Драга Кајгана одамна не сме си пишале, како што знаеш карактер сум на човек што секогаш ги гледа работите од друга страна, а не од онаа која ни е наметнато и сакаат да ги гледаме, па збор два и од мене.
Пред некој ден врнеше кај 9 вечерта и тоа јако истураше, излегувам во паркчето кај Веро во Тафталиџе да прошетам после дождот и гледам кај 10 часот ги пуштаат прскалките. Мислев нешто случајно е и ќе исклучат, но помина 1 саат и абер си немаа од гасење на прскалките. Очигледно дека од претходно било сетирано прскалките да се уклучуваат во 10 вечерта или колку и да беше, ама само да ви ја доловам глетката. Вирови цели од дождот, тревата тоа цела кал направена уште патки да пловат, и плус на таа вода дополнително прскалките си прскаат. Очигледно се во државава е направено ради реда колку да се пише во општинското списание пред избори дека се направило и да се се соберат лајкови на пост на Фб од градоначалникот, не се гледа дека тотално е дисфункционално прскалките да работат во таква ситуација и прават контра ефект на тревата и дрвјата.
Кога сме веќе кај вредните градоначалници. Во моето претходно обраќање тука пред неколку месеци пишав дека барав светло да се стави кај Палас бидејќи кејот е тотално небезбеден таму под тој мост кај Палас, прво е нерамно, второ прст пред око не се гледа навечер, и не знаеш на какво тло газиш ниту дали пред тебе има случајно точак залетан без светло кој не те гледа/не го гледаш, секако беше игнорирано тоа и тоа светло досега не е ставено. Чим не се постави светлото пред избори, изгубив надеж дека некој ме сфаќа сериозно и дека ќе се постави некогаш. Пред неколку дена на кеј имаше страшна незгода со сериозни повреди, рака на срце несреќата беше на друго место, но тоа не значи дека иста таква незгода не може да се случи кај посочениот мост кај Палас, ова нека е само предупредување дека кејот не е смешки и заебанција и дека треба да се поработи на безбедноста на кејот и да се направи се што може да се спречи да има такви ситуации. Гледам на Фб на таа објавата дека има двајца сеирозно повредени од таа незгода, луѓе си ставале “хаха“ реакција, се им е смешно дур не ги снајде нешто слично нив или на нивни близок. Кога веќе се жалам од нешто, да се пожалам и дека нема светло ниту кај делот од Палас накај Центар пред кајакарите кривината, а таму често преминуваат ежиња и шатки, и се замолуваат надлежните место да игнорираат или речат “носете си светло кога трчате/возите точак“, да го постават и таму потребното ебано светло. Понатаму мислам дека тие електрични тротинети што служат како играчка на богатите деца (во најголем број од случувањата) се тотален вишок во Скопје (веројатно и во цела Македонија), односно Скопје нема инфраструктура за тие електрични тротинети да се возат по улициве. Конкретно излегувам на автобуска карши Симпо вратата се отвара од бусот и ти директно стапнвуаш на велосипедска патека каде што си летаат тие електирчни тротинети, и добро јас еве пред да се симнам од автобус гледам лево-десно, но дали сите гледаат или некои директно во брзање се симнуваат. Знаете колку пати имало судир или за влакно бил избегнат судир? Дали мислите дека не е можна ситуација каде ниту возачот на електричниот тротинет ниту патникот кој се симнува од автобус да не внимаваат и слободно да се движат? И сега некој ќе рече па добро има и точаци, зошто Филип не зборуваш и за нив? Да точно дека има и велосипеди, ама кога веќе не сме способни да се справиме со еден учесник во сообраќајот, зошто да имплементираш и втор. Кажи дека немаме инфраструктура за електрични тротинети и забрани нивна продажба, кажи дека не сме способни и извини се за сите љубители што сакале да возат. Ама не, мора се да има, мора се да накитиме, па после да плачеме. Ставете прст на чело, ако не можете нешто да направите како што треба, не го правете воопшто, човечки животи се во прашање.
Понатаму да продолжам. Гледам на вести сите се фрапирани како луѓето ги продавале ваучерите. Абе извини ти се молам, кои сте вие да кажете што луѓето да си прават со ваучерите добиени од народни пари? Ете човекот нема пари и не му е до одмор, бидејќи знае дека на тој одмор ќе треба дополнително да троши и таква ни е мочана мизерна државава, каде што човек нема пари ни за тој “мал“ трошок во Охрид. Дали треба да чека да му пропаднат парите? Кои сте бе вие мочковци едни да судите дали бил прав или грешен дали “злоупотребувал“. Кога ќе се мачите да склопите крај со крај и кога ќе пишувате во тефтер математика за колку леба имате до крај на месец пари преостанато, тогаш судете, а дотогаш уживајте си на сепарето во Голден Парк, и затнете си ги вашите погани усти и држете си ги во џеб тие ваши прсти што куцате по тастатурите на социјални мрежи без да размислите како е од двете страни на приказната.
И за крај, ми праќаат како Панчо од Днк коментирал дека дебелите не треба танги да носат нешто ретардирано, искрено не ни очекувам од македонскава естрада нешто паметно ама гледам фама се направила, милијарда коментари, па ајде да прочитам и да ви кажам искрено тоа што прочитав и особено колку луѓе подржале коментарите ме вџаши и уште еднаш ми даде до знаење дека тука нема никакви вредности. Значи 80% од коментарите беа досетки дека он е низок, никој не одвои 2 минути да му каже каде погрешил и зошто не е етички исправно тоа што го направил. На тоа што он се руга на еден физикус, дека биле дебели, они му враќаат што го ругааат на друг физикус дека е низок. Браво Македонци, браво инфлуенсери/инфлуенсерки, само така, некој паметен изјавил дека треба да бидете промената што сакате да ја видите во светот. Очигледно дека вие не сте луѓе што се борат да нема исмевање за нечиј физикус и предрасуди туку сте луѓе што се натпреваруваат кој подобри досетки ќе пише во коментар, кој поише ќе изруга, кој поише ќе се спушти на нивото на личноста од која се жалат.
И тоа, жал ми е што само за проблеми и неубави работи ми текнува да пишам, жал ми е што не ми текнува нешто или некого да пофалам, верувам дека не е се така црно, како што јас ви доловувам, простете ако ви пренесувам негативна енергија. Можеби до следно пишување нешто ќе се промени на подобро, до тогаш ќе трчам/возам точак дур ме пирка некое минимално ветренце, кое ми дава сила, уживајќи во слободата која ни е преостаната, надевајќи се дека следното утре ќе е подобро.