Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Драга,

Мајка ми вчера си дојде прилично потресена од работа. Некоја колешка добила удар, паднала на работа и умрела на лице место. Тетка ми го потврди истово, дека и она разбрала така, раскажаа на сите, па приказни пола саат, млада жената, животот не е фер, бла, бла.

Денес иде од работа, за малце ќе задоцнела бидејќи поминала во некоја продавница, тие извадиле новогодишните работи, се било многу интересно, се занела гледајќи. Купила нови чаши бидејќи ја потсеќале на папагалов. Чашиве имаат розови пердуви. Он е син, и не е фламинго.
После тоа, саат време помина зборејќи за навлаки на гарнитура, што боја мислела, каков материјал, што највеќе ќе стои, дали ќе стои, дали има воопшто поента. Мигрената дојде, и скурчи и нејзе, па си замина.

Битно после два саата ноншалантен муабет, за кој како, и текна дека уствари женава не умрела, т.е лошо ја пренел некоја причата, денес се било појасно. Добила удар, ама битно ја спасиле. Супер.

Тука веќе се префрлуваш во твојата соба, спушташ ролетни и чекаш пола саат да ти се отвори бавниот лаптоп и да отвара страни, зашто и тоа радо ќе го трпиш, наместо уште човечка интеракција за денес. А може и за неделава е доста.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Сега приметив,се извинувам за грешката,Пријавив да се избрише вишокот на буквата Т во името.
----------------------
Се чудам што не можам за викенд да ги видам комшииве.
Зиркам од прозор и гледам.
Колони возила во низа го напуштаат паркингов и Скопје.
На задното седиште се стиснати две деца со багаш.
Отидоа летните алишта во најлонски црни вреќи в село или друг град.
Отиде и излитениот тепих,ќе му треба на дедо за во неговата соба во подрум.
Отидоа и го напуштија Скопје и постелините од децата и некој чаршави, но баба ќе ни наполни една јастучница со јуфки и една мала навлака со тарана.
Отидоа и некој распар чаши и филџани и една загорена тава,тате ќе ја сака за топење чварки.
Отидоа и реквизитите за одмор да презимат таму но не на таван како лани оти глувци го изгризаа чадорот и гумите за пливање.
Отидоа на овој пат за родниот крај и два пакети со разни тегли,на мама ќе и требат за зимница, а она си знае дека за назад ќе ни ги врати полни.
За малку ќе заборавев а цела година ги собирав најлон врвките од пакувањата на јајцата,ќе им требат на мојте за нижење пипер,се враќам горе да ги земам и тие треба да одат таму а 2-3 и пак ќе се вратат полни тука.
---------------------------
во недела навечер повторно ќе зирнам од прозор и ќе ве обавестам што ќе видам.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.583
Поени од реакции
81.164
Дојде време Шутел да има поквалитетна програма од скоро сите македонски телевизии... документарна "March of the Penguins" со Морган Фримен.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Лик со име во стил Петре Петревски, локација Белград, родум Врање, потекло сите знаеме од каде, ти пишува мејлови на српски, му враќаш на македонски и одеднаш имаш "ама ја ово не разумем". Полека со препичов, не се тресете, да ве испцуе човек сѐ ќе разберете ама текст со параметри за сетирање каде што 95% од пишаното се бројки, не разумете. (y)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403


