Пред некој ден, онака на фамилијарна слава по повод именден слушнав како неколку мали деца од 8 години разговараат:
едното дете вика - "ја имам 1000 денари, мои, само мои, лично мои".
другото му реплицира - "пффф, јас имам 50 евра, знаеш колку се тоа? 6.000 денари"
третото од таму скроз сериозно - "јас 350".
Мислам интересно беше и смешно изглеаше целата ситуација и е спорна од многу аспекти, пред се колку парите ни се "влезени" у днк-то уште од мали нозе, али тоа не е битно за муабетот и ќе го искористам како вовед на главниот муабет кој го правиме уште од мали нозе.
Кога сме веќе кај луѓе кои што (не) иритираат(а.к.а топ феномени), во топ 3 ги ставам возрасните луѓе(генерално машките, иако и женски не се толку ретки) кои ради свое его/комплекс или незнам каков психички "недостаток" мораат да лажат, измислуваат или филмаат приказни од својот живот.
Под овие причи ги вбројувам разните "леееееле, ти незнаеш што и праев тогаш и тогаш", познатата машка лага - "леееле како ја дупев таа и таа/ леле колку ме замара(ше) една" (а уствари изел корпа или он е тој што ја замара), па се до "баце шо не си дојдеш горе? праам 4000 евра у Шведска/Немачка, менаџер работам на градилиште, аудито ми е горе го остаив таму" а уствари смрди на ефтини туни од ЛИДЛ или АЛДИ шо се вика од џеб му испаѓаат
, па се до познатото "другар/ка мој/а направи нешто wow" - сценарио кое персоната штотуку го измислила колку да се најде у муабет или да биде центар пажња. Капак на се е кога некој тотално имагинарно у недостаток на аргументи ќе каже "ти мене ќе ми кажуваш мој роднина работи таму и таму, знам каква е ситуацијата".
Се прашувам зошто луѓето ја имаат оваа потреба да се претстават себеси во најдобро можно имагинарно светло? Се плашат ли од она што се они стварно, односно од нивните злобни карактери и лоши души? Сакаат да бидат имагинарно "подобри" од другите? Сакаат премногу лаги, па се лажат и самите себеси дека се некој и нешто? Или пак се патолошки лажговци?