Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги мила,

Времево мутно, јас свежа, трет курир од сабајле испраќа муж и мислам дека уште бар двајца денес ќе испрати. Претерав, знам, ама се вадам на лежечкава положба. Ми рече ќе ми наместел кревет у офис да ме контролира колку пати ќе куцам картица онлајн. Трепкам со очиња и го предупредувам, шоуто само што започна, наскоро ќе бидеме дома 4 жени а он сакал нејќел, ќе мора да не трпи. Малку се шалам, освен во делот дека денес очекувам да стигнат повеќето од пратките што ги имам нарачано додека лежев во болница. Зара мислам дека веќе имаат вработено посебно некој да ми пакува нарачки.

Пред да почине баба си ја имаше озбилно сфатено работата дека ете, и се ближи крајот. Покрај тоа што ни подели со тетка ми се по пола, еден ден ме викна да ми даде тоа што ми следува.
-Ова ти е за мажачка бабино, да не отидам а да останам должна. - ми тутна едно купче - Ова ти е за школото, да учиш да доучиш, немој да оставаш школо! - додаде уште едно купче - Е ова е за оние што ќе ги носиш под срцето. И да дочекам да видам како ќе дипломираш, како ќе се мажиш, не верувам дека ќе дочекам твои дечиња, а баба е должна...
Стоеа така тие пари на куп сите, ги немав ни ставено во банка од пуста носталгија и жал да ги изгубам токму тие внимателно редени банкноти во купчиња и на нив напишано читко за што се. Не ми затребаа никогаш, иако помислував искрено да ги вложам во нешто што ќе носи нејзино име, но секогаш ги враќав во кутијата во која стоеа. Ги потрошив оние за на факултет за 20 дневна ексурзија низ Европа, од секое место купував сувенири и сите стојат покрај сликата од баба ми. Денес си ветив, парите не вредат ништо, вреди споменот на баба, мора да ги искористам за нешто за да го оживеам. Па така денес нарачав детски парк на една страница, цел парк во задниот двор, дури и табла со име нарачав, со нејзиното име, лулашки, лизгалки, качувалки, мрежи... Детската смеа да одекне до небото и таму горе до неа да донесе радост. Така само ќе знам дека нејзиниот сон живее, за најдобрата баба на светот, денес и е именден, нејзе и мене, нејзиното име. Слава ти нано!

Кога му ја кажав утрово идеата на сопруг за тоа како решив да ги искористам парите добив реакција која навистина не ја очекував, добив солзи чисти и сјајни. Се надевам дека не гледа од горе моја нана и дека се радува со мене, со овој прекрасен човек кој го имам до себе и овие 3 будалести срца кои чукаат под моето. Овој дождлив ден за мене донесе многу емоции. Овој дождлив ден посакав да бидат сите тие со мене, но знам дека горе високо над облаците ме гледаат и ми испраќаат многу среќа. Нана, папу, тато и мама, моите ангели :angel:
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.954
Поени од реакции
8.141
ДК,

како се тргнати Бугариве и Албанциве да ги бришат од учебниците сите тирании кои што ги вршеле над оваа територија не би ме чудело во иднина некаде 2030г. кхм ако постои сеуште Македонија и македонски учебници кхм да прочитаме како таму некаде Арачиново имало некоја подземна скриена нуклеарка преку која тамошните мештани добивале неограничена енергија.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
ДК

После година дена го сркнав од короната со сФе фамилија со сФе се .. Година дена со луѓе секој ден мороноиди шо ти се пикаат под нос буквално - не фатив, колеги од работа све живо се разболе - не фатив.. фатив у факинГ февруар коа имаше по 100 луѓе и 5-6 дена онака фрка си праев у главава добро како?! Ги носам моиве по амбуланти к*рови врагови и двајцава со бронхопнеумониа(ваљда вака се пишуе со средно сум хех),лаганини батице влагаш у амбулантана у воена на инфективно сестрине те чекаат ко новороденче.. ајде дечки уше некој има досадно е ?? Не шала на страна супер беа,само шо коа ми зимаа крв руката у минус ми беше недела дена со една рака функционирав,раката ја остаив пред амбулантата пошо ми беше бескорисна па другата недела коа идев да ги носам моиве на контрола си ја земав океј беше.
Е и муабетот ми е не поминуе 15 20 дена ваљда бум чоече БУМ.. идам у тоа пролазот доле кај инфективна пошо го чекав стариот да го зеам го испуштаа од болница ФУЛ батице, гужва до Сити Мол .. после викам маме му е*ам среќа у несреќа ли е ова шо ли е? Ваљда боље шо го закачивме малку порано од """""""""ПИКОВ"""""""' или у април ќе биде збунет сум !?!?
Нејсе (идеше турска серија на тв прееска бајаги го спомнуваа зборов) ептен го отупев ваљда иам некое антитело бар пошо кеш не ми се дава да проверуем колку иам јебига...
Ај еве и една нумера онака да почастам.

 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.897
Поени од реакции
11.198
Не барам многу, само да сум во браво со дупли вињак на шанк, и бар да не сум сам. Мада и сам да сум ќе се појави екипата кога тогаш.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.495
Поени од реакции
26.057
^
Sometimes I feel
That I'm not belonging here
In this world of pain and sorrow
But I know that I have to carry on
From time to time
I know it isn't crime
To feel the way I feel
But the life is hard and real
A hidden corner on an empty street
A pound of bread an' a peace of meat
A bottle of whiskey an' I pint of beer
That is all I need
 

Kajgana Shop

На врв Bottom