Од денес официјално невработен.
Од една страна ми е лесно затоа што излегов од токсична култура на работа. Од друга страна ми е тешко зошто работам од 18 години и сум научен да не зависам од никој. Тоа што ми се допаѓа е што сум научил да препознам токсична култура и однесување и кога за претходна работа ми требаа 5 години за да дадам отказ и да се охрабрам, сега ми требаа 3 месеци.
Не знам дали сум храбар или глуп. Во март заебав работа што ја работев 5 години, работата не беше ништо посебно, ниту платена ама беше „сигурица“ и знаев дека на 15ти ќе ми стигне плата. Во 5 години имав неколку почакувања за со празници и саботи/недели/трети смени да стигнам до 30+. За некого смешна сума, за некого одлична, за мене доволна. Проблемот ми беше што не напредував, ниту индивидуално, нити професионално, си тапкав во место.
Следната работа ми беше за америчка компанија базирана кај што живеам, од 3 до 10, интересно беше, одлична атмосфера на работа ама за брзо време ја укопчав работата и не ми беше ни предизвик. Проблемот бидна кога требаше да ми покачат плата според перформанс и време, а они одолговлекуваа и ме тапшаа по рамо.
За 2-3 дена најдов веднаш друга работа, сега веќе со искуство во америчка фирма, одма те примаат. Најхаотична работа која што сум ја работел, некогаш. Американски диспеч. Газдата го болеше онаквото за работата, секој месец една фирма доаѓа, друга си иде, апсолутен хаос. Работиш со неколку фирми, ни ред ни крај да им фатиш, сите незадоволни од бројки, пари а никој не е свесен во каква криза е маркетот, целиот терет е на тебе, не си направил доволно, не си истерал добра недела/месец. Бројки и бројки. Све тоа филувано у класично американско лицемерие и љубазност. Платата иако беше повисока од двете претходни работни места, доцнеше секој месец, за минатиот месец ја земавме на 28ми. Решив да не си губам време во таква средина и окончав во петок, неможев повеќе да издржам, сакам организација, ред и сигурност, од сите три немаше ништо, колку и да сакав да се лажам.
Од денес решив да бидам храбар и упорен и да пробам да исправам грешка направена пред 10 години, кога запишвав Филолошки наместо ФИНКИ, иако знаев што ме влече и интересира. Дозволив страв од пуста математика и немање храброст да го направам полесниот избор и да запишам англиски јазик, пошто добро ми одеше. Сега на 28 години, си ги знам грешките, не знам дали е доцна или не, дали е паметно време да се оставам невработен или не ама решив да почнам да го учам тоа што сакам да го работам. QA. Пишав на една академија дали можам да почнам, кога имаат часови и да ги дадам последните пари и да идам all-in. Ако ме примат, добро, ако не, седнувам машки пред компјутер и ќе учам, купив неколку курса на udemy, најдов еден куп материјали, бев испринтав доста и секој ден греење столче, среќа имам неколку другари што се во тој сектор па кога ќе дојде време ќе ги прашам за насоки, за пракси ако знаат, додека не научам солидно, не сакам да ги тормозам.
И така драга, на цела среќа имам прекрасна фамилија и девојка, опкружен со луѓе што ме сакаат и во оваа „неизвеност“ да ме гураат напред и бодрат.
Дали сум храбар или глупав, времето ќе каже.