Драга Кајгана (виртуелен дневник)

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.920
Поени од реакции
11.297
ДК

Да не постоеше пивото ќе бев многу позгоден момак, али и доста понесреќен. Нормално дека нема да го откажам никад (пивото).
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611

Sho go eam Parvati, neka puca sub atomik dream time od metju dzonson.

Dimitrissss yiiiiiiiiihaaaaaaaaa, otprilika Januar mi beshe interesen ko trakava.



In Greece-Macedonia-Albania
The enemy is in banks and ministries"

Graffiti in #Athens, #Greece
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Убаво било да си ќутиш понекогаш, за подоцна глава да не те боли. Си осетила некогаш кога кажуваш се што мислиш и знаеш, а нешто во тебе ти вика тоа да не го кажуваш и да си ќутиш? Епа понекогаш треба да го слушаш тоа нешто во себе:)
 
B

BooBojan

Гостин
Драга, чудно е како два збора во 7:30 насабајле можат да ти уништат цела недела, но уште поубаво е колку еден збор и една слика можат да ти разубават цел месец...
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
College days (Insomnia (internet cafe) играјќи кантер 1.6, дота 1 за 100 денари 10 саати најтмејр после сабајле на бурек, баскет со другарите до доцните вечерни часови пролетно и летно време, кога во градски парк имаше страшни добри журки, кога животот беше многу подобар и ако многу често немав 10 денари во џеб, но за жал не бев свесен колку беше животот убав во тоа време)
 
Последно уредено:
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Драгааа,
го знаеш она чувството кога доживуваш некој оverwhelming момент на среќа и исполнетост кои траат подолго од реално очекуваното?
Кога едноставно не ти се верува дека е возможно тебе и баш тебе да ти се случува такво опуштање на целото тело и дух на неколку месеци...е тогаш секоја воздишка ја земаш со доза на страв бидејќи си свесен дека нема да трае вечно...и што потоа? Што кога ќе дојде моментот на затишје и кога сега секоја клетка во телото ти се грчи и доживува апсолутен шок зашо и недостигаат сите тие магични моменти?
Сега драга пак на старо...гуглај мотивациони пораки, читај книги од типот Моќта на потсвеста и уживај во монотонијата со цигара, чаша вино и музика од Cigarettes After Sex.

Лечи се Лорена!​
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Научив да контролирам состојба на емоција. Чекав нешто и додека чекав досадно ми стана, реков шо досадно ајде малку убаво, весело, смирено, смешно подигам од себеси од внатре, мислам дека супермоќ ми е хахаха, не знам друг шо го можи ова во близина моја. Не можам да поверувам колку ми е добро, самовилска прашина викаат со таква се потураш и се е во ред. Не знам како логички да си го објаснам како го правам тоа, ама го правам, емоција е не е логика така да супер е.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.210
Драга,
Има членови кои неретко знаат да ти раскажат по некој чуден сон што го сонувале. Ја обично не се сеќавам на соништата, а и сум немал некој таков чуден за да го раскажувам. Ниту па некој кошмар, се до вечерва. Овој беше исполнет со ужасии и агонија како што нема ни во најбруталниот хорор филм што сум го гледал...

Се наоѓав на кеј, шеткајќи се. Одеднаш излегоа од водата две човеколики суштества. Маж и жена. Почнаа да не собираат во поголема група за да не водат некаде. Некои им се спротиставија и завршија трагично. Посебно еден дечко кој им извади нож. Го исече мажот по лицето, па потоа неколкупати го прободе. Жената одма го фати, го прилепи до ѕидот и почна да му ја отвора утробата и да му вади органи. :несвест: Мажот за брзо време се регенерираше и почнаа да не водат некаде.
Некои покушаа да бегаат, набрзо беа фатени и брутално убиени. Поминувавме до еден полицаец, кога една од групата испаничи и почна да вика по него за помош. Се разбира он како воопшто да не не гледаше. Му го зема пиштолот и испука неколку куршуми во суштеството. :uzi:Нему како да не му беше ништо, ја фати, и ги извади очите, и ги стави во уста да ги изеде. :eek: Еден човек покуша да избега со кола, но другото суштество со молскавична брзина го стигна и усмрти. После таа случка, сите ги слушавме наредбите и продолживме да пешачиме, знаејќи дека нема начин да избегаме или да ги убиеме. :confused:
Не поделија во две групи, ние заминавме со жената. Не водеше по еден пат, страшно удолен, се додека не стигнавме до една куќарка сместена на самиот брег. До неа се наоѓаше длабока дупка, клисура и брза река на дното. Куќарката беше стара и трошна, направена од дрво. Скоро па и да се распаѓаше. Во дворот имаше неколку трупци и секира заглавена во едниот.
Суштеството полека одбираше еден по еден член, го клекнуваше на колена, со остра сабја го усмртуваше сечејќи му ја главата. Крв прска на сите страни. :shook: Исплашени сите стоевме стиснати на куп и ги гледавме грозоморните егзекуции, чекајќи го својот ред.
Знаејќи дека ни следува смрт и нема што да изгубиме, двајца мажи го нападнаа со голи раце и почнаа да се борат со неа. Ја земав одма секирата, со сета можна сила и ја забив во черепот. :sakasuste:
Падна.
Некои почнаа да бегаат по угорнината, а јас, заедно со една женска скокнавме во реката. Паднавме во брзата вода и почна да не носи надолу. Пливав колку ме држеше силата, се борев за живот. Чувството дека се давиш и немаш воздух беше како навистина да ми се случуваше. На крај излегов на брегот и најдов една торба. Во неа имаше мобилен телефон и успеав да пратам проштални пораки до блиските личности што ги имам, да го пишам сето она што го мислам, а никогаш не сум им го изговорил. :(
Суштеството се наближуваше, едвај чекајќи да ме убие. Нема бегање. Му се предадов, без борба. :semolam: Ја зграбив својата смрт со двете раце ширум отворени и почуствував остар предмет како ми ја расекува утробата. Болката беше толку реална, како навистина да умирам. У пм. :confused:
Се разбудив. Стомакот ме кинеше од болки, како нешто штотуку да ме прободело. Ги исфрлив сите можни токсини што ги имав испиено и изедено вчера. :sick:
Еве после еден час конечно се смирив. Ебати и алкохол и се. Веќе не пијам. :neetaka:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.672
Поени од реакции
88.580
Му купив на мачоров 2 конзерви грчка храна за мачки. Му турам во садот не ја јади...ај му дотурам од американсконо срање Вискас, му ја мешам храната, пак не ја јаде.

Патриотиште бре... нека јаде сега изветреени бобици стари месец дена

:oeoeoe:

али шалата настрана, мачоров има повеќе свест отколку некои други фиромјани во земјава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom