TrendS
Work Smart, Not Hard
- Член од
- 14 декември 2018
- Мислења
- 4.419
- Поени од реакции
- 30.017
Седам и си размислувам......
Во други држави секој човек си ја сака сопствената држава и е да речеме патриот.....од најмало, до најстаро. Речиси секоја фамилија, дома го има националното знаме на сопствената држава и секогаш кога се работи за празник како од типот Ден на републиката и слични, знамињата ги поставуваат пред своите куќи или на терасите.
Исто така има организирани прослави на тие празници, каде што сите заедно веејќи ги знамињата се веселат и уживаат во празничниот ден, исполнети со искрена љубов кон својата татковина.
Тоа сум го со свои очи надвор од Македонија, и секогаш ми било мака зошто ние Македонците сме толку необединети, поделени, партиски раскарани.......владее омараза меѓу нас, исполнети сме со гнев, разно разни негативни мисли.....како велат "да му умре козата на комшијата"...и слично.
Има еден непобитен факт....ретко кој кај нас вистински си ја сака сопствената држава....мислам на нас Македонците......што е навистина жално и трагично.
На прво место е љубовта кон партијата, која и да е......тоа е жално. Само на партиски митинзи можеме да видиме развиорени знамиња. Само на протести организирани пак од некоја политичка партија знамиња се веат. Општо земено......За нигде сме!
Обединети сме единствено кога се работи за победа на некој важен спортски натпревар, тогаш сме сите заедно, тогаш сме сите едно, тогаш си ја сакаме татковината........само и само тогаш!
Ретко.....но во помалите места низ источна Македонија сеуште може да се види развиорено Македонско знаме пред некоја приватна куќа......тогаш ми се полни душата.