TrendS
Work Smart, Not Hard
- Член од
- 14 декември 2018
- Мислења
- 4.419
- Поени од реакции
- 30.017
Утре ми е последен работен ден.....од вторник сум на годишен одмор. Секогаш преферирам да користам годишен одмор во август, тој период од годината за мене е најубав за да поминам три недели на море во Грција.....едноставно полнам батерии и се враќам свеж, рестартиран и подготвен за работа.
Направен ми е редовен сервис на кола, па дури и зелен картон и извадив во март, ја обновив меѓународната возачка....некако не очекував дека сето ова ќе отиде предалеку.
Овој пат поради ситуацијата за прв пат ова лето останувам во Македонија.
Долго време се надевав дека ќе можеме да летуваме во Грција, па макар и со ПЦР тест......сеуште се надевам, оптимист сум како човек....дека можеби од септември ќе не пуштаат....но надежта некако се повеќе и повеќе ми се губи.
Ги прежалив парите платени на кампот за приколката која ја поседувам таму и покрај тоа што оваа година фактурата беше повисока од изминатите поради дезинфекции на кампот. Мојата приколка е празна и најверојатно таква и ќе остане оваа година.
Едноставно тоа е....се помирив со тој факт.
Не сум по езерата, но ги сакам планините, природата. Ке се потрудам ова лето да ги прошетам убавините на Македонија, за кои се некако не сум имал време...за жал.
Ке определам еден период прошетки низ источна, па низ западна Македонија....се надевам ќе си поминам убаво.