Животов во последно ми е ко на Титаник оркестарон што беше. Потонувам ама барем ми е со музика.
Ако пробам да ги опишам деновиве, ќе испаднам шизофреник. Насабајле (додека работат институции) обавезно сум во пиом, завод за вработување, урбанизам, ујп. Отсекаде писма казни триста глупости, не знам што попрво, ко ќе станам насабајле животот одма ми влегува со шамари. Само во урбанизам одам рекреативно, да ја ѕирнам мајка ми кога ќе ми текне успат, фала му на бога завршив со маркици, легализација на еден квадрат балкон или поткровје, сега се драпам со поегизстенцијални проблеми. После тоа одам на чорба во Панорама, во биртија каде сите седат на посебни маси ама си довикуваат меѓу себе, пошо зошто да не... После чорбата одам дома да ја наранам мачката, да наместам машина за да се пушти на евтина, малку инстаграм, крстозбор, една глупа игра на телефонов Headball 2, после отворам билтен да видам што има како има, в кладилница еден тикет за здравје, пијам кафе, се враќам дома, потоа средба во литературниот клуб или читање, се правам заебан ќе го читам Томас Вулф, ко сето време на светот да е само мое, а и навистина е.
Во меѓувреме, чекам пари од повеќе хонорарни работи, меѓу кои и една од пред 4 месеци. Секој ден му се јавувам на тој што беше главен, абе ќе има до нова година, сега почекај денес утре ама тука се парите па дур легнат Џими знаеш како е, абе чоек, мене за сега ми треба, шетам со 300 денари в џеб, а се правам некој академик. Единствено ми е утеха што луѓе ми должат мене наместо јас нив.
Така, со тие 300 денари денес, токму ко лик од романот на Томас Вулф, си купив 100 грама маслинки, две паштети карнекс од по 25 грама, едно кисело млеко, две кифли и лименка кока кола. Му дадов и нешто 20 денари ситно на Ејуп, едно петнаесетгодишно добро ухрането џупче кое се вртка пред пекара и чека некој да му даде пари за да си купи нешто.
И ми се јавува еден колега, му вршев нешто превод отпорано, ми вели Еј со такси праќам пари да знаеш му дадов твој број ќе ти се јави за саат време. Еј си викам супер, што ти е животот, ги фрлив паштетите си викам какви паштети будало една ќе си одам вечер во Стационе или ќе јадам шарска нешто. Ми се јавува потоа некој број, еј си викам супер еве го таксистов. Ало, тој Ало, Димитар? И јас да бе да Димитар, и тој Како си Димитар? Еј си викам учтив таксистов море, одма поминавме на интимно, и му велам Абе убо супер сум, како си ти? постар глас беше, и ми вели Арно еве седиме по дома. Еј си викам како бе дома, абе пари треба да ми носиш... и ајде, човекот ми вели - Абе да те прашам, некој добар уролог да не знаеш? И си мислам во умов, еј пичку матер од каде јас, јес да сум биден на сите можни лекари и имам добар склоп на дијагнози, ама на кур болење уште не сум стигнат. И сфаќам дека не е таксистов ова, којзнае кој е човеков, си има мака. Си сврзавме понекој муабет, ми ја кажа маката, ниту знам од кај го има бројов, на крајот на краиштата не е важно, ислушав човек што немам абер кој е ама го ислушав, не испаднав педер, а него му олесни на душата.
После се јави и таксистот, ми донесе едно млитаво ковертче. Се чекавме кај џамијана. Накиснав на вечерниот дожд додека го чекав, се осетив беден, додуша фалеше и мала доза патетика за се да биде по прописи, на пример некој да ме прободи со нож, да откријам дека таксистот е татко на моето дете, или да влечам некоја дамнешна камата од 0.05% во ујп без да сум свесен за тоа, да ми ја земат куќата пошо мајка ми ме зафркнала за маркица за поткровјето, такви некои патетични обиди да се даде важност на овој обичен живот.
Сепак, да не се жалам толку, останува малку време и да и се даде раат на душата со читање, читање и читање.
Извадок од книгата на Томас Вулф:
„Навечер, по улиците, шеташе со Ајрин Мелард; градот беше проретчен и разжален од разделбите. Неколку лица брзо поминуваа како носени напред од кусите налети на ветарот кој се вперил во нив. Го држеше чарот на нејзиниот мал умор; му даде утеха, а тој никогаш не ја ни допре. Но го истури товарот на своето срце, треперливо и страстно. Таа седеше покрај него и му ја милуваше раката. Му изгледаше дека никогаш не ја познавал додека не се сети на неа со години подоцна.“