Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.655
- Поени од реакции
- 59.655
Не ми е толку мачно што почина поранешен кошаркар, колку што ми е мачно што почина семеен човек и добар татко. Во денешниов врвен спорт, спортистите не се веќе ни пример ни модел за младите. Ретки се луѓето како Коби кои се инспирација и позитивен пример. Голема загуба е прерана смрт на ваков човек, а тоа што и ќерка му отишла го прави сето ова претешко. Нека почиваат во мир и тие, и останатите 7 патници (колку што разбрав, уште едно семејство било во хеликоптерот).
Скролање надолу по твитер денес е доволно да те фрли во депресија. Во морето од проштални пораки, нервираат замаранти со твитови од типот: а знаете ли колку луѓе умреа денес во рандом држава... Да, почитувани замаранти, многу луѓе умираат, и сечиј живот е подеднакво важен. Но постојат луѓе кои биле инспирација на милиони, луѓе за кои сме навивале или сме ги слушале или читале... смртта на таквите луѓе предизвикува чувства, кај оние кои не се лишени од емпатија. И не се никако исклучени двете работи, може да жалиш и за рандом спортист и за илјадниците жртви на нечиј режим или бомбардирање или глад... има простор за сочувство за сите, ако си човек. Само не ми кажувајте дека се будите секое утро тажни поради страдањата на луѓе за кои не сте слушнале, туку ги користите во вакви прилики на колективна тага за да покажете дека вие сте над другите. Дека сте над медиумската пропаганда, дека тоа вас не ве допира. Дека сте просветлени. Само во вакви денови жалите за илјадниците страдалници по светов. Какво лицемерие.