Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Прекрасен ден, сонце огреа над Скопје, над Македонија. Дури и небото се радува.
Кое задоволство ми е кога ги гледам северните со главите надолу, нервозни, бесни а истовремено препотентни како и секогаш.

Народот, МАКЕДОНСКИОТ народ конечно ги фрли во река, голема река, полна со брзаци и водопади.
Пловат без чамец, без појас за спасување. Народот рече -ГОТОВО Е!
Победивме во прво полувреме, ќе победиме и во второ. Потоа што следува!?
Тотален пад на севернава власт. Чекор по чекор, работите одат во права насока. Реката тече, патот е долг но истовремено и брз.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!! :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.174
Драа

Да ти кажу прао наискрено, кд ке га заглеам наше знаме, убаво е бе да си ебеш работу.Ако може уопште, да се ебе работа.Или да си ебиш веко, што би кажале други дијалекти.Која Веко, Ена Веко?
Кој ни га викаше знаме вентилатор, косовари? Да ни изедеф кур немиен.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.570
Поени од реакции
5.975
Драга,

се согласувам со Парва, знамето, естетски гледано ни е најубаво на полуостровот, дури и покрај ебаните грчки уцени/промени. Плус, колку е убаво што има сонце на него, ние ја славиме нашата убава ѕвезда, која ќе остани во иста зрачна секвенца уште неколку милијарди години. Дава живот насекаде на планетата, редно е некој да ја слави како свој најважен симбол, тоа го прават неколку нации, од неколку континенти, ама не така убаво како нас.

Двоглавиот орел е убав симбол, доста чест кај бившите Ју земји, Србија, Црна Гора и well Албанија (сепак беа југословенски етникум, знаеме каде). Но мене лично ме бендисува само кога е бел/сребрен како тој од северните соседи. Таков бел двоглав орел на Тиријан лилјакова основа може да оди како предлог знаме на целиот полуостров, во чест на Византија - едно средновековно, многу позабавно, поинтелектуално, послободно, поубаво, посекси царство од Османлиското. Цариградската Патријаршија сеуште има таков бел двоглав орел како симбол. Но, обавезно на тиријан лилјакова основа, во чест на Римјаните - Илири, Македонци, Дачијци, Тракијци, Словени и Грци. А не на сина основа, како што би сакале последниве.

 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
239
Поени од реакции
905
Малце ќе го потупам на постов иако не ми е тој стил на пишување, сакам повеќе смешни постови, шо знам, повеќе кловновски ми е начинот на пишување исто така како што и некои луѓе пробуваат да ме третираат.
Ете. Поминаа проклетите избори да се плукнам на нив. Месец дена пробувам да избегнувам глупи кампањи и шаренолики ку*тони. Многу од опкружувањево околу мене последните 2 дена пред 17-ти се однесуваше како од twilight zone. Прајш муабет за безвезе теми и на крај те прашуваат за кого ќе гласаш и чекаат мислење шо ќе кажиш за нив. Ти се пулат во очи и слушаат внимателно како КГБ да те испитува. Најверојатно дел од нив ќе го репортираат истото во нивните локални штабој. Нека. Победуваат и се радуваат како орангутани со колите по улици, блокиран цел сообраќај да не може и брза помош да помини. Се радуваат дека некои од нив ќе лапнат работни места со 300-400 евра плата. Болницте се руинирани, имав преглед закажан за магнетна резонанца во Битола пред месец и пол, само за госпожата да ми кажи таму дека не работела машината 2 недели и не се знаело кога ќе проработи! еееј животот ти зависи од таа ебана машина.Улицата кај мене стоеше 3 недели со пукната цевка, ко се јавив ми одговорија дека немале луѓе да дојдат и да ја поправат. Една недела се мавтав во тој ебан суд да извадам потврда за неосудуваност, кога интернет не му чинеше, кога презимето ми го згрешиле. Следев онлајн настава со братучеда ми 10-годишна, му се дери како на стока една локална прилепска курветина со виша школа шо ја запослиле како наставничка, а сестра ми професор ќе седи дома 6 години. Ме застанува копиле џандар 25 годишно на плетвар и се чатали дека сум претекнал на непостоечка полна линија и ме видел тој на че ресторан а јас на излез од Прилеп. 6-7 илјади евра е цената шо ја плаќаат за оваа професија, најголемите мрсули и битанги полицајци станаа. Дуќани затворени еден куп во старата чаршија, земјоделието колапс, за вработување од 15500 денари барав 3 месеци по фабрики се нервирав оти испадна работата дека сум неспособен и за минималец да најдам, а реалноста беше тотално подруга. 63.000 илјади гласачи гледам пишани за гласање. Прилеп нема повеќе од 40.000 граѓани моментално во градов и околинава. 80% од мојата генерација е Германија. Се радуваат дека ќе живеат во мизерија и апатија. И едните и другите. И најжалната слика или иронија како и да е, ги гледаш по некоја година со тебе заедно во Германија како вртат плескајци или мијат табли, истите тие копилиња шо те продале за минималец, без срам и перде ги оговараат постоечките тука. Германците биле ладен народ, како коњи послушни, незнаеле како да се пијанчат во кафани и да дремат на кафиња. Пробуваат истата токсична средина шо ја имале долу и тука да се напрај. Лузери.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Само да му се заблагодарам на мојот безжичен маус кој ме служеше одлично нешто повеќе од 10 години, а повеќе од пола од тоа време беше после преживеан пад од втори спрат и уште многу паѓања од биро или кауч на тврда површина без тепих. Последниве недели почна да трокира, кликот му работи сеуште но се потешко реагираше при движење и мораше денес да го пензионирам.
Нема да го фрлам, ќе го бутнам у фиока и се надевам новиот маус ќе успее да ги пополни овие преголеми чевли..

