Кајги,
Лежам вака и до мене допира мирис на колачи, отворен прозор и си мислам туф кај се најде ветеров да ми донесе мирис на пинат батр кукис до собава, ќе си пукнам. Таман мислев да го праќам љубениот по комшилук да бара кој прави и да испроси 2 за неговата трудна сакана, влезе во соба со послужавник, тањир со колачиња, чаша чај и лалиња во мало вазниче... Со што заслужив ваков прекрасен човек покрај себе, да ми е да знам. На денешен ден пред 5г се разведов, он појма нема зошто не е ни важно тоа за него да го оптоварувам, ама знае дека путер од кикирики обожавам и нашол некои изи пизи трик рецептчиња и ми испекол колачи. Човек карпа, со свои 50 лета, пола седа коса, човек кој секој ден се бори со бројки, узенгии, оплати, трегери, носачи, скелиња и бетоњерки, денес ми испече колачи. Како да не издржам, ај кажи ми, како да не направам се за ова совршенство.
И така Кајги, еве лежам моментално малку подисправена, со послужавник врз планетава моја и јадам колачиња, пијам чај и си шмрчкам од убавини, се топам. Се надевам сите овие колачи, торти и вкусни напитоци ќе бидат фер и откако ќе се породам ќе заминат што поскоро од моето тело.
За инат на грдово време што место са глуми пролет се занесува дека не се дава, за инат на 20+кг за 7м и за инат на мене да докажам дека можам, за следното лето си набавив нови купаки, цветни фустани и кратки шорцеви! Очи му светнаа кога пристигнаа синоќа и кога мораше тој да ги отвара место мене, ама сочувствително ме погледна и ме предупреди дека не е страшно што можеби ова лето нема да ги носам. Кој бе нема да ги носи? Има да ги носам оние шорцеви од лен па што сака нека е! Биле С, големо чудо, јас сум инат каков што нема на светов, наумила исполнила!