Пијан сум, пијам сам дома во обид да си ја убијам тагата па се извињавам ако има граматички грешки пошто ете не сум у состојба и на тоа да пазам моментално.
Оваа држава, поготово овој град во кој што живеам се ми зеде, буквално се. Потенцијалот, мотивацијата, желбата, среќата, љубовта, насмевката, менталното здравје, моите најблиски кои сега се во странство и за кои сум среќен дека се таму барем знам дека ќе им е подобро, Никад нема да им опростам на моите што ме направија тука, поготово што дозволиja овој дел од животот да го пројдам во овој еб*н град кој што на дневна база ме деприминира и кој што ме уништи ментално како ништо друго. Нема никад да опростам на ниеден политичар што направи на мои скоро 20 години да изгледам дупло постаро, што прстите ми се кафеави и жолти од нонстоп палење една цигара по друга за да си го скријам бесот и тагата, што и покрај целиот потенцијал и вештини и знаења работам за ебена мизерна плата за да можам да си ги платам сметките, киријата и лебот на маса. Нема да опростам на овој град за тоа што не можам да продолжам со образованието, за тоа што другарите ми отидоа во странство во потрага по леб и достоинство, за тоа што на мои 14 години јадев дијагноза за депресија, за тоа што станав порочен за да ја неутрализирам болката во срцето накратко.
Нема да простам за тоа што пола екипа од основно ми е на условно, што другарите од детство од најдобри ученици станаа тешки наркомани. Нема да простам за бедата и сиромаштијата која секојдневно ја осеќам, за секој пресметан денар, за секој филинг на кривица кога ќе си купам нешто. Нема да простам за тоа што повеќе од година дена носам исти ебани патики кои се пред распаѓање и ми прават рани после секое излагање од дома.
Нема да простам за тоа што трагајќи по правда имам наебано милион пати, нема да простам на ниту една пи*ка која што на неправда ќути само за да не сноси последици, нема никад да простам на ниту еден еб*н џандар што мести недолжни луѓе за евтини предизборни поени, што не те смета за човек и што ти се заканува со ќотек.
Ме боли к*р више искрено, цел живот ме прател осеќај дека ќе умрам млад и вероватно и така и ќе биде, ама знам дека кога ќе умрам, ако постои нешто после овој свет вашите души нема никад да ги оставам на мира, нема никад да ви дозволам да спиете на сите вас што се одговорни за ова што сега го пишувам, а и на вашите деца ќе им ја приредам истата судбина.