Драга Кајгана (виртуелен дневник)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
"Da? Da? Aham? Dobro, ej aj vazhi, ke se vidime posle koronava kafica mafica ke pravime, ne mozham segea da zboram, u guzhva sum, zafatena sum so toa da bidam ekspert za se. Haha da da...da? da...haah.. da da haah pozdravi ja i ti haah ajde..ajde chao da...da..vazhiii vazhi...da.."

1616343823063.png
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги,

Оваа зима ни го спопика на сите поштено, откако замина се врати да ни каже Лузери, мислевте така лесно ќе си отидам? Не дека ми менува нешто, во лежењето, освен пикчр фрејмот што го имам од позицијава во која лежам. Утре е денот кога ќе видам малку поинаква слика, Водно - Систина - Водно, каква забава. А може и да ми дозволат да испијам и кафе седејќи, замисли. Не се жалам веќе, само да издржам во овие месец дена, да стигнат до фамозните 33 недели моите палавковци и тогаш ќе почнам да дишам нормално.

Се слушнав до другар ми утрово, го закачила ковид заразава и него, клапнал у кревет 3 дена веќе. Му спремив едно пакетче од аптека, му го оставил супруг на врата и го видел од далеку, бааги лошичко делувал. Му дадов месец дена да се опраи, после тоа има работа, треба да ме трпи со сите мои момстер моменти.

Убав ден Кајги!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Драга,

Денес е еден од оние денови во кои уште откоа ќе станеш сфаќаш дека ќе се осеќаш шит цел ден, па уште нестаната од кревет го чекаш моментот кога пак ќе си легнеш.
Ти ебам ова временските промени, маме ми расплакаа, мигрена три ебани дена.
Тек пак кога ќе почнат да се качуваат температурите, ќе биде уште повесело. :(
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Cela nedela temperatura ej jebem ti korona, a samo dva dena projdoa od izolacijata.Na 10 izleguvam ke zaboravam da odam u pm. Ajde rekov barem sonivo ke go poigram, ne be, i za toa ne sum sposoben.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Ја уствари,сум само еден човек што залутал во некое погрешно време,сум заглавил,сум заглибил у некој погрешен свет.Јеби га,назад нема враќање,ке ја протуркам некако работата до крај.Иначе,нема поголема неправда од таа што луѓето се раѓаат без никој да ги праша дали сакаат да се родат.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.345
Поени од реакции
38.515
Денес по некоја неразбирлива рандом случајност, ми дојде во раце "King Lear" од Шекспир.

За Шекспир знаев само дека ја напишал Ромео и Јулија како негово најкомерцијализирано дело, и дека било некое средовечовно бате кое не ебело многу и морало да пишува книги дома на свеќа.

Доволно беше само пола саат читање, за да сватам за каков МАДАФАКЕР на 16 век станува збор. Не дека сум некој фанатик по книги, али ваква игра со зборови до сега немам видено. Тешко дека некој писател/поет од 21 век може да испука лирика на тој начин, на кој што може и обични реченици да ти изнудат емоции. Не е толку до приказната колку што е до стилот на пишување.

Генијалец. :cuc:
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
Студентка на филолошки факултет ,,Блаже Конески'', катедра македонска книжевност и јужнословенски книжевности ме праша зашто се форсирал толку многу Блаже Конески. :вонзем::вонзем:
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги,

Сеуште сум во лежечката, нема никакви изгледи до 25ти април да се исправам во полулежечка бар. Ко права трудница си поплакав, се осетив грдо и неспособно. Си дремуцкам сега, чекам да дојде тетка да ме види, да донесе некоја пита вкусна, ми се јаде ми се плаче. Ми недостига кујната, ми недостига дневната, ми недостига да бидам старата јас, ама тоа се само хормони, за нешто повеќе од месец дена ќе бидам мама и вреди се. Па и девојчево не е дома, да не развесели, ја однесе кај баба и вчера за да не заглавиме утрово.

Туку со снегов што е проблемот? Цела фотинија во дворот ми е полегната по земја, тревникот е огромно езеро, терасата е лизгалиште, а ова уште си прска. Сакам зима, ама да не е вакво тиња и грдичко, сакам да е нормално време.

Немам денес инспирација, доста е.
 
Ф

Флеш

Гостин
Дојде точка на момент у мојов живот кога јас ги одржувам моите/ве родители, од мојата плата и доаѓа до кавги за пари да им дадам за цигари ... А они мене,зошто пари трошиш на Шарска,оти јадење дома имаш .

 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.787
Поени од реакции
17.307
Драга

Секој ден умира некој близок на твој роднина, познаник, пријател. Секој ден некој се бори со ковидов или депресија. И како да го сакаш животот во овие околности?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.854
Поени од реакции
8.398
Народни мудрости:

1. Пиј јогурт, да си трезен.

2. Немој да си мочал спроти ветрот.

3. Во муртински сељак, верба да немаш.

4. Кажи му на Неџат, да оди да ја брка гумата.

5. Со глава ќерамиди, не крши.

6. На руски пранкери, слушалка не кревај!

7. За кинески вакцини, превисоки цени во фактури, не пишувај!

8. Со пилоти од воздухопловната академија од Арачиново, не се вози!

9. Со баничане марихуана, не сади!

10. Шарен револуционер, за пратеник, "со пола" не го гласај!

11. Ефтини хотели во Мексико, не барај!

12. Не јади путер со поминат рок!

13. Од мигрант, гласач не бидува.

14. Од Манулач ум, не чекај.

15. Вратоврски на грчки премиери, не давај!

16. Не верувај на човек кој јаде печурки шампиони.
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.505
Поени од реакции
2.180
Драга и поштована краљице Клеопатра,

Само што ја видов симпатијата, јеееееј. Мислев дека никогаш повеќе нема да ја искусам таа радост. Добро, сигурно не постојам за неа али нема везе денов само што стана одличен. За три саати ми почнува смената, but once again, all is violent all is bright right now.

Поздрав до лепо друштво. Horns up!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom