Ми фалат постовите на џимеј за неговото несреќно секојдневие, монотон живот, доминантно непостоење во општеството, депресивно-смешните и трагикомичните ситуации, Коенови, баш такви, црни и смешни, рандом пред се.
Многу смешен себемразач, мој човек. Пред некое време коа ве потсетив на приказната за циганот и црвеното ренде, на профил ми пишал дека имал криза на идентитето и јас со тој пост сум го спасил. Небаре јас сум Робин Вилијамс а он е Мет Дејмон у Ловецот на добрата воља според таа од Сител што водеше Оскари.
Исто ми беше смешно кога се закануваше дека ќе тепа некое дете полно самодоверба. Кај мразел луѓе со голема самодоверба, сеа уште такво дете му фалело.
Утеха наоѓав у тие постови, вака единствен со кого се тешам е Стекот, а тоа е доста ризичен потег пошто може да доведе до самоубиство. Ама и тоа копиле се оправа полека полека, вработен е, во среќна врска неколку години, ќе се жени кај и да е. Свиња една проклета. Ама мој човек е, комрад, Буги Рекоба. Кралот на дното, експерт за све на светот, следачот на сите спортови, зналецот.
Стек дојди да си го земеш поклонот од Интер пошто одговорно ти кажувам дека ќе ти го фрлам у канта.
Вчера во ниедно време ја листав темата за Најсмешни постови. 45 страни прочитав, сум се газел од смеење. Многу глупости праевме порано на форумов, ептен јаки дешавки имаше, смешни моменти еден куп. Имаше еден цитат од Ио, ме мрзи сеа да го барам, Стекот пишал за Токио од Каса де папел дека од што му е јака дури би и дозволил да го вика Јувентус аххахахахаха и тука се надоврзува Клипче (копилето што го бојкотира форумов но сепак според него ја сум бил пичка и куртон кога се избришав, истото важи и за Пеџа ѓубрето, све да ви ебам) и наоѓа замерка дека се викала Урсула и во истата реченица се поправа, вика, ако сака и Љубинка нека се вика, едноставно све би и дозволил. Љубинка бе. Љубинка.
Вори прашува дали може да се смени ник, и добива културен одговор од истиот Клип, му вика ник моментално не може да се смени ама да избришеш јузер можеш у секое време. Го попари.
a ja, ja se kockam s prevarantom zivotom, што би рекол големиот Џорџе Балашевиќ во една своја шансона. Денеска ја исправ колата и прв пат сменив бришачи после 2 години колку што ја имам пејџарата. И колава ме потсеќа на Пеџа, матер да му ебам, ја коа не бев на форумов барем пишував на четот што го иаме со Кимо и Стек бе гомно.
Многу сум неодговорен за некои работи. Пред 3-4 месеци купив нови копачки и на првата утакмица заринкав и ги пододлепив малце напред, во истиот момент реков дека ќе ги залепам за да не се оштетат уште повеќе, во меѓувреме заврши полусезоната, ги исчистив од кал, ги намачкав со вазелин и ги стаив у плакар. Уште чекаат да бидат залепени. Секако дека нема да бидат, туку ќе чекам до пролет коа ќе почнеме со тренинзи и ќе речам ех бе требаше да ги залепам, па ќе ги залепам со некој рандом лепак кој нема да држи и ќе викам абе пропаганда е ова со лепаци, жими кур што лепат. Па спортвижн ќе ми бидат криви, немало тука квалитет вака така. Пошто до сега исклучиво пазарев од Америка. Идиот еден.
Купив едни патичиња од адидас од Германија ги нарачав, ретровачи, кошаркарски од 70тите години. Уште ги неам облечено, пошто не постојам и не идам нигде. Лошите патики според Стек кој носи кондур патики у слободно време и Мат Стар спортски патики, врвни според него, немало разлика од Најк. оК.
Аааа да, тројца другари собравме по 100 евра и купивме маса за пинг-понг. На крај испадна дека сметаме на местото кај што ја стаивме да играме, кај еден другар на спрат. Сеа ќе треба да чекаме да пукне пролет за да играме надвор како скитници, не дека за друго нешто знам и ме бива, ебате клошарот.Супер интересна инвестиција од моја страна морам да признаам.
Во следниве 2 месеца ме очекуваат 3 родендени кај многу блиски бебиња. Среќа едното живее у Германија па ваљда ќе куртулам од поклон hhhh, другото ми е внука што живее неколку куќи подоле од мене, а третото ми е кумашинче. Големиот Ел Падрино Џонтра Волта, годфадерот, иззззззгуби се.
Другарите за роденден ми купија флаша Џејмисон, и после ме викаат алкохоличар, мамето ќе им го ебам. Се гледаме веќе 2-3 недели очи у очи. Треба да се поразам некоја вечер, ја, Џејми-то, Џеј, Џани, џими дои и ти, Џони ти не, џаПе ако се појави, џганот Стек и Кимо. Штакурац. Ќе се озрачиме.
Џери Спрингер шоу.
Песна моментално да ви пуштам, неам. Идете погоре најдете го постот на Сусаро и преслушајте ги сите песни што ги има стаено. Аца Лукас со каверот на тути фрути, 3 пати слушнете ја.
Едит: Лага.
Иам песна, еве ви ја, What a Life со танц од Мадс Микелсен, дневна доза позитива.
Cheers,
Што би рекол мојот човек Рики Џервејс.
Good Day,
што би рекол мојот гуру Рон фрикин Свансон.