Од време на време ме фаќа нервоза кога возам низ Скопјево.......
Зелено светло, спијат сите......додека тргнат светнало црвено. Сите говеда свират и кога треба и кога не треба......
Џандари возат низ цел град по сите булевари, држат рамно 50.....чекаат да видат дали некој ќе има муда да ги претица.....да му стегнат казна.
Пешак фраер.....гледа отворен семафор......три полни ленти сообраќај тече, ама он има имал предност и лагано се движи како на модна писта, со телефончето на уво.
Друга будала ти улетува од средна лента во лева и обратно.....со пуна гас....жмигавец, што е тоа?
Пред некоја си трафика, покрај автобуска постојка......испозастанале неколку коли......блокирале цела лента....битно четири жмигавци пуштиле и крај на приказната....мува не ги лази. Ти и останатите, снаоѓајте се. Некој копиљ седнал во стартно количе, го гази.....ама зошто е копиљ со нула искуство позади волан......трепка семафорот зелено а он.....кочи брате, нагло како мислиш пешак му претрчал.....кочам и јас и ми иде да го извлечам од кола и да му дадам неколку воспитни.
Гледаш некој вампир позади волан, замоткан со маската преку лице.....шара во лентите, лево-десно......ретровизори ЈОК! ......гарант едвај оди, рефлекси нула......ама позади волан седнал!
Во нашиов сообраќај не се знае кој јаде, кој пие.........на пола би им ги одзел возачките.....трајно.