Кајганке
Ми доаѓаат вчера во двор партиски измеќари, со кеса во рака. Прво ми падна жал. На жешково да се акаш по сечии дворови, да обработуваш партиска агенда, да се бламираш пред народ.
Ми препорачаа да сум ја прочитала нивната програма и да сум излезела на избори да гласам.
![Мистичен :misticen: :misticen:](/styles/default/xenforo/emot/mist.gif)
„А бе што бидна со Facebook, Google и тој германскиот гигант Фолксваген“ - прашувам.
„А бе види, ова со коронава ја еба цела работа, чекаат да се стиши малку ситуацијава и ќе дојдат. Се е тоа договорено веќе, тоа е завршена работа“ - (завршен цитат).
Ме ставија во мисла дечкиве.
Искрено се прашувам дали навистина тие веруваат во тоа што го зборуваат?
Дали мислат дека со нивниот рафален одговор триумално го убедиле соговорникот?
Колку ли е тешко да зборуваш и уверуваш нешто во што ни самиот не веруваш?
Младино,
Нема никаква потреба да лижете ничии партиски задници, само за да си обезбедите административно столче. Засукајте си ги ракавите, почувствувајте ја потта на челото од сопственото парче леб, кое што сте го заработиле самите ВИЕ. Бидете свои на своето. Верувајте во тоа што го зборувате и смело кажувајте ги своите ставови. Достоинството и чесното работење никој не може да ви го одземе.
П.С. Како сме тргнати, треба да не стават како посебна гранка на изучување на психијатријата
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)