Да знаев дека волку тага ќе се собере во мене ќе барав да ме успијат едно месец дена со инјекција и да го загубам помнењето скроз. Не е можно, значи не е можно светот да е волку неправеден. Секој ден си викам дека доброто победува, дека на крај сепак има нешто добро ама не бе брат, не, значи не е возможно ова. Се осеќам како да умре дел од мене, како член од фамилија да ми умре, е до толку бев приврзан за него, иако виртуелно секако. Кога почнував да тренирам кошарка секој можен ден пред тренинг и пред утакмица клипчиња од него, милиони ГБ потрошени на Коби, копирање на секој можен негов потег, идолизирање до максимум... Ми помогна за многу работи во животот, како на спортски план така и во останатите сфери од животот и вечно ќе му бидам благодарен за тоа.
Идол на многу луѓе низ светот, хуманитарец, добитник на Оскар за краткометражен филм (постиран е погоре), и уште еден мал милион признанија. И што? Што направи сеа ти голем Универзуму? Што постигна со ова? WOW хеликоптер се сруши, не му даде ни шанса да докаже дека може се живо да надмине и да победи. Се кладам да беше болен, да имаше рак и слично, дека ќе ја победеше болеста, ќе ја заебеше медицината, е до толку заебано копиле беше Коби. Можеби си отиде физички од светов али засекогаш ќе останеш во моето срце, запаметен по се она што го спомнав претходно, раскажуван на моите деца и внуци.
Никад нема да сменам меил, стефан_кобе24 ми е, никад, апсолутно никад нема да го сменам меилот па макар никој не ме примил на работа, ме заболе курот.
Да не набројувам што се и има дадено на кошарката овој човек, сепак не е темата за тоа, а и не можам скршен сум од тага и липам како идиот дома, ролна хартија потрошив до сега. На денот на пензионирањето имаше многу убав говор, т.е. по завршувањето на последната утакмица, не пушти солза него насмеан се одјави после 20-та изиграна сезона. Па затоа по тој повод и јас сакам да го испратам со една таква фотографија која секогаш ќе ја чувам со себе.
Се гледаме во некои подобри времиња на оној свет, па макар тоа било виртуелно како и до сега.
Mamba out, now and forever
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)