Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
Константно водам битка меѓу себе, дали да напрам фб страница за споделување икони и со секое коментирање амин во коментари да добиваат луѓето +10 респект кај свети Павле, да доделувам 50 тенди ако ја споделат објавата 100.000 пати со 100.000 лајкови на страна шо ќе ја креирам за 2 минути со украдена слика од shutterstock, да напрам страна за здрава храна и да ги реметам дека чај од клиторис помага во битката со реума, рак и корона вирус..ИЛИ да земам пари од ЕУ за проект, да му ебам матер без пари ќе го напрам, да ги образовам луѓево шо е кликбејкт, лажни вести, адсенсе реклами, импресии lives matter итн. Дефинитивно нешто шо ни фали и е кривицата за срањево од постоењето на државава, е немање желба за образование. Не дека сум и јас нешто паметен, не се палете на ЦЕЦА ГИ ИЗВАДИ БОСКИТЕ кликбејт срања од минатата декада, 2020 ја протуркуваме.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.755
Минута молк за сите родители, па и мажи на девојчињата од Македонија, Косово, Виетнам, Нигерија, Киргистанн кој работат по Бургер Кинг и Мекдоналдс.
Во сите овие држави се опфатени сите можни религии, вери, раси а лагата кога им ѕвонат од дома е унирвезална, кај си, дома, шо правиш одмарам, никогаш ни се дома ни одмараат :icon_mrgr:


ПС:За неколку може и 1 саат да се салутира, како кога умрел Тито, до толку шо се активирани во тим билдингот :D




A да и ќе мора да се преселам на друго место, туку знаат дека сум најблиско до работа и ми ѕвонаат цело време да дојдам, се осеќам како у некоја крими серија да сум, мора да дојдам кога и да ѕвони телефонот.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Слика од млад брачен пар во најава. Седат на столчиња на некоја височинка, фатени за рака и гледаат кон езерото, над кое се надвиснал некој планински масив и синото небо. Слика која е одлика на уште една моја лоша животна одлука.
Кога Вардар ја освои првата титула со голот на Чупиќ, коментаторот викаше "Oh, it's been so easy on the end...". Камо да беше толку лесно...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Зошто не се пијат две дупли еспреса у рок од 2 саати и тоа ноќе...
Саат време и кусур носталгија ме фаќа по стари конверзации, носталгичар сум голем нек си ебе матер. Осеќам некоја жал сам за себе во трето лице :LOL:.....сигурно е некоја состојба на психата квалификувана како некоја "тачка", или сум "ептен просветлен".....јбг, може накад ќе знам во некоја релативно далечна иднина, најверојатно.
Ај да си продужам у тонење у агонија....арно ама "точката" што се гледам у трето лице и тоа не ми дава да го доживеам у оригинал....јбг. :LOL:
Иначе ве сакам сите, по некад јадам говна :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.915
Dear K,

Читам сабајлево, во зоолошка градина во Цирих, тигрица нападнала и убила чувар. Во соопштението од зоолошката велат дека се до тогаш, тигрицата се однесувала нормално. Не, морони, тигрицата се однесувала нормално единствено кога го нападнала чуварот. Ја знаете приказната за скорпијата и жабата, така?

На поврзана тема, кога сме кај тигрици и скорпии, ми вика жена ми вчера: Ио, нема леб од Интерот твој, доста читаш меркато вести, земи прави нешто корисно. Ја послушав, одма земав изгледав 3-4 епизоди Dark на нетфликс и веќе се чувствувам како да сум ги открил тајните на универзумот.

Во суштина, јас сум workaholic, ама вирусот ми ја уништи работата и нема што да правам освен да чекам. Не сум многу по мотото „џабе работи, џабе не седи“... не, фала, џабе ќе седам а ќе работам кога ќе се плаќа. Е сега, како јас можам да мирувам и да фаќам сеир на форумов додека светов се распаѓа, а таа не може, сфатив кога го изгледав ова:


And of all the boxes that we have in our brain... :pos:
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Кајги,починал уролог.Човекот требаше да се радува на пензија и повеќе време со семејството,а не тоа семејство да плаче по него поради идиотот кој го заразил.
Кога испозаразивте и медицински лица,кој ќе ве лечи,кој ќе нè лечи,бре идиоти?
Срамота...
Ковидиотите треба да добијат строга казна за загрозување на животи.
Кога не се разбира од збор,тури го во 4 ѕида и не го пуштај.Инаку нема да научи. :facepalm::uzi::rolleyes::popce:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Одвреме-навреме гледам „Аеродромско обезбедување: Перу“ и секогаш се смеам на изразот „контрабанда“ за илегални работи. А демек, легалните се „банда“, па овие другите „контрабанда“? :D
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.757
Поени од реакции
9.558
ДК............................:coffee:

...и ајде, ете нека се фалат младиве како во нивно време е поубаво отколку нашево за време на бивша Југославија...
Ние чекавме на ред за зејтин и шеќер а они сега чекаат на ред како овци за да ги тестираат:(

:toe:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Она чувство кога љубовниот живот ти е на толку ниско ниво, шо дури и да одиш во стриптиз бар за да видиш цицка во живо ќе искочи Гордана Силјановска да денса. :(
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.160
Поени од реакции
107.607
Прееска се качувам во такси, кажувам до кај да ме носи и прво прашање што го добив од него беше: Дечко, да не си живеел во странство? Викам не, а зошто? Па глеам одма стави појас откако влезе. :)

Тоа е се што треба да знаете за нашата земја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom