Колку играчи можат да кажат дека е воспоставена црква во нивно име.
Марадона беше фудбалот, беше душата на фудбалот. Роналдо, Меси, Пеле, Зидан, Кројф, Роналдо ориџинал беа и се фантастични фудбалери.
Симбол е за едно време пред фудбалот да стане entertainment индустријата која е денес, време кога фудбалот беше глобална културна појава околу која се врзуваше регионален идентитет, национална гордост или срам, политички движења и религиозно обожување на идолите. Појава што се ширеше на грбот на глобализацијата, како што ковидот се шири денес.
Од црква во негово име во Аргентина, до песни за него од бендови од субсахарска Африка, до луѓе со Марадона во нивното име во Индонезија.
Име што пред 20 години, на секое место на планетата, асоцираше на фудбал. И меѓу стари и меѓу деца, и меѓу членови на работничка класа и меѓу членови на високото општество, и меѓу уметници и револуционери.
Никад не бил role-model, на никого не треба да му биде идол, можеби и не е најталентираниот играч во историјата, али ако треба фудбалот да го срочиш во еден човек, тоа е Марадона.