Dear K,
Читам сабајлево, во зоолошка градина во Цирих, тигрица нападнала и убила чувар. Во соопштението од зоолошката велат дека се до тогаш, тигрицата се однесувала нормално. Не, морони, тигрицата се однесувала нормално единствено кога го нападнала чуварот. Ја знаете приказната за скорпијата и жабата, така?
На поврзана тема, кога сме кај тигрици и скорпии, ми вика жена ми вчера: Ио, нема леб од Интерот твој, доста читаш меркато вести, земи прави нешто корисно. Ја послушав, одма земав изгледав 3-4 епизоди Dark на нетфликс и веќе се чувствувам како да сум ги открил тајните на универзумот.
Во суштина, јас сум workaholic, ама вирусот ми ја уништи работата и нема што да правам освен да чекам. Не сум многу по мотото „џабе работи, џабе не седи“... не, фала, џабе ќе седам а ќе работам кога ќе се плаќа. Е сега, како јас можам да мирувам и да фаќам сеир на форумов додека светов се распаѓа, а таа не може, сфатив кога го изгледав ова:
And of all the boxes that we have in our brain...
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)