Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Ковидот е рентген за скршениците на општеството.....
така е, но факт е дека нема доктор на планетава Земја која ќе може тие скршеници да ги оправи:(:(
не верував дека луѓето до толку станале несовесни, дека чекаат други да спроведуваат мерки, мислејќи дека они неможат да заболат:(:(...глуперди:facepalm:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Драга Кајгана одамна не сме си пишале, како што знаеш карактер сум на човек што секогаш ги гледа работите од друга страна, а не од онаа која ни е наметнато и сакаат да ги гледаме, па збор два и од мене.

Пред некој ден врнеше кај 9 вечерта и тоа јако истураше, излегувам во паркчето кај Веро во Тафталиџе да прошетам после дождот и гледам кај 10 часот ги пуштаат прскалките. Мислев нешто случајно е и ќе исклучат, но помина 1 саат и абер си немаа од гасење на прскалките. Очигледно дека од претходно било сетирано прскалките да се уклучуваат во 10 вечерта или колку и да беше, ама само да ви ја доловам глетката. Вирови цели од дождот, тревата тоа цела кал направена уште патки да пловат, и плус на таа вода дополнително прскалките си прскаат. Очигледно се во државава е направено ради реда колку да се пише во општинското списание пред избори дека се направило и да се се соберат лајкови на пост на Фб од градоначалникот, не се гледа дека тотално е дисфункционално прскалките да работат во таква ситуација и прават контра ефект на тревата и дрвјата.

Кога сме веќе кај вредните градоначалници. Во моето претходно обраќање тука пред неколку месеци пишав дека барав светло да се стави кај Палас бидејќи кејот е тотално небезбеден таму под тој мост кај Палас, прво е нерамно, второ прст пред око не се гледа навечер, и не знаеш на какво тло газиш ниту дали пред тебе има случајно точак залетан без светло кој не те гледа/не го гледаш, секако беше игнорирано тоа и тоа светло досега не е ставено. Чим не се постави светлото пред избори, изгубив надеж дека некој ме сфаќа сериозно и дека ќе се постави некогаш. Пред неколку дена на кеј имаше страшна незгода со сериозни повреди, рака на срце несреќата беше на друго место, но тоа не значи дека иста таква незгода не може да се случи кај посочениот мост кај Палас, ова нека е само предупредување дека кејот не е смешки и заебанција и дека треба да се поработи на безбедноста на кејот и да се направи се што може да се спречи да има такви ситуации. Гледам на Фб на таа објавата дека има двајца сеирозно повредени од таа незгода, луѓе си ставале “хаха“ реакција, се им е смешно дур не ги снајде нешто слично нив или на нивни близок. Кога веќе се жалам од нешто, да се пожалам и дека нема светло ниту кај делот од Палас накај Центар пред кајакарите кривината, а таму често преминуваат ежиња и шатки, и се замолуваат надлежните место да игнорираат или речат “носете си светло кога трчате/возите точак“, да го постават и таму потребното ебано светло. Понатаму мислам дека тие електрични тротинети што служат како играчка на богатите деца (во најголем број од случувањата) се тотален вишок во Скопје (веројатно и во цела Македонија), односно Скопје нема инфраструктура за тие електрични тротинети да се возат по улициве. Конкретно излегувам на автобуска карши Симпо вратата се отвара од бусот и ти директно стапнвуаш на велосипедска патека каде што си летаат тие електирчни тротинети, и добро јас еве пред да се симнам од автобус гледам лево-десно, но дали сите гледаат или некои директно во брзање се симнуваат. Знаете колку пати имало судир или за влакно бил избегнат судир? Дали мислите дека не е можна ситуација каде ниту возачот на електричниот тротинет ниту патникот кој се симнува од автобус да не внимаваат и слободно да се движат? И сега некој ќе рече па добро има и точаци, зошто Филип не зборуваш и за нив? Да точно дека има и велосипеди, ама кога веќе не сме способни да се справиме со еден учесник во сообраќајот, зошто да имплементираш и втор. Кажи дека немаме инфраструктура за електрични тротинети и забрани нивна продажба, кажи дека не сме способни и извини се за сите љубители што сакале да возат. Ама не, мора се да има, мора се да накитиме, па после да плачеме. Ставете прст на чело, ако не можете нешто да направите како што треба, не го правете воопшто, човечки животи се во прашање.

