Драга Кајгана (виртуелен дневник)

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Каков Squid Game се дешава на клиника со издавање поише тикети за паркинг него паркинг места. Уште тоа језивата песна да ја пушти Филипче додека вртиме по паркинзите.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.349
Кајг,

да те потсетам визулено на уметничкито перформанс „фарбање на институции“ каде свестраниот талент на поединци дојде до израз,

10-4.jpg

пораката како да се дојде до индивидуален престиж, по неколку „ратни бои“ на лице и толку - интелектуалноста излезе на виделина,

pavle.jpg images.jpg

воодушевувачки како може да тие неколку бои направи трасформација,

pavle3.jpg

да од еден стил на курназ, кокаинбој,

pavle-bogoevski-ostavka.jpg

преку ноќ се трансформира во џентлмен!?? :toe:
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Драгаа..ахх...како ми идат на q'рац женскиве со онаа правење срце/љубов со рацете на сликите...толку е веќе демоде што ми се гади до крајни граници...
 
Ф

Флеш

Гостин
Ќе го барате Грујо назад !!!!! ..... Оти не чинел .

У последно време се у повеќе мода се молбите за повторна диктатура на Грујо .....

Чоеков праеше нарачки на убиства,ликвидации,шпионажа на телефони,крадеше пари,го репресираше народот свој , дури додека не отиде у Маџарска.

Сега па уште да се врател со таа негова власт и диктатура .... Грујо врати се .... И донеси инвестиции btw ....
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Многу ми е јако што се смееме на снегулките од Америка, а ние исто се вреѓаме од онаа новододадена придавка во името на државата. Двојни стандарди much? :D

Уште посмешно е што сите сме као "хк пу" на странци кои ја употребуваат таа додавка и опишувајќи ја нашата националност или јазик (а не треба, нели), освен самите ние кога ги вреѓаме нашите сограѓани кои го поддржаа референдумот со етикета "Северџан/Северџанија" и тн. Нешто како N зборот во Америка, многу е навредливо нели ако некој од надвор го употреби, ама во рамки на нашата (социјална/етничка/расна) група за тролање, сеир и алудирање на предавство, скроз лабаво си го користиме.

Секако, ги исклучувам владините претставници кои мораат да ја употребуваат таа придавка. За нив еден посебен "хк пу", како од Бивис и Батхед играта што рокаа шлајмови од зграда. Која луда пикселска игра :D

1634950343496.png

Тоа се тие игри од рани 2000ти, оваа и Pilsner, бираш девојка, собираш пиво во гајба и како што качуваш левел, девојката се соблака :tapp:

Недај боже некој па од балканциве поготово да не каже така, одма узбуна се крева и се активира нашата вродена креативност за пцовки. На почеток имаше многу такви кои цело време ни се обраќаа со придавката, али после некое време добија фидбек и сега помалце го користат тој термин.

Иначе интересна хипокризија мора да се признае. Колку и да ги неќете тие либтардски, либерални снегулки, и ние сме исти со нив во некој поглед. Дозволувате зборови да ви ги повредат чувствата. Зборовите се само зборови, иако самите по себе се моќни и човештвото може со промена на терминологија многу перцепции да смени (Georce Carlin за еуфемизми). Не би требало да имаме проблем со "навредливиот/дерогирачки" аспект на самиот збор кој е во прашање... туку најмногу би требало да не погодува агендата/релативизацијата и манипулацијата позади тој збор.

Со збор можеш да релативизираш, да метафоризираш, хиперболизираш и тн и тн, со тоа погрешно претставувајќи некаков процес или појава. Често пати, луѓето немаат поголем проблем со искривувањето на реалноста или скриената агенда позади самиот јазичен конструкт, отколку со навредливиот тон на самиот збор. Голем дел од луѓето го ставаат на втор план тој момент и обично некако лично(патриотски/националистички) и дневно-политички го сфаќаат проблемот (кај нас), често пати недоволно продлабочувајќи се во прецедентот кој се формира и потенцијалниот импакт во иднината.

"Gender is a social construct" или "Gender is not a fact" се само дел од многуте глобални, американизирани и западни тези кои се фрлаат во последно време. Се тоа е, се чини, борба за креирање на нова "лингвистичка" реалност и бутање на дигитални информации од некојa си новокомпонирана Katherine или Peter да може да си стека кеш од својот нарцисоиден блог/влог и да си јача популарност и центар пажња, тотално несвесен за возможниот импакт и длабочина на истата, да ја речам пропаганда. Се собрале двајца без тројца и ќе си ги мерат според тоа кој е порадикален. Слично како што во нашата јавност и по нашите социјални медиуми, патриоти/националисти си ги мерат со тоа кој е поголем Македонец или кој е порадикален.

За жал, светот се повеќе се сведе на политичка и секаква коректност. Т.е глума од истата. Не знам зашто сите глумиме и лицемериме (пример членот што спомна горе за колешка што напуштила работа). Демек секад кога си идеш од работа, иди си со оставен позитивен впечаток. Освен директни колеги и членови на тим со кој сум се зближил, никад со ниеден ултра надреден нема да му правам лице демек многу сум научил, одлично искуство хехе, фала ви што ме искористивте ко роб последниве X години, а во себе сум ги пцуел и сум им покажувал mental middle finger. Секако, има и скроз позитивни искуства, го земав како за пример тоа со работата. Никој не сака да слушне директно дека нештата се СРАЊЕ и ШЛАЈМ, туку сака да слушне како тоа на тебе "работата не ти е веќе предизвик, не ти се свиѓа работно време/плата" или било кој разумен корпоративистички, либтардски одговор. Па уште и да се заблагодарувам за дадена шанса или да имам пофални зборови некои на напуштање, ако ми било тиња на тоа работно место? Не, фала, тоа не е за мене.

