Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
К.

Се навикнав да станувам природно порано(накај 10,иначе у 1 ми беше просекот со аларм)..И нема врска,сабајлево шо да праам,си викам ај ќе идам до факс,нешто оценки да зеам,па уписи следат и така турбо напнат период за секој студент на општествените науки. И нема врска,зеам телефонот,кабелчето шо ме дупи више добри 3-4 месеци реши да ме издупи уште еднаш,2% батерија(а пред да си легнам го наместив да се полни),па си викам ќе идам до Бит Пазар и натаму кој те ебе..Одам на факс,телефонот празен,едвај еден повик со другар обавив,се најдовме и секој со својата работа. Од 100 работи шо ги имавме и двајцата,не завршивме ниедна ради бирократијата и ај демек до Бит Пазар да најдам кабел нешто а-у,па после ќе прајме планови. Идеме накај Бит Пазар,2 мобилари-затворени..И сеа шо да прајме,ај фаќаме накај Стара Чаршија(тој дел не ми е воопшто познат,си го знам делот само од Камени Мост нагоре до Пивница). Низ чаршија,минуваш пак покрај 3-4 мобилари-штама,жив човек нема,не работи ништо. Стои еден човек,абе мајсторе зошто ништо не работи...Ааа,сите се на молитва. Аха,дооро нема врска. И идеме право по тоа уличките,појма неам каде,излегуваме пред џамија и пред џамијата имаше килими постелени,кај шо 300+ луѓе седеа и се молеа,БУКВАЛНО пред џамија. Ау,цел се замрзнав. Си се молат луѓето,јас и овој застанати сами така по странаta,не знаеме шо да праиме. Дали се минува пред нив,дали не се минува,живо пиле немаше,камоли човек. И нема врска,ако се враќаме назад,ќе требаше да вртиме пола саат,ајде ќе минуваме. Само шо тргнавме,првите 10-тина,20 луѓе шо беа во прв ред се (не станаа,туку како клечеа,се исправија)и зјапнаа накај нас,мене мочката ми замрзна(иначе без никаков дисреспект кон луѓето,не знаевме што да правиме буквално,не дека се обидувавме да се праиме паметни нешто или појма неам шо). Како се исправија и гледаат накај нас,јас и овој другарот добивме забрзување,мислам дека олимписка норма у брзо одење исполнивме..Минуваме,50 метри подоле имаше уличка се вртиме на горниот дел и таму иста ситуација,ама овие не не скаутираа па мирно и незабележано поминавмe :pos:
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.165
Поени од реакции
6.046
Драга,

Таман мислиш си избегал од усраниот Балкан, се појавува сељачина во бело БМВ со пуштена рандом шабанска песна до даска у сред Штутгарт. :facepalm: :toe:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.753
Поени од реакции
37.750
Кајгич јас навистина не знам каде отиде тоа бонтоно,
чука то на врата баааам и влегва мислиш ураган некој,
ладнокрвно кревам поглед, а тој целиот забивтан : ...дајте ми потпис!
му велам ...на што ти личам на глумица или на пеачка (во смисол оти симболично ми бара автограм, без да се објасни кој е, што е) ?
а тој како од пушка ... на офицерка ! :facepalm:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Се будиш во 3 саатот поручек, глава те боли и цел ден ти поминал. Легни си во 12 и стани си во 8............, зар има нешто поубаво од тоа:love:

Иначе јас не знам што правам со слушалкиве за телефон. Мислам дека ги мењам како чорапи. На едните слушалката им прекинала, на другите жичката и се истегнала, другите се прецвикале и поткинале, третите ми паднале и прекинале..........., мислиш од конец се правени:D Еве последниве во шоља ми паднаа:ROFLMAO:, ама ги спасив:D Сум ги миел под вода, сум ги рибал со сапун, па ги тропав за водата да искочи од нив и проработеа повторно. Првата помош била успешно и навремено дадена:LOL:

Успат сега ќе присобирам пари да си ја реновирам собава. Ама ова не знам како ќе иде, ако биде биде, ако не само еден поликолор преку ѕидови:D
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.684
Поени од реакции
7.353
Драга, знаеш дека денот ќе ти биде убав, кога насабајле у 6:40 во бус ќе си ја слушнеш од R.E.M Losing my religion. Од утре на зимски одмор сум, три дена бев на работа за тие три дена сум ги превртил сите рокови на производите, а ја, не би бил ја, ако не најдам производ со поминат рок.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Пак седам сама со шишето ракија Кајги. Никој не сака да излегува со мене, тоа веќе знам за сигурно. Можеби не сум им интересна на луѓето, можеби мислат дека ќе ги откачам. Да не се цитирам себеси од претходен некој пост.

Денов е сосема посветен на Небојша. Цела српска кинематографија згасна во две години јеботе. Го гледав буре барут, заборавив колку тежок филм е.
Сега ќе го гледам и Hadersfield за да си се докрајчам и да си легнам.

Тажен е животот многу почесто од посакуваното.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Ке и пукне филмот на овој нардот кога тогаш, зборувам за сиромаштијата и мизеријата во која живееме а не смееме да зборуваме.... по што не убедуваат дека ако имаш работа државна треба да бидеш најсреќен .... нели гледаш колку дипломирани дури и со магистар молат, плачат за работа, и се ова јас и сите другите треба да го сфаќаме како нормална појава зошто 70% што дипломират немаат работа во Македонија, и ти треба да си гледаш своја работа и да бидеш среќен што имааш мизерна плата и да трпиш се и сешто зошто не си г'з лижач на неписмени министри ,директори и шефови ставени на тие позиции од квази политички парти кои во основа немаат благе везе со политичка партија него нивната идеологија е плачкај док можеш и фати си магла. Важно имаш работа зимаш плата за преживување и ако имаш со мука завршено факултет си инвестирал време, енергија, пари за да се едуцираш за некој повисок ранг на живеење
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
456
Поени од реакции
614

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.810
Поени од реакции
17.749
ДК

Денес 11.02 ми е родеден, 2 по ред кај шо се осеќам вака - никако. Чекам една ебана порака која знам дека нема да дојди, месеци си одев напред и напредвв во животов до некни додека не се појави пак кај мене на инстаграм. Нема врска здрава жива биди ама ај... Треба да сум среќен бре роденден мие денес ама јас сум за нигде.....Опис? Цел викенд дома, денес наместо да излезам откажав си купив пица + пиво и тажни песни во позадина. 2-3 круга со колата околу град, се вратив сега дома логирање на фб и пам в чело шпицата од Погрешно време некој ја објавил и ете си свири во позадина и додека ти пишам тука ми се еба дугмето А од тастатурата... Боли тоа што бев најпозитивниот чоек на планетата земја една бивша шо ми рече - Те засакав оти кога влезе ја осветли собата со позитива чоек да ужива во тоа друштво. Сега сум ко некоја сенка од то. Се смејам во друштво ама се осеќам ко кловн (а сите знајме дека кловнојте под маската кријат солзи). Се борев во животов голем дел со депресија спречив не е клиничка ама ете се борам на моменти сеуште....Чекам да дојди денот пак да си сум јас каков шо си бев иак сое осеќам загинат ко во шума.

Ете така 11.02 почна со дожд и снег како ќе заврши ќе видиме....Чекам да видам дали ќе имам холивуд крај или боливуд :)

Добра Ноќ и да ако уште некој слави на форумов роденден среќен да му е
 

Kajgana Shop

На врв Bottom