Бев да пробувам нов костум. Ликот кој продаваше таму ме измери цел од раце, до рамена, половина (дури и врат хаха) и донесе неколку сакоа. Правиме муабет, му велам Швајцарец да не си? (го ролаше на Р германскиот ко нив), не. Ме прашува јас од каде сум. Македонија, вратив. Соседство, ми вели. Хм, плав бетер од Халанд, висок, набацен, се ми мава на Босанците (Србите и Црногоците се поцрномурести од овие). Не погоре, христијанин ми рече. Хм, Пољак? Не. Естонија? Не. Поисточно. Русин? Да. Ама соседство му велам, преку два континента. Си направивме многу убав муабет, врвно интелигентен лик и крајно пријатен карактер. За Господ и Светот се помуабетивме.
Некој од страната на дедому (ако не се лажам), бил ашкенази Евреин, преживеале дека Руси? Сега е тука. Му се допаѓа, научил многу за овие народи. Е екстремно горд на павославната вероисповест. Го фасцинираат импозантните размер на Готиката, за која тврди дека воздигнува. Но Иконите и православното сликарство на Русија се сон. Православен се раѓаш, не стануваш му велам, без разлика колку ја критикуваш својата религија, со тебе е од раѓање (знам од себе).
Знаеш ли ми вели, зошто се толку гонети од Германија (Евреите)? Затоа што биле инфериорни како што ни продаваја приказни по учебниците? Не. Спротивното. Алберт Ајнштајн, Швајцарец или Евреин? Сигмунд Фројд, Австриец или Евреин? Марија Горска, Пољакиња или Еврејка? Добро ете сега повеќе ги немаме му вратив. Затоа имаме некој друг тука. Горко се насмеа.
Љубомората е најголемата слабост на европјаните. Не е нешто на што треба да се горди. Не им донесе ништо убаво, ама го поткопа она што вредеше во врска со нив.