Кеј,
јас сум ужасен. Прво им го мотам умот со теми за љубов и долговечност - дури и самиот развивам чувства, убеден во себе дека тоа е така. Се до моментот кога тие не развиле чувства. Тогаш следува гостинг, гас-лајтинг и ред други безвеза американизми. Од Декември до сега,на 3ца им го направив истото. На 3иот бар му забранив да се вљубува во мене, му објаснив како стојат работите. Можеби му личи дека сум заљубен до уши, ама ако сетам дека и тој развил чувства, уште еднаш нема да ми ги види Бамби очите. Ова, баш вака му го кажав. Сета среќа, психолог е.
Секогаш мислев дека мене ќе ми е скршено срцето. Испадна дека јас сум срцекршачот. Дека ми треба психолог, знаевте одамна. Сега сериозно размислувам за еден, ди-кеј кајгана терапија не е доволна.
Поздрав со песна од оригнилното балканско Бамби, со очи ко срна, ил византиско Барби.
Ражнатович беше нешто друго кеј. Живот шо виде, у пичку матер, колку уба - толку страдана. Како шо вели во една од поновите песни, од тих олоша постала сам и ја лоша - толку ужасна реализација.