Др....каков ли текст да ставам на оваа слика...
Дојде живот....не одговара
Не, е ова е живот...тоа одговара?
Тука сум и јас некаде и„ моја генерација 40 и неке“(родени после ратот)
Колку ги сакавме овие работни акции и со нетрпение ги очекувавме и сами се пријавувавме.Сакавме сите да одиме цела улица,цело маало,цело школо,цел град.
А сега дали може да најдеш во цела држава една рака момци или девојки кој би отишле на нешто слично од сликаново.
А таму тогаш немаше барови и кафичи и кладионици,скромни шатори и дрвени маси и алуминиумски лажици и цврсти лопати и една гитара без две жици.А СЕПАК БЕШЕ УБАВО и сите радосни и задоволни.
Треба уште нешто да пишам. МИ СМО ТИТОВИ-ТИТО Е НАШ.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Драга...одамна не сум облека облекол стара,
Ова е убаво кажано,ова ме потсети на случка пред некој ден,во гаража-подрум тарашкав по многуте спакувами пакети од (непотребни)работи при многу селидби низ Скопје а кој ќе ми сметаат во станот.Таму во еден пакет си најдов една кошула од ерген која многу ја сакав,ја купив од трготекстил на рекорд и многу сум ја сакал да ја носам за на корзо.Таму во подрум после пола век повторно ја облегов и се почуствував пола век помлад.Така стокмен се видов со полно коса на главата и малку влакна по брадата,тогаш го видов плоштад,го видов Вардар,го видов громби и дуќанчето шалтерот пред самоисхрана каде знаевме да се напиеме пивце со гилици,така стокмен со веќе тесната кошула од младоста ги видов сите другари и другарки за жал некој и не се повеќе на овој свет.Така облечен во старата кошула го видов кермез и опатија.Мора таа кошула да ја донесам горе и женами да ми ја испере и ако треба на шнајдер че ја проширам малку и ќе си ја носам,Ќе си ја носам кога ќе ми текне за Нашето убаво СКопје и верните другари и чесниот живот без лаги и подвали.Ова ќе мора да го продолжам и пишам повторно
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Постои една англиска поговорка, или е цитат од некоја книга а оди the youth is wasted on the young. Не постои поточна поговорка од неа. Ама не дојдов заради тоа, друго сакам да кажам. :)

Мислам дека никому не сум кажал порано, но јас всушност многу мразам да спијам. Животот и онака е прекраток за да човек губи на спиење по 8-10 саат секој ден. Ги презирам луѓето на кои неако им успева да чмаат во 10-11 саати во кревет. Легнувам да спијам само кога веќе мозокот сам ми се исклучува и спијам по 4-5 саати. Среќа го имам мачорот да влезе во спалната кај 6-7 наутро и да прогласи дека нему му е досадно и дека некој треба да го забавува. Не се сеќавам кога последен пат сум се разбудул одморен.

Порано, кога бев млад често сонував град. Беше еден ист град, и секогаш различен во соништата. Кога ќе се разбудев после тие соништа се чуствував одморено и свежо, се чуствував среќен. Се сеќавам пред да заминам Англија многу често го сонував тој град кој тогаш во моите соништа се наоѓаше во Англија.

Сега, многу години подоцна, не сонувам градови. Всушност, повторно ги сонувам, но сега атмосферата е потполно различна. Сонувам тесни валкана улици, сонувам ќенефи, сонувам дека каснам некаде, дека сум ги загинал парите, се е некако нервозно и напнато. Пред неколу месеци има серија апокалиптични соништа, сите начини на кои животот на Земјата може да заврши, од природни катастрофи до напади на вонземјани. Се би дал да може да се спие без соништа, онака легнуваш, се исклучува мозокот и по извесно време се будиш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
Кајг морам тихо да ти шепнам, нешто, морааам,
значи ако не се злоупотреби за свој рејтинг и поени преку делување емотивно на народот, ТВ не се тие ако не го сторат тоа суптилно влегувајќи во секој дом, многу сум револтирана што ете токму сега на Тв Канал5, во Дневник, посебно место на дневно информирање беше и победата на децата со пречки и посебни потреби т.е. младите со Даунов синдром кои добиле награда за хип хоп денс?



па уште и интервју на нешто што само тие разбираат што зборуваат, секоја почит на овие млади деца кои ете се трудат колку се во можност на нивниот развоен статус, но не да бидат толку фалени на ТВ, а збор не се кажа за другите деца, пример за малечката Мила Србиновска која 2017 била прва во хип хоп денс во Полска, а годинава трета на истово натпреварување за која ТВ Канал5 толку ги фали како амбасадори на МКД со Даунов синдром, а што?? малата Мила не е амбасадор или „не е интересна“ на ТВ медиум како атракција?! :toe:
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга,

Пред некој ден имав една mind blowing ситуација.
Си ја пеглам косата пред работа и гледам некои видеа на јутуб. И почнува едно за 5/25 правилото на Ворен Бафет.

За тие што не знаат, тоа оди вака:
Еден ден Бафет се шетал низ една од неговите компании и го сретнал пилотот Мајк (името е небитно) кој работел за него веќе десет години.
Бафет му рекол "Ти чим работиш за мене десет години, нешто мора да правам сосема погрешно" - во смисла, досега Мајк би требало да има своја компанија или слично.
Бафет го замолил Мајк на лист да му ги напиши 25 работи кои сака да ги постигне во животот, без разлика колку лудо му звучат.
Овој ги напишал и Бафет го прашал од овие сите 25 да ги заокружи оние 5 кои му се најбитни.
И после тоа Бафет го прашал Мајк - А што ќе правиш со останатите 20?
Мајк му кажал дека ќе ги извршува кога ќе има време.

Не, му рекол Бафет. Тие 20 работи само што ги стави на листата "одбегнувај по секоја цена". Никогаш нема да ги започниш ниту завршиш се додека не ги завршиш овие пет.
Не се сеќавам дали имаше морал приказнава, мислам дека каснев на работа за да го дослушам видеото.

Но ми остана во глава цел ден.
И кога се вратив од работа седнав да видам кои се моите 25 работи кои сакам да ги постигнам во животот.
И сфатив една многу клучна работа за себеси.

Јас на листата може да напишам дека сакам отворам три СОС детски села или дека сакам да помагам постојано на сиромашните или дека сакам целиот мој профит да го делам со помалку моќните - сето тоа ќе е само привидение на она што вистински се трудам јас да го постигнам во мојот живот.

Да си простам на себеси.
Јас имав само една работа на мојот список од 25 работи кои сакам да ги постигнам.
Да си простам на себеси.
За тоа каков човек бев.
За тоа колку бедна, злобна, плитка, себична ќерка, сестра, внука, девојка бев.
Да си простам за тоа каков човек никогаш нема да бидам.
Да си простам за тоа дека најверојатно никогаш нема да сум финансиски стабилна.
Да си простам за тоа дека кога требаше да вложувам во себеси, јас се што правев беа да запознавам мажи, да откривам мажи, да бидам со мажи.

Да си простам дека никогаш не инвестирав во себеси.
Да си простам за тоа дека најверојатно никогаш нема да станам мајка, дека сеуште сум пресебична за таква обврска.
Да си простам на себеси што никогаш нема да имам доволно пари во животот.
Да си простам на себеси што никогаш нема да сум доволно паметна да работам две работи како мнозинството на луѓе кои ги познавам.
Да си простам на себеси што секогаш ќе се сметам за помалку од другите луѓе.
Да си простам на себеси за сите работи кои ги правев на сите мажи во мојот живот.
Да си простам на себеси за Славе.

Никогаш нема да успеам да го направам ова и што и да напишам на таа листа ќе се врти околу овоа.
Да си простам од тоа што совеста ќе ме изеде за сите овие работи.
До сите вас.
Кои ми пишавте после напишаново. Фала ви.
Ми значат вашите зборови иако никогаш нема да ми помогнат ако јас самата не можам да си помогнам.

Она што сакам да кажам е дека од денес започна процесот во кој јас си простувам на себеси.
И тоа започна од Славе.

Требало да се видам со човекот со кој поминав скоро три години и требало заедно да се исплачиме и да раскиниме како луѓе. Секој еден заслужува таков крај, човечен. Во кој свесно се испраќате назад во светот.
Со многу плачење и со многу гушкање.

Можеби еден дел од мене секогаш ќе тагува. Но иако сме раскинати веќе пола година, за мене вистинското раскинување се случи во петокот вечерта.
Само се надевам дека ќе продолжи со својот живот. Тој дека ќе продолжи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom