Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
К.

Не сум ти пишал одамна. Конечно дипломирав, тоа е најново од денес(вчера т.е. дека веќе врви 12 саатот)

Со самото тоа сметам дека 70% од животот ми исчезнаа. Знам, тек сеа почнува тешкото, та работа, та ова, та она итн итн. али за време на факс допрев all time low у самодоверба, се поправив 30kg, се наполнив нервози,фрустрации и комплекси итн.
Имаше и светли моменти, дружби пред се, контакти кои веројатно ќе останат за цел живот. Меѓутоа, од денешна гледна точка( денес дипломирав) некако преовладуваат многу повеќе негативните страни. Знам, ќе сакам да се врати ова време и сето тоа, меѓутоа сметам дека копнежот на постарите е пред се кон младоста, а не толку кон времето на факс.
Сега останува КОНЕЧНО да се посветам сам на себе, да ги направам сите оние работи за кои сум се лажел сам себе, а и другите дека најчесто "неам време дека треба да учам/спремам проект за факс/треба да одам на предавања". Мислам дека ќе успеам, денес инстантно ми се покачи самодовербата откако ми беше соопштено дека сум дипломирал.....soo,wish me luck :)
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
33
Поени од реакции
23
Дк

Еве после година дена се одлучив да идам на психијатар(читај психолог).Пријател на член од фамилијата.Па изглеа следнава недела ќе одам.Среќна сум што конечно сфатив во каква ситуација се наоѓам и не бегам од проблемите.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.610
Поени од реакции
88.092
Кајги... утре би требало да ги пуштат Саше, Кочан и Миле од притвор, а тоа значи само едно нешто... Ленче ми ја искористија за партиски цели :(. Доказ дека сите што седат во собрание без разлика на партија, националност и вера се едни обични Хомичи!!! Бем ти и Заев, и Мицко, и Али, и Тачи, и Касами.





Елај си Ленче кај Шики да те гушне...

 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Абе Брејвик убаво ти кажав тука да убиеш едно стотина луѓе,ќе те амнестира за секунда,вака мораш сеа 21 година да лежиш у тоа норвешките затвори кој имаат подобар статус,удобност,храна него ли кај мене дома.Башка имаш добиено оштета од државата со само 40к,а кај нас ќе те наградеа со многу повеќе...Ај ќе знаеш за нареден пат
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Во животов ми фали ГИФ со два ликови од cyanide and happiness со дооолги пениси, и тие така застанати да си ги тријат еден со друг, и као тоо бате, ха ха ха, никој не ни е равен мајнд сет.

Со тоа би обајснил понашање на све, од МК политика, меѓучовечки односи во МК, шефови во МК, влијателни, инфлуенсери, админи....
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Драга,

Мал милион видеа за тоа како да не си ги утнеш веѓите при шминкање. На тоа спаднавме ко женски род, како да не си ги заебиш веѓите. Ништо чудно што ми се здосадува после десет минути муабет со кое било женско во глобала, не можеш озбилно да ги сфатиш повеќето или пак да претпоставиш дека имаат нешто посуштинско во себе. Што муабет прават побистриве од машки пол со вакви, ич не знам искрено.
И секако немаше да цутат естетскиве индустрии ако на машкиве тоа не им се допаѓа, иако досега немам сретнато некој тоа и да го признае. Дури и овие побистриве не се имуни на разголени типки на инстаграм, со пола кило шминка на себе, со некои чудни фаци, као замислени, као секси, као заводливи.
Едниве глупи, другиве лицемери и глупи.
Како иде крај на година, така се повеќе ми се скурчува од се околу мене.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга,

Никако да седнам и да ти ја сумирам годинава.
Или барем да пробам.

Ни вечерва нема да биде таа вечер.
Но сакав да ти кажам дека те имам на ум.

Од утре сум слободна до осми и морам да најдам време да го напишам сето тоа што ми се случуваше годинава.

Дотогаш, stay golden.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Секоја година истите коментари по ФБ за оние вработени во маркетите и бутиците на кои работното време за празниците и е до 19 часот па и повеќе. Бараат да биде до 14 часот.

А истите тие што коментираат сигурно на 31ви пазаруваат на големо и тоа до касно мислиш крај на светот е.
Абе си пазаруваш 3-4 дена пред празник или на големо еднаш во две недели и сигурно нема се да се изеде и испие ако е порано купено. И онака тоа мора да го купиш и зошто да одиш десет пати кога можеш еднаш.
Од такви работното време е тоа што е, ако нема никој попладне сигурно нема да работат до вечерта.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.881
Поени од реакции
17.717
Не знам што мисли народот што му го сервираат како хумор на телевизииве. Пред некој ден гледав "Нема љутиш" и воопшто не можам да им го сватам хуморот, или сум веројатно глуп или тоа не се скечеви ни за деца од градинка. Исто така погледнав мал дел од онаа емисија на Жаре и тој вид на хумор веројатно не е смешен ни на ментално болни лица, а не на гледачите.

Значи или денеска секакви скечеви и работи се сметаат за хумор или ја сум ја изгубил смислата за хумор
 
Ф

Флеш

Гостин
My name is Ljumi Bekiri and Im a agent in the Special Activities Division of the United States Central Intelligence Agency responsible for covert operations .... My special skill is prolonged annoying screaming into the human skull until endless limits ....




 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Слугинка!!?? Мислев дека повеќе не постои овој понижувачки збор и дека е заменет со куќна помошничка, ама ете има такви што малку прогледнале, па глумат Касандра и се`уште го употребуваат.
Ако не ја познава нека ја праша може и треба и роб, па да и испратам некој црнец. :coffee:

Screenshot_20181229-072421~3.png
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.875
Поени од реакции
30.790
Кајги...
Абе технологија, идење напред у се а луѓево назадуваат...понекогаш мислам дека гадно ќе се заебеме.
Пишуваш подолг текст ти враќаат: да, не, хаха, ахаха.
Некогаш не треба ни да се трудиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom