Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Рандом мисли на дете од 90-тите.

Ми текнува така, слушајќи ги пак вестите за тензиите Косово-Србија, постојаните натегања внатре во БИХ, на моето детство и колку иако не бевме директно вклучени во југословенскиот конфликт, колку таа војна влијаеше на нашето секојдневие.

Ми текнува на една случка, сосем небитна работа, дома во дневна соба, јас дете од 7-8 години, мојата мајка разговара со некоја пријателка, демек пробуваат да зборуваат потивко, коментријаќи ги дневнополитичките случувања. И една полуреченица, која нема додека сум жив да ја заборавам, која толку ми е врежена во меморијата ја кажа мојата мајка помеѓу другите коментари кои одамна исчезнале од памтењето- „во август ќе не нападат“. Не може да ви опишам колку трауми и страв тие неколку зборови предизвикале кај мене, тоа веројатно било почеток на лето или пролет, претпоставувам 91-ва, оти така би имал логика муабетот за напад, ваљда поврзано со референдумот нешто.
Со страв сум го чекал тој август, и дека некој (ваљда ЈНА, срби, Шешељ) ќе не нападнеле, а како дете, колку и да не сакаш гледаш што се дешава на вести, ги гледаш извештаите за војни, бегалци, деца плачат по телевизии, а знеш дека тоа е некаде близу до тебе. Ми текнува на траумата на мојот град за првата жртва во тие војни, тој мој страв од таа реченица, веројатно бил пренесен од општата исплашеност на населението во тој период, на 700 км. од тебе, во довчерашната заедничка држава се дешаваат страшни работи, ти гинат сограѓани, а дете како дете прима и чувствува се што се случува околу него.

Но, не нападнаа ете, и ми текнува на еден друг момент, неколку години подоцна, поточно 1999-та, нападот на НАТО врз СР Југославија, не може да ви опишам колку антинато а колку просрпско расположение имаше тогаш во Македонија. На училиште немаше ученик или наставник кој не кометираше дека НАТО се злосторници, бандити, педери итн. Имаше огромна проспрска пропаганда, антинато песни српски патриотски песни, некои ученици делеа едни ако се сеќавате хартиени црно-бели симболи, нешто во стилот “и јас сум мета“. А не беше поразлично и надвор од училиштето, во муабети меѓу возрасните, на седенки и прослави, истото расположение, истата реторика, тоа беше искрено и вистинско сочуство и подршка на македонскиот народ за србите (и црногорците) во таа воена интервенција.

И така, како што реков, сосем случајни мисли и сеќавања.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Драга,


а кој вели дека нападот на НАТО не бил подеднакво криминален како актите кои ги правеа Србите низ 90ти? На што се должела таа промена во расположение кај нас? Можеби на УЧК? Ако багра недоносени криминалци го тероризирале пола полуостор напикај ги во Хаг, како што направија со Србите, ама не и со Албанците. Што ти е од работа да фрлаш бомби врз деца? Меѓу цивилите во нападот врз Србија имаше токму такви деца, сигурно уште од 5 години биле поддржувачи на Милошевич и Аркан? штом заслужиле да умрат? Или така барем твдеше шпанецот Хавијер Солана. Истиов лик е сликан со кече на Косово и заедно со Клинтон е причината зошто Косово постои. Денес истиот пишува колумни на Тајмс дека Каталонија во никој случај не смеела да добија слобода од Шпанија. Ама за Србија бива истото сценарио?
Намалете малку со двојните стандарди. Србите ја уништија Југославија. Ама НАТО со нападот покажа дека не само што не се подобри од Милошевич и Аркан, туку се на исто ниво со нив. А тоа ниво кое го делат заедно со недонесените криминални умови на Земун, Белград, е најдолно од најдолното. Подолу од тоа не оди. Па нека им е честито. Мора да се горди на себе, Бил и Солана. They must be so very proud indeed.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Кајги глеам многу галама се крена за овој кандидатов за градоначалник на Охрид актуелен е баш и не дека не е луд све е таман шо кажа ама да знает каква тешка артилерија иаме Струга кандидати овој е п***н дим.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.670
Незнам дали е вистина али изглеа умрел Орце Сељак. Ќе здивнат сеа кафаните околу кружен и случајните минувачи на Буњаковец.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.573
Фб група на македонска дијаспора, секој ден во последнава година :

*Дали со новите швеТски мерки ќе може гости да ни идат од доле?
( ќе може, можеше да се јавиш да прашаш официјален орган или да скролниш два поста подолу )

*Шоеова слушам во Скопје барале пцр тест за качување во авион за Шведска, нели за влез во Шведска не требаше тест?
( Македонија веќе месец и пол има вакви барања за влез/излез од земјата, кур ги боли шо бара Шведска за влез во земјата )

*Здр, имам роднини сакаат да дојдат на гости ама се вакцинирани со една доза, дали ќе може?
( не може Славица, мора две дози )

*Здраво, да прашам дали може со две дози и поминати 12 дена од последна примена доза да се дојде тука? За два дена да не правиме пцр тест. Ќе прогледаат ваљда хехе.
( не може славице, плус Виз лета два/три пати неделно до Шведска, не ќе им падне тијарата на гостите ако летаат покасно )

*Здраво, не сум вакциниран и сакам да одам за МК. Да прашам дали можам да направам ПЦР тест на влез во МК пошо во Шведска се поскапи?
( не може )

*Кај да направам тест
( не знам, изгуглај )

*рандом дедо постира ШОКАНТНИ видеа од Македонија.

И така.....
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Драга,

незнам на кој генијален (француски?) ум му текна комбинацијата црно чоколадо со вишна и рум, ама кој и да бил, вечно нека е благословен.

Едит: Претпоставката ми беше точна, "chocolate cherry cordials were first developed in the 1700's under the alternative name of griottes. Griottes are from the Franche-Comte region of France." Некој бато или дада од источна Франција, во регионот кој се граничи со Швајцарија.
Хаштаг порно.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Хахахахахаха ме насмеа Генералот онака поштено. Иде нов Албанец од Албанија на работа пред некоја недела, ни 5 ни 6 одма свинско си става да јаде. Не знае многу германски и не спречува во комуникацијата ама се гледе дека е онаа чесна душа, оној балкански човек од минатото кој ќе ти даде и да јадеш и да пиеш и да спиеш иако прв пат те гледа у живот, менталитет кој се повеќе го снемува помеѓу нас. Се повеќе стануваме модерни луѓенца со европски манири на секој сам си плаќа. Толку добра атмосфера е на работа што иако е тешко не се чуствува кога минува денот, луѓе буквално од цел свет, вери, раси и нации а сите добри по душа.


Вечерва не ечење Тања Савиќ ама утре се спрема балканска забава така да ќе се слуша Златник и тука.


ПС: А Тањето како минат годините се појјака и појјака е, права милфица е сега.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.346
Поени од реакции
38.527
Кеј, и јас шо имам запознаено албанци и косовари се се луѓе на место и чесни. Сум пишувал тука за тој косоварот колега, срце од човек, од него ќе оддели на тебе ќе даде. Прилично традиционални луѓе, и како шо кажаа погоре ја имаат таа домашна топлина.

Овој шлајмот шо живее во Македонија изгледа се собрани од Албанија и Косово и се протерани, кој иначе би сакал вакви чкљ шарпланинци.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.531
Поени од реакции
66.070
2 работи кои ги чекав годинава од филмски аспект. Top Gun 2, два пати го одложија, вториот пат за наредната година, и Billions чие што финале го сјебаа за сите пари.

Не можеш да уживаш ни во она што обично знае да ти одврати мисли од целиот негативен набој со ковид, избори и остали срања со кои не трујат секојдневно.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Не знајш шо е убо-Колку само ме живцират таа реченица.Абе ак ти се гнетит секој ден шкембе чорба секој ден гнети.Ама немој да ме замараш и да ми ги потекуваш дека мора и јас да го јадам.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.010
ХИЛТАТА со ЗАКОН треба да се ЗАБРАНИ за продажба и употреба од страна на ИДИОТИ тоест лица без лиценца/дозвола за нејзина употреба!

Не може секој идиот да си купи хилта и кога ќе му текне да си "подрушува" низ дома.
Така по малку, на 20тина минути па после некој саат пак и така цел ден, секој ден, со недели, со месеци.
Зградава до сега ќе ја изрушеа ако се фатеа машки за работа.
Стоки селски неписмени.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
После подолго време денес патував со автобус. Седнав на крајот меѓу последните седишта. Нагрнаа после некое време средношколци и зедоа да бараат место. Едно типче се врти лево-десно и слушам другар му вика: "Назад имаш место до човекот" (мислејќи на мене). Доаѓа малиот и ме прашува: "Извинете, слободно е?"

Брееј, последен пат кога се возев ме викаа "дечкото" а не "човекот" и никој не ми персираше. Се надевам нареден пат место "човекот" нема да биде "чичкото".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom