На првиот клип, се гледа дека електоратот делува изморено и незаинтересирано, скурчено му е веќе од исправање....со декади лидерите му се топорат со разни концепти за исправање. И никаква предигра во кампања не може да му го дигне ентузијазмот, ме разбираш, но потајно чека чудо да се случи .....и оооооп- за првпат му се презентира
суштината на процесот на исправање, на
најтранспарентен можен начин, се разбира, на 2м дистанца, по препораките на СЗО.
Што се ќе биде опфатено со процесот на Исправање?!
Технологијата оди напред, тоа што пред 15-20 години беше незамисливо за исправање, сега е лесно остварливо, особено кога технологијата е во рацете на амбициозни и докажани кадри. Едноставно, се живо и диво ќе се исправа, ако биде, да биде!!
Пример, ќе се почне со поскромни проекти, како кулата во Пиза, па неколку делници од Трансибирската железница- фокусот ќе биде посебно кон патната инфраструктура, за ако во иднина, на главниот координатор на овој проект му се јави потреба од некое непланирано патување (како свечена церемонија за доделување политички азил), патувањето до посакуваната дестинација биде што поудобно, побрзо, поефикасно! На агендата е и Кинескиот sид (страна 378 од програмата во повеќе детали!), кога условите тоа ќе го дозволуваат, да се држиме што подалеку од Коронашите. Потоа идат на ред и
Криволак,
Кривогаштани, за да се заврши со спектакуларно исправање на
Крива Паланка, во целост, со коритото на
Крива Река (за скептици, видете го нацртот на страна 569 од програмата, проект "
Крива Паланка 2023"). Ова се само дел од проектите на буквата К, во програмата сите се подредени по азбучен ред, за полесна навигација, и пред се за полесен увид при реализирањето на истите , да не се пропушти некој. Благодарение на квалитетната Кембриџ програма, Пелагонија и особено планетата Земја се порамни од било кога, но има уште простор за исправање во овој домен, со неколку квалитетни физибилити студии (пролистај го поглавјето "
Ќе ја дупнеме 24/7!", на страна 711). И многу други идеи, не може да се долови овој концепт во само неколку реченици, програмата не е за џабе толку страни!
Со финишот и на последната фаза, се заокружува процесот на исправање
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)
и веднаш има разлика (нареден клип)-Сите насмеани, полни со елан и самодоверба, горди и така исправени ги уживаме максимално
бенефитите од макотрпното исправање. Животот е полесен кога се ти е исправено. Да знаете, ама никој нема да биде поштеден или дискриминиран од исправањето.
Само, се плашам, да не се претера со процесот на исправање, лесно може да избегаат работите од контрола и на крајот(од клипот) да ни се удри исправањето од глава....
Време е некој да го исправи........................работите у Македонија
![Старче :anco: :anco:](/styles/default/xenforo/emot/star.gif)
!
Погодија аналитичарите дека ќе биде многу валкана кампањата.
Кој го измисли ова јутубот алал му вера, колку згодна работа, место да читаш 500+ страни програми, на овие жештини (покрај толку многу лектири), се ти е фино објаснето, во 2-3 клипчиња, колку и да си цепеница ќе разбереш малку.