Секој ден пробувам да најдам некое катче позитива со кое гледам да се оддржуам на нозе покрај се ова што се случува, ама упорно и упорно секој ден нов удар, нов шок, нова негатива и тоа катче цело време ми се гуши, се стеснува. Досега ќе речев правам работи ради реда колку да минува време, ама сега престанав и да ги правам, изгубив желба, па ништо позитивно нема бе мајка му стара. Секој ден бришам фб страни на медиуми за да не бидам опколен со негативни вести, негативните вести секогаш стигнуваат до мене. Се трудам да сум човек кој нема да перцепира политичкиот циркус, и ми успева, ама тогаш се случува нешто што индиректно е поврзано со постапки од тој циркус и 10 пати ми се враќа за сите тие 100 пати кога сум се воздржал и само полошо е, буквално никаде нема кај да избегаш, не ко птица во кавез, ко глушец во конерва се осеќам. Другарка баш изгуби во една недела и татко и нејзина другарка, се млади луѓе, а од друга страна најнормални си се вестите дека некој отишол во странство и остварувал средби да лобира да излегла албанската дијаспора да гласала на пописот. Не ме интересира ни политички/статистички операции, ни проценти, ама кои бе хипокрити сте бе гнасни со ова што го правите, па кујзнае каква 5та мутација ќе се закачи и ќе ја пренесете тука кога ќе се вратите дома, вие ќе преживеете пошто навреме ги собравте парите од државната цицка и ќе имате пари за најдобри болници и лекари, а други луѓе ќе умираат. Ама кармата е опасна работа запомнете, никогаш нема да стигне на вас самите, секогаш на блиски ќе стигне, задоцнето ама секогаш ќе стигне, кога мислите дека сте избегале таа ќе ве најде да ве потсети на секоја лага што сте ја кажале, секоја постапка што сте ја направиле да наштетите на овој мизерен напатен депресивен јаден народ. Радувајте се на платените гласови, наскоро ќе нема ни луѓе кои ќе можете да ги купите, не бидејќи сме хардкор ние во менталитетот, туку ќе бидеме сите отселени или мртви, поради одличниот однос и супер грижа од државата. Ете ви ги гласовите ете ви го пописот, попишете се самите. И аман више престанете да носите закони кои прават дополнителна омраза и раздор,знам дека вие добивате, знам дека гајле ви е за државата и дека си викате дај да испокрадам дур можам дур сум на власт после ќе пропадне државава, се ми е јасно, ама како може да ви е сеедно бе до толку гниди едни, ако не умре од пандемија, ќе умре од омраза,насилство, ако овие 2 ги преживее ќе умре од сообраќајка и несовесни возачи. Одам на шалтер во полиција тој ми зборува албански, му велам дека не го разбрав, ми вели на чист македонски “Научи албански ќе ме разбереш“ и продолжи да збори на албански, не знам од каде е злобава бе луѓе, јас сум човек што сака јазици секогаш кога ќе запознаам човек од друга националност го замарам да ме учи нешто, и албански знам по некој збор “вла, зоти, ецко, коха, букур...“, супер е човек да знае јазици, ама не ја сфаќам злобата да знаеш некој јазик и да избегнеш да се обратиш на него само за да постигнеш некоја цел и поради тоа што законот те штити. И што е ефектот на крај, се дига омраза,ќе се создаде одбивност кај мене што сум почнал да го учам јазикот, да престанам. Супер. А да, одличен е законот до 22:00 феноменален е, сега на улици како Дрезденска каде што максимум луѓето возеле 40 на час, во 21:40, возат преку 100 и летаат за да стигнат дома да не ги фати полициски час. Значи во состојба се да загубат свој живот, да убијат некој недолжен што си поминува или вози и он, само за да стигне до 22:00 часот дома. Се е супер, само позитива, ајде сега да пишеме сите “бидете позитивни, стеј стронг, ќе помине, вакцини ќе има, до крај на годината“,која негатива да пробам да не ја гледам,дур пробувам една, доаѓаат 10 нови.