Па и оние "аналитичари", актуелни деновиве поради политиката, колку се само смешни што ќе зборат "Граѓанки и граѓани", "Кумановки и Кумановци"(лупам), "Жителки и жители". :icon_lol:
Демек види ме колку сум прогресивен и мисли дека со тоа магично жените ќе се изедначат со мажите. Уствари тоа им е и главниот феминистички аргумент дека они се ете, феминисти... На дело 0. И тоа пази, они на тие проблеми праат пари со многу минорен real-life импакт, скоро непостоечки, делумно пошто се мажи :D.

Форсирање на таа корпоративистичка/политичка коректност ултимативно значи релативизирање/ублажување/искривување на реалноста. И да, директноста во нејзина ултимативна и најдлабока форма е многу ретка во денешно време. А и македонецот издржал многу работи, 5 века Турско ропство меѓу другото, и се чини дека е махер во оној "правење лице" моментче. Може перфектно да изглуми дека му е ок со некој близок (роднина, другар/ка, колега/шка) и да игра социјални игри од типот на праење лице и тн и тн, се додека има корист, наместо директно да се спротивстави и да биде директен. Ние би радо да си ги мериме суптилно, да си се смешкаме хехенце, да се фоткаме и тн и тн, наместо да си признаеме уште од старт дека и и двајцата/двете сме тешки копилиња или кучки.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Драга,

колку е лошо кога ти се пушта женска, а ти не си заинтересиран?
Кога некој женска ми се бендисува одма се впуштам во акција. Шеговито, директно, дрско. Како и да е кога ќе ми удри корпа стојам на страна, не сум напорен. Alles klar.
Ама кога ниту сум бил шеговит, ниту дрзок, ниту интересен пред некоја, кога не сум покажал ни најмал знак на интерес, тогаш дали треба да се чувствувам виновно? Што сум направил погрешно? Можам да прашам, ти дадов погрешен знак? Те наведов ли да мислиш дека ми се допаѓаш? Кога, како?

Уште понезгодно ми станува ако заприметам дека се води од тезата дека секој маж од старт е заинтересиран за секоја жена. Јас не сум заинтересиран за секоја, секогаш. Конкретно со девојчево, немаме ништо заедничко, или барем јас не го гледам тоа што го гледа таа.

Пред недела дена му се случи на еден Русин комшија/колега. Кукаше дека го нанервирало. Јас се чудев, што толку те нанервира, некое девојче те бендисувало голема ебана работа, еееј колку тежок проблем имаш (неубо од моја страна), па уште и совети делев, остани учтив му реков. Ако работата стани претерано напорна, а ти упорно се чудиш кај се погрешните знаци, тогаш прашај директно ти дадов погрешен знак?
Сега знам од каде иди чувството на нелагодност, ти се обвинуваш дека си направил нешто погрешно + не сакаш да ја разочараш. Ќе те памти како типот кој ја откачил. Незгодно ми е, ама тоа не е доволно за да се врзам со некоја против моја волја. Нема што да откачувам, Јозеп, Марија и Исус ние не сме биле во врска за да откачувам. Па уште и налутено ми пишува, океј јасно ми е дека викендов сакаш да си сам!! пасивно агресивно. Not good.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
D///// ne sum te cital i ne sum ti pisal dolgo vreme/////a sto da pisam osven ona nesto za Skopje,sum ja nemal taa sreka za da mozam da ti pisam nesto za Kriva ili Crna reka,
Skopje si imase edno cudo kina pred zemjotresot, isto tolku imase i vo ostanatiot del ma SRM.pazi Pazi sega vamu citaj poleka ova ni Susaro ne moze da ti go pise
Skopje na edno mesto,vo eden krug vo centar na gradot si imase.
Hotel balkan
Kino Balkan
Otvoreno kino i letna bavca Balkan
Slatkarnica balkan
Park Balkan
I kako sto rekov zapomni se na edno mesto vo centarot na gradot, i sto Sto e cudno na samo 50-100 m od ova kino imase uste Tri kino salo od koj ednata i Evropa i denes da i zavidi.

Паркот кај хотелот “Балкан”
Овој парк бил со површина од 21.000 м2. Во паркот имало мал базен и голем број на алеи со грмушки, дрвја и цвеќиња. Особена убавина на паркот му давала оградата со убаво соѕидана капија за влегување на коли и пешаци.
Флората на овој парк била слична како и во Градскиот парк со 60 стебла багрем, 40 стебла американски јавор, 10 тополи и шпански јавор, 3 магнолии, 7 четинари, 8 туи, многу видови иви итн. На 1200 метри имало засадени 3600 дабови кои ја сочинувале живата ограда. Во паркот вкупно имало 310 корења дрва. За одмор биле поставени 12 клупи и една стражарница за чуварот на паркот.
Slatkarat Balkan, koja bila pred samoto kino Balkan, nudela sekoj den Vruko Asure i Vrel Salep so cimet, E sega sto e toa Asure i kaj bilo Kino i Park Balkan, prasajtesija babavi.(ili mene vo PP)

.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.525
Поени од реакции
26.207
Драга,

баш сега и пишав меил на оваа Барби од сликата на Јуриј и ми вика меилот не е испратен :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom