Драга,
Некогаш сум им многу, многу лута што мене ме учеле да бидам реална, да гледам долгорочно и дали тоа ќе се исплати, да не се занесувам, да не си фантазирам, да си се држам до познатото, додека нему му е дозволено да забегува, да си тера фантазии, да пробува, да си биде сам себе уствари без никакви рестрикции.
Многу сум лута ако почнам да мислам на тоа. Многу. Зашто ако еднаш, двапати, пет пати ти кажат не, не можеш тоа, за секоја наредна ситуација веќе си истрениран да си кажеш сама себеси дека не го можеш тоа, па си останува тоа во тебе и го тргаш од глава, не го ни спомнуваш.
Накрај пак ќе излезе и тој оној со амбиција, со одење контра, па и некоја почит ќе добие за тоа. Туго ебана несреќо. Јас пак кога одам контра сум разгалена, размазена, непослушна и немам почит.
Многу сум лута.
Од друга страна, фала им и за ова со реалноста и не-фантазирањето. Ќе лажам ако кажам дека не си се допаѓам ко особа денес, некој би рекол хардкор, ама мене ми е убаво. Си се прифаќам со сите виножита и срања, кој што сака може да збори за моите допаѓања, преференции, желби и општо за мојот живот, ме заболе години наназад.