IMG_20211018_233851.jpg
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.323
Ок, ај збор-два за знамето. Се сеќавам првиот Илинден 95-та, 96-та кога го сменија сонцето од Кутлеш, во Крушево некои Македонци го газеа новото (сегашното) знаме и беа уапсени и добија и некоја казна. Имаше многу голем отпор на почетокот и смената беше третирана како предавство.
Во случај да не знаете, новото знаме е дизајнирано од Мирослав Грчев, еден од најодвратните СДСМ-овци (а конкуренцијата е огромна) на сите времиња и гнаса која е отворено против Македонскиот народ, а плус и апаш и транзиционен профитер. Страшно е колку е сега тоа знаме општоприфатено. Исто како што ќе биде Северна Македонија за деценија-две. Лично, никогаш не го прифатив за свое знаме. Никакви чувства не ми побудува освен блага одвратност знаејќи ја позадината зошто е сменето и кој го има смислено.

Ок, ако политиката е прагматика и ако не можеш со глава во ѕид како немоќна земја против Грција, тука е црвено-црното знаме на ВМРО, двоопашестиот лав, знамето на Крушевската Република со факелот, или дури и знамето на Кресненското Востание. За ниту едно од овие не верувам дека Грција ќе се противеше, а Бугарија тогаш уште беше две чрвени земја и немаше никаква позиција. Со сите тие знамиња имаме историја, имаме поврзаност, имаме симбол со кој може да се идентификуваме. Се, само не вентилаторот на гнасата.

А ако некој од овие прогресивните либтарди се смее дека се поистоветуваме и се повикуваме на континуација на Античките Македонци поради сонцето од Кутлеш само една работа ќе кажам:

Ако таа православна циганштаана и арапштаана носена од Блиски Исток и Северна Африка може да се идентификува со античките грци, можеме и ние со Античките Македонци. Се додека не си ретардиран дека си чистокрвен Антички.

Еве Горан е великан нека каже тој:

1634603235876.jpeg

 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Се сеќавам дека брат ми ме однесе на кино да го гледаме Star Wars во кино Македонија. Ги носеа од училиште па ме зеде со него, ова пред некои 20 години. Некој ми ја врза јакната за столчето, не можев да ја одврзам, маме му ебам!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.800
6та година сум член на избирачки одбор, 5 години член, од овие избори, до сите наредни во следните 5 сум потпретседател. По рандом избор и искуство, иначе немам гласано последните 4 избори, гласал негласал ебан си. Кога бев член бев во избирачки одбор минатиот мандат бев богу изнад леџа, 60 км од градот, 15 гласачи запишани во список, рекорд 3 гласачи имавме, еднаш само еден. Подосаден ден амин. Дремеш со беспотребно фрлени пари и толкава опрема за еден 90 годишен дедо, ама не ми е за тоа постот.

Овој пат бев во центар на изборно место со 4 000 гласачи и тоа потпретседател, ајде гласачите во ред, ама ракувањето со фингерпринт машината ми падна мене. Реално, не беше толкав проблем машината колку луѓето. Од поминати 500 гласачи во мојата смена, едвај 50 да знаеа која им е десна рака и десен показалец. Затоа мили луѓе беше застојот во глобала. Проста работа, ставаш десен показалец и излегуваш со податоците од лична карта, зимај ливче гласај и чао.
Женска стави тука десен показалец и чекај да те пронајде. Става таа лев палец, не те наоѓа. Е не те наоѓа... Затоа што левиот палец не ти е десен пооказалец. Значи просто неверојатно колкав беше бројот на тие луѓе. Може тремата играше улога не знам, ама да ставаш ти ножен прст на место каде 10000 пати ти е потенцирано дека треба ебаниот десен показалец да го ставиш и најлошо одиш и заокружуваш значи свесно земаш пенкалото и заокружуваш некои исти па исти мамето што ти го ебаваат откако си роден и да мумљаш ебате државата дали ние сме биле за вакви технологии... Оди бе бегај таму.
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Нема да излажам ако кажам дека си ја погледнав дланката кога ми рекоа дечко ајде десниот показалец тука.
Го пипкам тоа, дава ерор, не не задржи, ок ај од поново, задржувам. Тиииннннгггг. Океј повели гласај.
Идеш гласаш у картонски барабан со пенкало врзано со врвка. Ги завиткувам тие ливчињата и глеам дека 2 кутии има, а зошто и не би имало 2 кутии кога гласаш градоначалник и совет, нели куртоне. И ги стаив рандом. И си ја забораив личната карта па викаше тој по мене.

Иначе најјаки ми се оние луѓе што коа ќе почнат да разглабаат за политика, стартуваат со дефанзивното `Иначе ја не сум ни за тие ни за тие, исто гомно се, кој и да дојде исти кур ќе биде` и продолжува со влечење према едната страна.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Dear K,

Отсекогаш ми било нејасно како може да има 10% поништени ливчиња (сите малверзации и трикови што се прават земени во предвид) ама кога го читам ова дрвово над мене, се ми е јасно :kafence:
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.570
Поени од реакции
5.975
Јас дури живеев во мкд цртав срамни пубични работи на ливчето. Анархист.
Овде уште немам право на глас. Иначе и тука би се препуштил на креативноста. За неа, веќе знаете дека ми е јака страна. Тоа гомно наречено политичар е одвратно без разлика каде си и смрди на мртво преку телевизор, тури му кур и бегај. Ни тоа, еден икс преку листот и чао. Иначе ако не се појавиш, листот ќе ти оди в кутуја, исто ко да си гласал за нив - одборот е најактивен кај кутиите од 19 до 24 часот, така ми раскажа една колешка која била дел од него, полнење на кутии е ријал тхинг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom