Периодов сум ангажиран со реновирање на еден стан кој ќе го издавам.
Мајстори, тежок збор.
За рушење и преградба на ѕидови, се договоривме да биде завршено за 4 дена (према претходна проценка). Од сам старт им кажав, алкохол да не видам кога ќе ве посетам.
Исто така им кажав дека ако се доцни поради X причини со работата -20% од договорената сума по ден, па нека му ја мислат. Едногласно ги прифатија тие услови.
Вчера ги фатив со ракијата, работата на пола, претпоследен ден од договореното. Денеска требаше се да биде завршено.
Кога ја видов ракијата и сработениот дел (само 50% завршено) ги испратив по дома. Им платив за тоа што е сработено и толку.
Преварант до преварант. Еве од утре нов тим ќе дојде да продолжи, демек по препорака па ќе видиме.
После овие следуваат електричари, водоводџии, плочкари итн.
Мачно е со сите нив.