Понатаму да продолжам. Гледам на вести сите се фрапирани како луѓето ги продавале ваучерите. Абе извини ти се молам, кои сте вие да кажете што луѓето да си прават со ваучерите добиени од народни пари? Ете човекот нема пари и не му е до одмор, бидејќи знае дека на тој одмор ќе треба дополнително да троши и таква ни е мочана мизерна државава, каде што човек нема пари ни за тој “мал“ трошок во Охрид. Дали треба да чека да му пропаднат парите? Кои сте бе вие мочковци едни да судите дали бил прав или грешен дали “злоупотребувал“. Кога ќе се мачите да склопите крај со крај и кога ќе пишувате во тефтер математика за колку леба имате до крај на месец пари преостанато, тогаш судете, а дотогаш уживајте си на сепарето во Голден Парк, и затнете си ги вашите погани усти и држете си ги во џеб тие ваши прсти што куцате по тастатурите на социјални мрежи без да размислите како е од двете страни на приказната.

И за крај, ми праќаат како Панчо од Днк коментирал дека дебелите не треба танги да носат нешто ретардирано, искрено не ни очекувам од македонскава естрада нешто паметно ама гледам фама се направила, милијарда коментари, па ајде да прочитам и да ви кажам искрено тоа што прочитав и особено колку луѓе подржале коментарите ме вџаши и уште еднаш ми даде до знаење дека тука нема никакви вредности. Значи 80% од коментарите беа досетки дека он е низок, никој не одвои 2 минути да му каже каде погрешил и зошто не е етички исправно тоа што го направил. На тоа што он се руга на еден физикус, дека биле дебели, они му враќаат што го ругааат на друг физикус дека е низок. Браво Македонци, браво инфлуенсери/инфлуенсерки, само така, некој паметен изјавил дека треба да бидете промената што сакате да ја видите во светот. Очигледно дека вие не сте луѓе што се борат да нема исмевање за нечиј физикус и предрасуди туку сте луѓе што се натпреваруваат кој подобри досетки ќе пише во коментар, кој поише ќе изруга, кој поише ќе се спушти на нивото на личноста од која се жалат.

И тоа, жал ми е што само за проблеми и неубави работи ми текнува да пишам, жал ми е што не ми текнува нешто или некого да пофалам, верувам дека не е се така црно, како што јас ви доловувам, простете ако ви пренесувам негативна енергија. Можеби до следно пишување нешто ќе се промени на подобро, до тогаш ќе трчам/возам точак дур ме пирка некое минимално ветренце, кое ми дава сила, уживајќи во слободата која ни е преостаната, надевајќи се дека следното утре ќе е подобро.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Драга Кајгана се започна од тука:

1596471982784.png

Од тука тргна целата работа од првата порака.

1596472029170.png

Среќна седмица.Од сите среќни седмици во животот ова се покажа како најефективна,од стаж на играње апарати никогаш да не ме посреќи,а овде за само 7 дена лапав.


1596472379582.png

Потоа станав зависник исто како на апарати така и тука.

1596472408216.png

Се разбира дека сум НЕСОПИРЛИВ потребен е само еден Бан и моето егзистирање и досетки заминуват во историјата.
Напишани повеќе од 100пораки.Се разбира дека за ова ми беа потребни повеќе од 1ден не сум ја партиски бот.

1596472501235.png

Никој никогаш ме нема наречено вака што би рекол Иан Куртис Mother I tried please believe me I'm doing the best that I can

1596472678071.png

Повеќе поени имам добиено на кајгана него ли на МОЈАТА ТИНЕКС ПЛУС ПОЕН КАРТИЧКА :place:

1596472747052.png

Кајгана е вистински проефсионалец и знае како да ги награди луѓето кој чесно и напорно си ја работат својата работа.Ви благодарам.

1596472880997.png

Никогаш не верував по ни една цена дека ваков генетски отпадок(што би рекле САФ) ќе стане ИДОЛ.

1596472956408.png

Можеби и сум вистински сунѓер НО да бидеме искрени има само еден сунѓер на форумов,а тоа е Сунѓетот Боб.

1596473022225.png

Поздрав Робокап.

1596473075083.png

И на самиот крај сум старпоседелец.Потекнувам од Нежилово роден во далечната 91,и се занимавам со овоштарство.

Да си дочекате и вие исто вака ко мене да бидете нарекувани Легенди,да собирате поени на вашата Кајгана клуб картичка,да бидете дел од една заедница.
Дами и господа ја сум whatto и најбитното чувајте се.
 

Attachments

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Жениве се борат со токсичниот шовинизам со тоа што ќе пишат „Панчо сељак“ и после отвараат Инстаграм, викаат „Глеј ја оваа курвава го сликала газот за лајкови“ и мислат дека се феминистки :')
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.493
Поени од реакции
80.553
Да имаш мачка дома во овие летни периоди е благослов, на километар ги осеќа бубашвабите и другите гадурии што ти се врткаат низ балконот.

Инаку оваа е единствената ...With The Devil песна што ја признавам \m/ Овие со столициве во Охрид се тапа, џабе само шират Корона.

 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Драга, а бе прво Парва вика дебелите да не носиме шорцеви на 40 степени, сеа Панчо става хештаг да си ја намалиме тортата. А бре какво намалување, сеа коа ќе смислам некој рецепт со торта на шест спрата... :ROFLMAO:

Шала на страна, контранапад со навреди за висината и дали некој има коса или не, ми е уште пониско паѓање. :toe: А кога сме кај паѓањето, пред месец дена само што реков не сум паднала долго време, утредента паднав. :ROFLMAO: Ме мрзи сеа да ти пишувам патешествија, потсети ме нареден пат. :P

Ај чао. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Ова најсериозно без заебанција - пред два-три дена си реков - Абе Шумеќа одамна не пишала дека паднала, изглеа прекинала да паѓа.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Кајги...
Овие неколку месеци ќе бидат да се биде или не, имам доста искушенија пред себе и се надевам ќе успеам во моите цели.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Кеј, да пишам шо ми се деси, 90 % ќе мислат дека се заебавам и измислувам. Подобро да ќутам и да се смејам за да не заплачам. :pos::pos::pos:

Освен објаснувањето дека во претходниот живот сум бил сериски убиец и сум одзел многу невини животи, не гледам друга причина зошто можната реинкарнација вака би ме дупела во овој живот. Да се фрлам во базен полн преполн со тазе 20 годишни мазни млади путки, ќе излезам со најцрниот најголем кур во устата. :toe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ретко што е појако од Србин кој мора да збори и да се објаснува на англиски бидејќи таква е официјалната кореспонденција :icon_lol: поти се мамето твое :icon_lol:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Замислете си да отидете на работа и да треба да поминете цел ден(океј пола :icon_mrgr: ) со уште 5 луѓе кои се од иста држава.
Е 3 недели треба да работам така, мислам дека немало поглуп период од ова за мене тука, а сум работел со луѓе од можеби 15 различни држави од 3 континенти, исто сум бил сам како Македонец во некој ресторани, и никогаш не сум имал проблеми.


ПС: Кога би морал да бирам у моментов држава каде што ќе мора да фрлам атомска бомба, тоа дефинитивно би било Иднија, најверојатно сфативте зошто :icon_mrgr:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Толку беше лудница вчерашниот ден што мора да го „забележам“ тука. После добри 2-3 месеци планирање и одложување конечно се собравме четири школски другари од средно и отидовме на road trip. Ај негде на поладно, да избегаме од градските гужви, дестинација испадна Беровско Езеро (инаку нема кочанска инфлуенсерка која не се сликаше овие денови таму, нормално ако не можела да тркне до Охрид, ама не е сега тоа темата). И онака убаво, пивце, грицки, малце ју рок и така... So far so good...

Од таму правец Пехчево. Другарот случајно открил таму добро кафанче за ручек па го препорача. И стварно бе, за ефтини пари се најадовме и напивме како стока. Си имаат малите места некој шмек за овие работи. Остај фенси места за сликање на Инстаграм по големите градови, некогаш поголем ќеф е да си седнеш во вакво местенце, што се вели со душа.

И таман си викаме супер испадна денов, се враќаме назад и на пола пат ни се сјеба колата... Почна да чади како парна локомотива. И тоа баш in the middle of nowhere. Ставивме триаголник и се тоа по пропис и чекаме да се излади а вода немаме ни за лек. Фрчат коли на сите страни, ако пробаш да застанеш некој да прашаш дали има вода гази на гаста и бега божем да сме четири психопати и чекаме да ни падне некој во заседа да го масакрираме. На крај после саат време се најде добар Самарјанин, наш човек од дијаспората во Италија. Алал да му е, некогаш мала помош ти врши голема работа.

Доаѓам дома изморен како тепано куче. Главата ме болеше како некој да ми ја ака од наковална. Се напив едно кафе и заспав на каучот како заклан. Се будам и гледам 2 и пол, ни негде можам да идам, ни можам пак да спијам. Ѕирнав што има тука на форумот па си ставив слушалки и си пуштив музиче за мерак. Онака два саата добро уживање.

Денес се будам околу 12 пошто уште сум на годишен одмор. Отворам ФБ и гледам Twilight zone ситуација. Бившата ми љубов ја постирала истата песна со која сабајлето заспав. Телепатија ли е, универзумот ли ми се смее во фаца или што е работата, појма немам... Ах животе, шопска салато без сирење...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom