Диего Армандо Марадона (1960-2020)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Таљафико вчера на загревање.

Федерацијата на Аргентина, многу емотивно видео.

Бока Јуниорс.

Бомбоњера синојка цела во темница освен местото резервирано за Марадона.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Проклета 2020та.

Нема да објаснувам многу многу кој е и што е Марадона, ова е тема да се соберат на едно место мислењата испишани за него во текот на вчерашниот ден.
El Pibe почина на 60 годишна возраст на 25ти Ноември од срцев удар во постоперативна рехабилитација од операцијата на главата што ја имаше пред неполн месец.

Фудбалска икона и омилен лик во родната Аргентина. Икона број еден во Неапол. Основана е религија во негова чест.

Бог на фудбалот, Син на ветрот и Божјата рака остави неизбришлив траг што се однесува на фудбалот, идол на многу генерации, според многумина и најдобар, најголем фудбалер што го играл овој спорт.

Eterno Diego, вечниот D10S.

 
Последно уредено од модератор:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Човекот кој во најтешките денови на јужноамериканските народи под налетите на американскиот империјализам, пушеше пури со лидерите на овие земји и јавно им велеше на ѓубрињата ,,да се ебат" и да ,,ги тргнат канџите од тоа тло".
Додека сите мирно си молчеа, тој за ,,идеи не сакаше да преговара".

Не треба цела тема, цел форум треба да биде во негово име. Па и тоа нема да биде доволно. Ако постои Бог...да, тој е.

castro_and_maradona.jpg_135482019.jpg
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Беше во топ 3 на сите времиња (моја листа)

R9
Maradona
Zidane


Тие се тие, фантастичен фудбалер, далеку подобар од Пеле.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Мене ми е криво што не сум го гледал. Рандом клипчиња и документарецот не се доволно за да можам да речам дека ќе го памтам по фудбалот кој го играл. Ќе го памтам по тоа што сум го видел јас. А секогаш кога ќе помислам на Марадона, во глава одма ми е онаа сликата кај што е отруен од кокаин и којзнае што се друго. Како таков, не можам да го идолизирам.

Сепак, верувам дека општо ќе се памти само по фудбалот, и ќе се почитува секогаш поради тоа што го постигнал како фудбалер.

Бар си го истера до крај животот по негово.
Точно, не можеш да го идолизираш Марадона а можеш овие денешниве курви од фудбалери да ги идолизираш што најголем успех им е да направат шик фризура пред утакмица.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Добро, не може човек да го идолизира наркоманот Марадона, ама може да го идолизира на пример Џон Тери, човекот кој ја изневери својата сопруга со сопругата на неговиот пријател и соиграч, Вејн Бриџ.

Да се задржиже на моралните гледишта, сепак.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Стварта е у магијата, сум ја осетил многу пати до сега, не дека не. Ама да си во постојано присуство со истата тоа е тоа што го правел Марадона. Страшно опипливо е тоа што го правел, затоа и толку многу приврзаници и култови.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Како не се родив 1970та негде во Неапол, Аргентина... :place:

Прегледај го приврзокот 276189
Подобро во Наполи ;) Во Аргентина е бог, во Наполи е бог на сите богови! Плус штимунгот во Наполи беше ненормален, само од весници и телевизија што гледавме по нешто. Да беше во оваа информатичка ера, со интернет и остало, ќе го паѓаа интернетот по два пати дневно!
Кога го купија(ова го имам пишано и порано) си мислев: кога ќе ги извадат парите што ги лупнаа:sramezliv:?
Само од билети си ги вратија парите, сето останато им беше чист ќар! Го распродадоа Сао Паоло за неколку дена, нит било нит ќе биде такво нешто во скоро време!
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Колку играчи можат да кажат дека е воспоставена црква во нивно име. :)
Марадона беше фудбалот, беше душата на фудбалот. Роналдо, Меси, Пеле, Зидан, Кројф, Роналдо ориџинал беа и се фантастични фудбалери.

Симбол е за едно време пред фудбалот да стане entertainment индустријата која е денес, време кога фудбалот беше глобална културна појава околу која се врзуваше регионален идентитет, национална гордост или срам, политички движења и религиозно обожување на идолите. Појава што се ширеше на грбот на глобализацијата, како што ковидот се шири денес.
Од црква во негово име во Аргентина, до песни за него од бендови од субсахарска Африка, до луѓе со Марадона во нивното име во Индонезија.
Име што пред 20 години, на секое место на планетата, асоцираше на фудбал. И меѓу стари и меѓу деца, и меѓу членови на работничка класа и меѓу членови на високото општество, и меѓу уметници и револуционери.

Никад не бил role-model, на никого не треба да му биде идол, можеби и не е најталентираниот играч во историјата, али ако треба фудбалот да го срочиш во еден човек, тоа е Марадона. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom