Драга,
Деновиве сум во постојан грч. Во исчекување сум на нешто и тоа ме убива. Деновите ги поминувам топ, се фокусирам на работа па и не размислувам толку на исходот, ама навечер, мракот и тишина ми наметнуваат да се чувствувам како вљубена тинејџерка во исчекување на првиот дејт со дечкото на своите соништа. Тахикардија и ладна пот, во комбинација со пеперутки во стомак. Ма, какви пеперутки, крокодили...значи, не ти зборувам за љубов, туку за нервоза, напнатост. Како сите нерешени нешта, емоции и стравови, сите проблемчиња да ми испливуваат на површина.
Контролирам и неутрализирам со музичка терапија. Само сè да искочи ко што треба
![Упс! :oops: :oops:](/styles/default/xenforo/smilies/redface.png)
.