Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.025
Поени од реакции
12.696
ДК,

Вработени во Мак.Пошти пријавуваат дефект дека немаат интернет. Одат колеги на лице место, шок. Си го исклучиле рутерот од струја за да приклучат грејно тело.

И после вие се чудите зошо 90% од пратките ви се изгубени и зошо едно писмо од Охрид до Скопје патува 1 месец.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.838
Поени од реакции
7.189
Му позајмив книга на тип што не го знам баш, пред се` ради заеднички познаници му ја позајмив и пред некој ден од нигде никаде ми пишува дека во мое име ја донирал книгата во библиотека. :brlav:А книгата сум ја нарачал од нет, ја нема кај нас. И позајмив три книги на една другарка од кои една за Милан Младеновиќ, српско издание што не знам дали ќе ја најдам повторно и ми ги нема вратено година ипол и се отсели од Македонија, а пред некое време ми прати список од 30тина книги да и` позајмам. За несреќа, ги имам. :brlav:Поука? Да не бидам толку лабав во позајмување книги. :angel:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да работиш техничка поддршка или IT solutions во земјава е врвот, тек тогаш ќе видиш какви unusual fyromages сме, постов на Емка и ова што јас сега ќе го пишам е само гребнатинка. Пред 5 години од работа одиме да инсталираме интернет кај клиент, нема да спомнам име ама знајте дека не се работи за штогоде фирма со две канцеларии. Им ставаш најнова опрема, рутери, свичеви, сФе тоа Cisco (тие што се разбираат од сферава, знаат колку е скап брендот) бекапи, мекапи и им даваш само една молба - не ги преместувајте работиве, ако има проблем со нив, снема интернет или сметаат, ние ќе дојдеме да средиме. Си работи се супер 3 дена, четвртиот вртат дека немало интернет и тоа бесни мислиш ние сме им мавале со секира по кабелот. Одиме таму и кога ќе видиме, ги пренеле апаратурите во просторија за производство кај што се развиваат температури и до 60 степени :pos: :pos: :pos: Од глава ми идеше да им ги треснам, среќа само им се активирал модулот за безбедност и се исклучиле од функција. Ни сенс дека нешто скапо можеш да расипеш, ни да се запрашаш во себеси да не ќе расипам нешто, ни да речеш чекајте прво да се јавам да прашам дали смее.. Муабетов со поштава е дното, некој мисир таму што лепел плакати цел живот сериозно го сфатил муабетот - да не беше Никола Тесла ќе гледавме телевизија во темница :icon_mrgr:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
ДК

Јас сум против промена на името али „Република Македонија(Скопје)“ е далеку подобро од ФИРОМ.

Горна или Северна звучи глупо, а и асоцира на тоа дека има јужна или долна. Нова е најглупо од сите, а „(Скопје)“ ми е најлогично пошто е некако неутрално, а и се знае за која Македонија па немаш мешање.

П.С Глупо е што сме во ваква ситуација друг да ни наметнува правила.
П.С2 Во секој случај референдум мора и треба да има па како одлучи мнозинството така нека биде.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.237
Поени од реакции
18.421
Драга Кајгана :D

Треба да учам во среда полагам испит ама страшно ме мрзи. А кога ме мрзи нешто не го правам па макар и животот ми зависел од тоа. Не до толку ама се разбираме. Падната ми е многу концентрацијата последните две години, не само за учење туку пред се за читање книги. Кога ќе се сетам на едно седнување знаев да прочитам до 200 страни и тоа од доста тешки книги, особено за возраста. Пример Ана Каренина ја имам прочитано минимум 4 пати, од кој последниот сигурно е некаде пред 4 години. Со мал фонт е пишувана, сега да седнам ќе ми требаат месеци, а на 16-17 години ја читав за 5-6 дена. Два тома се околу 700 страни сигурно.

Друга работа, пред некој ден баба ми си поставила несакајќи филтер за повици на телефонот и беше недостапна. Ја пратив во ВИП (пред јас да откријам што е работата, не бев дома тој ден) таму неписмените го чепкале телефонот, го гледале го токмеле и на крајот одлучиле да ја сменат СИМ картичката и и рекле после два часа се ќе биде во ред :LOL:. Секако дека ништо не беше во ред, мислам кој кур менување сим ќе тргне забрана за повици. Таман другиот ден баба ми решена пак да оди таму, јас се вратив и земав да го прочачкам телефонот. Прво мислев дека за да се тргне забраната е потребен пин, но случајно загледав едно поле филтер за повици. Отварам таму, гледам активиран филтерот, а во белата листа некако се нашол бројот на мајка ми и само таа можеше да и ѕвони пред тоа. Го деактивирав филтерот и се беше во ред, кога почна дедо ми да ме фали, експерт сум бил за телефони, подобар од оние во ВИП :pos:, а јас немам појма од технологија, @Scirea има пишувано на темава за тоа :noze:

Ај сега да пробам да одам да учам, иако нема шанси да успеам денеска. Здравје утре од сабајле.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Диар,
не ми се верува дека пензионериве го имаат зафатено и Водно бе еееј. Се качуваме сабајле од кај железничка за до средно има шо да видам и доле и горе полно со пензионери, само ја и дечко ми бевме млади :D Ко флеки се ееј нема кај ги нема. И ќе му станеш утре у автобус, абе мало морген. Шом може да оди на Водно, може и да не кука. Мислам свака им част на тие шо идат и нагоре пешки, ама тие шо се возикаат до средно специјално да дремат таму по клупите, ќе се помине и без нив.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Со таа шо сум немал сексуални односи та ми коментира на фејсбук, грми песната, изгледаш самоуверено, овие другиве никоја не пишува, почнувам да се сомневам во самиот себеси :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Се заебавам, изгледа како вљубена 14 годишна тинејџерка, ако има 20-22 години :icon_lol:. Ми годи бе шо, имам фан како оние женскине на фејсбук манијацине шо му коментираат најубава си, срце си, прц мрц фрц :icon_lol:.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Веројатно никој не сака да го пишува 15тото мислење на една страна во твојава тема. Секој го чека првото мислење на следната страна:D

Иначе да ти кажам, воопшто да не се замараш со луѓето, уште помалку да вложуваш во нив. Некој што не влијае позитивно врз тебе не ти треба. Вложувај во себе. Ако ти шириш позитивна енергија, ќе привлечеш позитивни луѓе, онакви какви што и ти требаат. Толку од мене, ајде сега на работа:)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.437
Поени од реакции
39.053
Кеј, вадев умник со некоја нова многу јака анестезија. На крајот докторот ми кажа да не спијам у наредните 2-3 саата, за да не заспам перманентно. :pos::pos::pos: Иначе неверојатен осечај, цела лева страна од лицето не ја осеќам и нонстоп на смеење ме носи. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom