Малце ќе го потупам на постов иако не ми е тој стил на пишување, сакам повеќе смешни постови, шо знам, повеќе кловновски ми е начинот на пишување исто така како што и некои луѓе пробуваат да ме третираат.
Ете. Поминаа проклетите избори да се плукнам на нив. Месец дена пробувам да избегнувам глупи кампањи и шаренолики ку*тони. Многу од опкружувањево околу мене последните 2 дена пред 17-ти се однесуваше како од twilight zone. Прајш муабет за безвезе теми и на крај те прашуваат за кого ќе гласаш и чекаат мислење шо ќе кажиш за нив. Ти се пулат во очи и слушаат внимателно како КГБ да те испитува. Најверојатно дел од нив ќе го репортираат истото во нивните локални штабој. Нека. Победуваат и се радуваат како орангутани со колите по улици, блокиран цел сообраќај да не може и брза помош да помини. Се радуваат дека некои од нив ќе лапнат работни места со 300-400 евра плата. Болницте се руинирани, имав преглед закажан за магнетна резонанца во Битола пред месец и пол, само за госпожата да ми кажи таму дека не работела машината 2 недели и не се знаело кога ќе проработи! еееј животот ти зависи од таа ебана машина.Улицата кај мене стоеше 3 недели со пукната цевка, ко се јавив ми одговорија дека немале луѓе да дојдат и да ја поправат. Една недела се мавтав во тој ебан суд да извадам потврда за неосудуваност, кога интернет не му чинеше, кога презимето ми го згрешиле. Следев онлајн настава со братучеда ми 10-годишна, му се дери како на стока една локална прилепска курветина со виша школа шо ја запослиле како наставничка, а сестра ми професор ќе седи дома 6 години. Ме застанува копиле џандар 25 годишно на плетвар и се чатали дека сум претекнал на непостоечка полна линија и ме видел тој на че ресторан а јас на излез од Прилеп. 6-7 илјади евра е цената шо ја плаќаат за оваа професија, најголемите мрсули и битанги полицајци станаа. Дуќани затворени еден куп во старата чаршија, земјоделието колапс, за вработување од 15500 денари барав 3 месеци по фабрики се нервирав оти испадна работата дека сум неспособен и за минималец да најдам, а реалноста беше тотално подруга. 63.000 илјади гласачи гледам пишани за гласање. Прилеп нема повеќе од 40.000 граѓани моментално во градов и околинава. 80% од мојата генерација е Германија. Се радуваат дека ќе живеат во мизерија и апатија. И едните и другите. И најжалната слика или иронија како и да е, ги гледаш по некоја година со тебе заедно во Германија како вртат плескајци или мијат табли, истите тие копилиња шо те продале за минималец, без срам и перде ги оговараат постоечките тука. Германците биле ладен народ, како коњи послушни, незнаеле како да се пијанчат во кафани и да дремат на кафиња. Пробуваат истата токсична средина шо ја имале долу и тука да се напрај. Лузери.