Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драа

Зшто сфако трето девојче на точак вози на право у прву/фтору брзину?
Колко су смешни,како подрипнуеф,како да возиф статичан фитнес точак изглеаф.
Можда ги прија побрзо да пенетрираф на седиште, возиш и сфршуеш.

А што не ни напраиф на нас мушки седишта за точак сс дупче? :ROFLMAO:
 
“Овој народ во својата историја, ниту една работа не можел да ја заврши поради ситни крадци и продадени души. Немаме победено ниту еднаш, а пред тоа да не сме предале... Самите себе, се разбира. На секоја победа имаме по два пораза. На секој јунак, банда предавници.
А потоа некој ни е крив, нели? А за малку власт и малку ќар, спремни сме да предадеме сè… Мајка, брат, сестра, земја, сè. Како вчера, така и денес. Зарѓани сме, чкрипиме секаде! Веќе ни подмачкување не ни помага. Мораме да се менуваме цели!”

Жика Валенса - Ноќ во куќата на мојата мајка (1991)
 
Драга,

Секогаш кога ке прочитам некоја теорија на завера поврзана за короната од типот на 5г, бил гејтс, вакцини итн. ми умира по една нервна клетка.
 
Водно>Матка>Козјак>Рандом коктел бар>Велешко>Хилтон(каде што наместо во вашиот локален кафиЌ вие ќе го пиете еспресото по цена 5пати поголема за да се сликате покрај мочана фонтана)и така цело време на неделно ниво едно те исто ми делува како ова инфлуенсерка да е заробена во мрачен бермудски триаголник,а во која она верува дека е некаков показател,мислам дека,и целава ситуација е многу потрагична,и од луѓе кој немаат апсолутно никој во животот.
Тажно....
 
Последно уредено:
Драга,

Screenshot_20200714-061047_Facebook.jpg

Како што претпоставував, почнаа со теориите на заговор и за COVID19 вакцината. Ама овојпат се радувам! Доброволно ќе дадам и прв ако треба да ,,ме чипираат". :)
 
Dear K,

Туѓ срам ме јаде кога читам коментари на просечен Македонец. Имам изгледано многу rednecks документарци, со типични рурални необразувани Американци. Зборуваат англиски чисто, знаат да се изразат, дури и со јужњачки акцент лесно се разбираат. Дискусии на англиски јазик на социјални мрежи исто така лесно разбирливи. Земам некоја средина за ова, на пример не дискусии на теми како наука и технологија, затоа што таму најчесто пишуваат пообразувани луѓе, и не дискусии под рандом јутјуб рап или хип-хоп песна... еве да речеме дискусија на политички теми, каде што пишува и шуто и рогато. Можеш да прочиташ стотици коментари еден под друг, во кои независно од ставовите, луѓето знаат да се изразат, да се држат до темата, повеќе или помалку да се респектираат или толерираат...

Кај нас бајо мој... некогаш ми треба помош од гугл транслејт да преведам од македонски на македонски. Зјапам во екранот збунет, се прашувам што сакаше авторот да ни каже. Граматика, правопис, тоа е невозможна мисија, доволно е да се разбереме ама и тоа не е лесно. Секаков обид за достоинствена дискусија е убиен во рок од неколку минути со коментари од типот: „А ти мори о****** една ти ли најде да збориш!!!???“ Со ништо предизвиканиот испад привлекува лавина слични коментари и собира лајкови. За многу кратко време започнува и мајкошајкосувањето и се тоа се претвора во парада на простотилок и неписменост во која секојдневно уживаат Македонските интернет воини. Никаква култура, никакво ниво.

Нешто мора да се преземе...
 
Се имам некое чуство дека за одреден период ќе видам на темава слика од пуно и сусаро, и тоа во кафана а у позадина ќе им свири некоја дегестанска песна :icon_mrgr:
 
Дојде средина на летото, јас уште немам чувство дека е почнато. Од петок сум на годишен одмор а валјда нема да одам никаде ниту па очекувам нешто интересно да се случи... А кога беше карантинот си викав ќе дојде лето барем малку ќе се спаси годината. Капак на се, видов оти Дарко Рундек доаѓа во Охрид и се израдував, за после да ми текне дека баш сега нема со кој да одам, а на концерт не се оди сам. И така, ќе си се жалам од жешкото и комарците и ќе се досадувам изгледа... Silver lining - барем има фудбал и пиво. :)
 
Ден на избори. Не е мала работа. Бидете благодарни што имате права да гласате, иако сме 21 век, во многу места во светов се уште не стигната демократијата и се владее крајно дивјачки

На пример некаде во некоја отепана земја во Африка, имам читано дека имало потпишано некој договор според кој лидерите на победничката партија кај една од нивните племиња мора да направи коалициска влада со лидерот на победничката партија од другите племиња, арно ама лидерот од едната страна одбил тоа да го направил и свесно одбил да прави коалиција со побединичката паритја од една од племињата и со тоа го скршил договорот. Не знам што се десило понатаму, Африка е ова, ваљда не завршил никој во затвор и немало протести.

Исто така, во некоја од малите островичиња во Океанија, читав дека имало некој лидер на некоја партија што потпишал договор дека ако дојде на власт немало да направи нешто. Па после година дена направил избори дали смее да го направи тоа нешто. И после тоа решил да ги игнорира резултатите и да си прави пак што сака т.е. контра договорот што го потпишал.
Не знам понатаму што се дешавало, мало островче е ова во Океанија некое, ги нема овие работи на вестите.

Затоа, бидете благодарни што живеете во земја каде што владее правото и демократијата. Цивил убаво ви вика, гласајте за после да не се случи ситуацијата од Африка и Океанија.
Гласајте, за друг да не решава за вас.
Освен ако не живеете во овие маливе земји од Африка или Океанија. Таму не мора да гласате бидејќи веќе решаваат други за вас без разлика што вие сте решиле.

Ама во оваа земја? Бреј, дефинитивно треба да гласате.
И сликнете додека гласате, пратете во вибер групата со другите сопартијци дека сте гласале, па ако дојдат на власт вашите тогаш можда вашето дете што завршило факултет ќе добие и работа во Стокомак. Можеби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom