Надополнување за членот со руски ник, оти не смее тагирање и магирање.
Етимологијата е таа.
Етнос=народ
фолк=народ
популус=народ
Етно музика, фолк музика, поп музика=народна музика.
Но нас тука на Балканот во мозокот ни е некако програмирано дека ако е балкански фолк, а притоа тој фолк не е од од пред 100+ години, тогаш одма е сељачко. Значи може Јовано, Јованке, може Море Сокол Пие, ама Гоце Арнаудов, не, не, пу пу, тоа е за сељаци што се шетаат во град со влечки Чик Куманово и слушаат Зона радио. Зошто? Што им фали на песни како Не Кани Ме на Миле Кузмановски, Лихнида Кајче Веслаше на Ефто Пупиновски, Розо Моја на Ибуш Ибраимовски, Бисер Балкански на Гоце Николов, Ај Да Беше Стрела Песнава на Гоце, Ако Згрешам Нека Изгорам на Пепи Бафтировски? Само затоа што се "тазе"? Само затоа што ментално ни е всадено дека критерумот за една песна да ја кажеме дека е народна е да
НЕ знаеме кој прв ја измислил, кој прв ја испеал? Само затоа што технологијата нуди сега архивирање на информации на многу повеќе и поквалитетни начини од единствениот поранешен метод на усни преданија? Или само затоа што била отпеана на Фолк Фест Валандово, Цветници или Гоце Фест? Фестивали кои демек само сељаци и пензионери ги гледаат? Па јас можам да се гладам дека минимум 80% од народов не знае дека народната "Македонско Девојче" воопшто не е "народна". Дека прв пат е испеана од Јонче Христовски и Вилоета Томовска. А да им кажеш да набројат народни македонски песни ако не ја кажат прва во најлош случај ќе ја кажат меѓу први три.
Но од друга страна, кога ќе одиме на Оф Фест, и кога ќе дојде бразилскиот Гоце Арнаудов да пее тука, тогаш гледаме култура, тогаш гледаме уметност, тогаш гледаме корења, тогаш се поврзуваме со тамошните луѓе, тогаш музиката е мост што спојува далечни нации и сите тие поетски еуфемизми. А да идеме во Бразил "гарант" и таму ќе ти кажат аууу неее Гомеш Артемио (бразилскиот Гоце Арнаудов), тоа само пропалици по фавелите го слушаат, тоа само по биртии нискообразованата раја го пее. Но затоа вчера што бевме на Сао Паолскиот Оф Фест, настапуваше некој си Гоце Арнаудов од Македонија. Леле каква енергија пренесе, како ни го долови македонскиот народ, како не поврза со Македонците како да сме на Широк Сокак во Битола.
Кога Би Би Кинг пее нешто во стил:
I'm siting on the bank of Mississippi
ain't got a dime in my pocket.
I said, I'm siting on the bank of Mississippi
ain't got a dime in my pocket.
My woman left me this morning,
she took away my only whiskey bottle,
Oh Lord, my woman left me this morning,
she took away my only whiskey bottle.
е тогаш е блуз, тогаш ја запознаваме црнечката тага, тогаш културолошки се збогатуваме, се поврзуваме со патњата на Афро-Американците. Ама кога Џеј пее дека пиел ракија и дека она му го срушила цел свет, тогаш сме сељаци, копачи, чобани, тогаш сме талогот на општеството, Болетос во Велес, Еспана во Охрид, Гоцевата Порта во Битола, Даниелс во Прилеп, Шабано во Дабиле струмичко и Деспина во Скопје.
А можеш ли да замислиш драг Јуриј што ќе се случи ако песнава:
ја преведеме на англиски и им ја дадеме на Bon Iver да ја испеат? Па Зегин комотно ќе може да ги затвори сите аптеки и да отвори само една до Ла Кања и да ја налупа само со антидепресиви и демитрини.
А малку е поориентално, турско, арапско, тогаш ти се враќа "условниот рефлекс" од младоста, не, не, кака, кака. Кога ќе ти кажат дека да не го чепкаш шоперот како дете пошто џиииииишшшш и имаш трауми уште неколку години од шоперти, така и ова. Само што оваа "траума" останува може и доживотно.
А на пример оваа е од многу сметана за една од најдобрите пејачки на сите времиња. И тоа е сметана од Марија Калас која може и стварно е најдобра пејачка на сите времиња, а била инспирација и на Роберт Плант и Боб Дилан.
Така да ич цев да не ти чуе, Џеј ти е шансониер, Џеј ти е е манга, како Шарл Азнавур, како Хулио Иглезијас. Ако не подобар или еднаков на нив, барем не многу полош. Што ли би постигнал ако потекнуваше од англиско говорно подрачје или барем од земја со многу милиони жители? Колку синови мајчини има на Балканов што испеале песништа како Недеља, Сунце Љубави, Где чу сад моја ружо, Упалите за мном свече, Ночас ми се не спава, Угасила си ме, Од љубави до мржње? Ги има ама не се многу.
Дополнителна литература што може да ти "помогне во дилемава"
.
Темава
Пошто се заигравте на темава, гледам ви стана интересно, со цел да се олабави малце таа тема, за да не замре дискусијата, отварам една цела тема посветена за тоа. За неупатените, поентата на темата е да најдете турбофолк песна и да го преведете текстот на англиски. За да видите како изгледа...
forum.kajgana.com
Мада по тоа прашање победата тогаш ја однесе Разиел
Немаше никаков обид за навреда. Можев да ти напишам нешто во стилот the beauty is in the eye of beholder, но знам дека боемско мажиште како тебе презира таков пост панкерски, атеобудистички, педерски начин на изразување, а го цени директниот, кафанскиот. Јас сметам дека оној што не наоѓа...
forum.kajgana.com
Овие две статии
Аца Лукас е една од ретките преостанати појави кои не се обидуваат да бидат нешто што не се. А кога веќе се фаќам за споредби на „урбанлукот' на Белград и Берлин ќе додадам, па што ми даде Господ, дека Аца Лукас е поградски, побелградски и поурбан од сето она што тука како такво се претставува...
off.net.mk
Јасно е дека самото спомнување на Синан Сакиќ, кај добар дел од свилените 'урбани интелектуалци' ќе предизвика дигање веѓи, згрозување и други манифестации на нелагодност. Ама баш затоа....
off.net.mk
Ова видео клипче каде се објаснува зошто Синан е рокенрол
И секако бендов на кого им е јасно сево ова што се обидувам да го опишам и многу, многу повеќе од тоа.
П.С.
Гратис видео. Аца Лукас ја пее кавер Ствари Лагане. Влези му на видеово како да си "невин" на Аца Лукас. Тргни ги сите предрасуди за него, заборави се што знаеш и имаш слушано за и од Аца Лукас и ислушај ја песнава. Не можам да знам за тебе, ама мене кога почнува рефренот секое влакно на кожа ми се исправа. Види му стајлинг, говор на тело, рапавиот глас. Види му поглед. Види му ја изведбата, види како ја носи песната. Ако ова не е рокенрол, ако ова не е Том Вејтс, ако ова не е Леми Килмистер тогаш јас не знам што е. Ете нека ми најде некој три суштински (значи не површни) разлики меѓу Аца Лукас и Леми Килмистер и јас ќе го частам кафана.