како и рече ми се свиѓа што луѓето се поприфатливи во Македонија како во Мавританија. Му викам во која смисла и пошто студира во Египет ми вика во Египет не смееш слободно да отидеш во хотел со некоја жена ако си Египќанец. Мора да покажеш документ дека си оженет со неа, за да ве пуштат во иста соба. Другаркава вика да и ја имав слична ситуација кога патував во Кувајт или Јемен и бев сместена кај една жена и останував до покасно низ град, навечер се враќав со такси (некој вид на убер) и еден ден газдарицава ми рече ќе те молам да не доаѓаш веќе касно, комшиите ми рекоа секоја вечер те донесувале непознати сомнителни мажи.
Религија, викам, има големо влијание во тие земја. Ликов ми вика не е религијата и христијаните во Египет не смеат да го направат истото. Викам да, зашто ја зеле религијата како закон. И пак почна да ми коловрти како не е така, и во Мавританија сме иста религија ама не сме толку строги, бла-бла. Ок, сменивме тема, нејќев да се препирам околу религија и после откако си отидов ме адна на инста, го аднав и ја, зошто да немаш пријатели од цел свет иако не се согласуваме на тема религија.
И пази, секој втор ден споделува некои видеа за тоа што им се дешава на Палестинците во Израел. Еднаш, ама еднаш не сподели нешто за жениве што ги истепаа во Иран што не носеле хиџаб. Религијата во која жените уште се луѓе од втор ред, во која права имаат помалку од добиток и се третирани полошо од добиток, во која имаат разно разни забрани и за однесување и за облекување и што уште не и ќе ми кажува не е до религијата, И ми иде сега да му пишам: ‘кажи ми сега дека тоа што се дешава во Иран не е ради затупавеност од вашата религија’.